Забава
(Видео) Зошто холивудските ѕвезди одеднаш изгледаат 20 години помлади
Се чини дека светските познати личности никогаш не стареат. Обожавателите често се воодушевуваат кога гледаат фотографии стари неколку години и понови и се прашуваат како го одржуваат толку младешкиот изглед.
На социјалните мрежи често се водат дискусии на оваа тема. Има тони видеа на „Тик ток“, кои го споредуваат поранешниот и сегашниот изглед на одредени познати личности, што често ги наведува фановите до заклучок дека тие денес изгледаат помладо од порано.
Линдзи Лохан
View this post on Instagram
Холивудската актерка Линдзи Лохан (38) неодамна беше фотографирана во Њујорк, а најкоментиран беше нејзиниот блескав и изненадувачки младешки тен. Пред неколку години таа беше во центарот на вниманието поради борбата со зависноста, а многумина коментираат дека изгледала многу постаро отколку денес.
@kenlashelle #lindsaylohan #christiniaaguilera #jennifercoolidge #celebritynews #fyp ♬ original sound – Kenyata

2013
Мадона
Поп-ѕвездата Мадона со години е популарна медиумска тема. Покрај настапите и екстравагантните комбинации, пејачката внимание привлекува и со својот изглед. Многумина на социјалните мрежи се согласуваат дека денес таа изгледа најдобро во последните години.
View this post on Instagram

2011
Кристина Агилера
Уште една поп-пејачка што воодушевува со својот изглед е Кристина Агилера. Оваа 43-годишна музичарка е честа тема на дискусија на социјалните мрежи, а во последно време посебен фокус е и нејзиниот изглед.
View this post on Instagram
@michellesays CHRISTINA AGUILERA TODAY IS THE ACTUALLY INSANE like she looks younger today than she did 25 years-ago?! Also i will literally buy any product she recommends PERIODT #christinaaguilera #christinaaguilaage #fountainofyouth #agingbackwards #greenscreen ♬ original sound – Michelle

2013
Џенифер Анистон
Американската актерка Џенифер Анистон (55) беше сакана од публиката во култната серија „Пријатели“, во која ја глумеше Рејчел Грин. Таа денес често објавува селфи на социјалните мрежи, а во медиумите е позната како една од актерките што едвај се промениле со годините.
View this post on Instagram

2017
Деми Мур
Деми Мур е исто така на списокот на познати личности, кои се чини дека стареат наназад. Оваа актерка денес има 62 години, што е бројка за која нејзините обожаватели не би ѝ ја дале.
View this post on Instagram

2010
Мрежите не само што се полни со дискусии туку и циркулираат разни теории зад младешкиот изглед на познатите. Некои од тиктокерите тоа им го припишува на естетските процедури, поточно на фејслифтингот. За некои познати личности имаше значителна промена и во губењето килограми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

