Македонија
Прибрани се траги за вештачење и се врши увид во снимките од надзорните камери, велат од Обвинителството по опожарувањето автомобили и објект во Куманово
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увиди на локациите на кои беа опожарени два автомобила и една деловна просторија.
Од Обвинителството велат дека се преземени се сите дејства и се испитуваат причините и евентуалните мотиви за опожарувањето.
Прибрани се траги од самото местом, кои ќе бидат предмет на вештачење, а се врши увид и во снимки од камери за видеонадзор.
Како што извести Обвинителството, еден од автомобилите е на јавен обвинител.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јаневска: Oптимизација на училишната мрежа за поквалитетен образовен процес за секое дете
Нови 23 општини се вклучуваат во процесот на оптимизација на училишната мрежа, кој треба да обезбеди поквалитетно образование за сите ученици. Со раководствата на дел од овие општини, односно на Босилово, Делчево, Кавадарци, Струмица, Штип, Свети Николе, Старо Нагоричане и Чашка, денеска средба имаа министерката за образование и наука Весна Јаневска и претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер, а се дискутираше за тоа што ќе треба да направат и тие како локални самоуправи и МОН како креатор на генералните политики, за процесот да биде успешен. За Јаневска, важно е што општините ги разбираат целите на оптимизацијата и прифаќаат процесот да се спроведе
„Започнуваме низа средби со општините од кои треба да произлезат планови за оптимизација на локално ниво. Планот дефинира конкретни активности кои ќе треба да се спроведат за да се овозможи рационално искористување на расположливите материјални и човечки ресурси и со тоа да обезбеди поквалитетен воспитно – образовен процес“, рече Јаневска.
Информирашe дека досега се финализирани плановите за 10 општини и точно е наведено каде треба да се затвори одредено подрачно училиште, во кои централни училишта ќе треба да се доградат одреден број училници и за колку деца треба да се организира превоз до други објекти каде ќе треба да посетуваат настава.
„Според анализата на УНИЦЕФ, доаѓаме до интересен факт кој вели дека од вкупниот број на ученици, 88% учат во 353 централни училишта, а 12% учат во дури 518 подрачни објекти. Значи, малку ученици има во многу голем број објекти, а секој објект создава расходи кои може и да не постојат, доколку мрежата и воспитно – образовниот процес поинаку се организираат“, додаде Јаневска.
Министерката рече дека оптимизацијата на училишната мрежа води кон воведување на едносменска настава за сите основци, што е добро, затоа што ќе ги задржи подолго на училиште, ќе учат наутро кога имаат поголема концентрација и ќе имаат содржини кои се од нивен интерес и по нивна желба. Дополнително, ќе се подигне социјализацијата и компетитивноста меѓу младите, а тоа ќе значи и подобри образовни резултати.
Нагласи дека сите чинители во воспитно – образовниот процес се согласни дека е потребна оптимизација на училишната мрежа и едносменско работење, што значи дека процесот кој е широко прифатен, полесно ќе се спроведе.
Македонија
ВЛЕН: Лани ДУИ ja разреши, денеска плачат за Весна Дамева
ДУИ, овој партиски клан што уништи сè, сега од опозицијата почна да продава политички морал и да зборува за притисоци. Но, ова не им успева бидејќи граѓаните многу добро знаат како го злоупотребиле секој институционален механизам само за своја корист, вклучувајќи ги и судовите, велат од ВЛЕН.
„Јавноста е добро запознаена дека обвинителот за организиран криминал и корупција, Ислам Абази, е близок до ДУИ. Тоа беше потврдено со објавени фотографии со братот на лидерот Ахмети, како и со високи функционери на оваа партија. Многу поранешни функционери на ДУИ најдоа „утеха“ во судскиот систем, каде што продолжуваат да делат „непристрасна правда“. Пример за ова е Иџет Мемети, кој беше фатен на дело и во исто време му направи ветинг на ДУИ.
Тоа што ДУИ зборува за постапување спротивно на законите е апсурдно само по себе. ДУИ е синоним за кршење на законите и влијание врз судскиот систем во континуитет. И за ова мора и ќе има одговорност“, оценуваат од коалицијата.
Потсетуваат на ДУИ и нивниот лидер Али Ахмети, кога на средбата на Водно со поранешниот претседател Пендаровски побара враќање на својот, како што го нарекуваат, шеф на бел коњ, Никола Груевски.
„И токму на оваа средба Ахмети имаше предложено два начина за негово враќање од Будимпешта, поточно преку “своите“ во судовите во земјата. Потсетуваме и дека за овој случај партијата на Ахмети изврши притисок и врз претседателот на Врховниот Суд, Беса Адеми. А за овие притисоци на оние кои продаваат лажен морал добија и опомени од странски амбасади за континуираниот притисок врз Беса Адеми.
Истата Весна Дамева која денеска поднесе оставка и ДУИ пролеат крокодилски солзи за притисок врз неа, Селим Адеми – член на ДУИ, кој во тоа време во својство на потпретседател ја надгласи и ја разреши од функцијата претседател бидејќи на дневен ред ги ставил точките што и одговараат на поранешната власт“, стои во соопштението на ВЛЕН.
Македонија
Тошковски со новиот претседател на РСБСП Ангеловски: Безбедноста во сообраќајот е главен приоритет
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со раководството на Републичкиот совет за безбедност на патиштата и новоназначениот претседател Горан Ангеловски.
На средбата се разговараше за одличната и континуирана соработка на двете институции заснована на главната цел – подобрување на безбедноста во сообраќајот.
Потврдено беше дека МВР и РСБСП се институции кои се позитивен пример за партнерски однос кој дава реални резултати како зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот.
На средбата беа договорени и планираните кампањи кои во континуитет РСБСП ги спроведува во соработка со министерството, особено со одделите за превенција, притоа опфаќајќи ги сите аспекти на безбедното учество во сообраќајот како неопходното користење појас, возењето со прилагодена брзина, обврската да не се користи мобилен при возење и други.