Забава
(Видео) На концертот „Македонијо, во срце те носиме“ на 7 декември во Филхармонијата ќе биде отпеана уште една песна од опусот на легендарниот Гоце Николовски

На големиот концерт „Македонијо, во срце те носиме“, закажан на 7 декември во Филхармонијата, ќе биде отпеана уште една песна од опусот на легендарниот Гоце Николовски. Имено, по „Има една земја сонце што ја грее“, публиката в сабота премиерно ќе има можност да ја чуе и „Како пиреј“. Оваа моќна композиција што Николовски ја отпеа во далечната 1994 година на „Фолк фест Валандово“, пред публиката во Филхармонијата, а во придружба на симфониски оркестар, ќе ја запее Ламбе Алабаковски.
Освен „Како пиреј“ и веќе добро познатите 12 нумери, кои публиката имаше можност да ги чуе на концертите што се одржуваа во земјата во изминатите речиси две години, на сцената како новитет ќе ги чуеме и „Молитва“ на авторот Миле Барбаровски, а што ќе ја отпее Бојана Скендеровски и „Има една земја сонце што ја грее“ во интрепретација на Сузана Спасовска и Александар Тарабунов. За преработките, но и оркестрациите на сите 15 нумери, е задолжен маестро Николче Мицевски, а симфонискиот оркестар ќе музицира под диригентската палка на Сашо Татарчевски.
Низ целиот музичко-драмски перформанс публиката ќе ја води актерот Дејан Лилиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) „Жешкиот“ фустан на познатата пејачка го помати умот на многумина: никогаш не изгледала подобро

Познатата пејачка Бијонсе предизвика вистински бум кога се појави во продавница во Калифорнија, но во гламурозна облека.
Во минатото често се зборуваше дека нејзината ќерка изгледа многу постаро, иако има 13 години и поради тоа беше мета на коментари, но сега Бијонсе го украде целото внимание.
Пејачката присуствуваше на настан одржан во трговски центар за да го промовира нејзиниот бренд за нега на коса.
Токму за таа прилика Бијонсе блесна во монохроматска комбинација. Таа избра кремаста јакна-фустан кој не можеше да биде пократок, како што велат луѓето во коментарите. Таа носеше бела кошула и вратоврска одоздола, додека аутфитот го комплетираше со капут во иста боја.
Елегантните салонки беа нејзиниот избор овој пат и тие само го надополнија целокупниот минималистички изглед.
Очилата за сонце се суштински дел од изгледот на холивудските ѕвезди, а Бијонсе воодушеви многумина со овој избор.
Забава
Нина Бадриќ го одложи концертот во Белград: „Невозможно е да се одржи во таква атмосфера“

Нина Бадриќ го одложи својот концерт во Белград, кој беше закажан за сабота, 12.04.2025 година, во белградска арена. Датумот на новиот концерт е 17 мај 2025 година.
Не беше наведена точната причина за откажувањето.
Одлуката за одложување на концертот ја донеле заеднички организаторот и пејачката. Иако не беше наведена конкретна причина за одложувањето, беше потврдено дека концертот ќе се одржи на истото место, белградска арена.
„Одложен концертот на Нина Бадриќ во белградска арена. Поради секому јасни причини, во ваква атмосфера е невозможно да се одржи концерт на високо професионално ниво, се одлучивме за нов датум“, пишува меѓу другото на нејзиниот Инстаграм.
Таа исто така им се заблагодари на сите за разбирањето.
Забава
(Фото) Во секси комбинезон докажа дека е незапирлива: постои само една латино дива

Поминаа неколку месеци од разводот, а судејќи според објавите на социјалните мрежи, Џенифер Лопез се опорави од љубовниот бродолом. Таа е фокусирана на идни проекти, нови улоги во филмови, но и на претстојната музичка турнеја.
Дотогаш латино дивата напорно работи на себе, го подобрува психофизичкото здравје. Покрај тоа, таа е редовно активна на социјалните мрежи каде редовно прикачува фотографии и од деловниот и од приватниот живот.
Таа неодамна објави атрактивна фотографија во црн комбинезон кој ја истакна нејзината завидна фигура и гради. Забележлива беше и минималната количина на шминка, како и описот на фотографијата која воодушеви многумина.
Имено, Лопез изрази благодарност за многуте работи кои ги има во животот, вклучувајќи ги и блиските пријатели и малите, но значајни моменти кои ги споделува со нив.
Исто така, таа е горда на себе и на работите што ги научила досега.
Корисниците на Инстаграм веднаш искоментираа во коментарите под фотографијата, порачувајќи и дека во последно време блеска.
„Те сакаме убавице“, „Убава си, едвај чекам да те видам летово“, „Жено, сјаеш“, беа само дел од коментарите…