Контакт

Македонија

20-годишникот приведен синоќа се обидел да го запали албанското знаме, соопшти Обвинителството

Објавено пред

Скопското обвинителство поведе постапка против 20-годишникот за кого МВР извести дека бил приведен синоќа, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.

dobivaj vesti na viber

„Осомничениот на 02.12.2024 година, во вечерните часови,се обидел да запали албанско национално знаме, при што бил забележан и спречен од полициски службеници кои го привеле“, информираа од Обвинителството.

Се додава дека надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Настанот се случува неколку дена откако на прослава по повод Денот на албанското знаме, се палеа и газеа македонски знамиња, што предизвика бурни реакции во јавноста.

Скопје

Ѓорче Петров започна со изградба на нов паркинг простор во близина на спортското фудбалско игралиште „Македонски Лавови“

Објавено пред

Општина Ѓорче Петров започна со изградба на нов паркинг простор во близина на спортското фудбалско игралиште „Македонски Лавови“ на булеварот „Македонска Војска“.

dobivaj vesti na viber

Со вкупна површина од 850 м², новиот паркинг ќе обезбеди простор за приближно 50 возила, со што ќе се подобри инфраструктурата и ќе се реши долгогодишниот проблем со непрописното паркирање во овој дел од општината.

Градоначалникот Александар Стојкоски изврши увид во текот на градежните активности, кои се одвиваат според предвидената динамика. Со оваа инвестиција, општината уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон создавање на поуреден, безбеден и модерен јавен простор за своите граѓани.

Овој проект е дел од пошироката стратегија за унапредување на локалната инфраструктура, со цел подобрување на квалитетот на живот во нашата заедница.

=

Прикажи повеќе...

Македонија

Мисајловски во Тирана: Успехот на САД – Јадранската повелба е доказ за заедничката посветеност на регионалната безбедност и стабилност

Објавено пред

„Дискусиите на овој министерски состанок на САД – Јадранската повелба се доказ за нашата силна посветеност во унапредувањето на безбедносната соработка и промовирањето на мир, стабилност и добрососедски односи во нашиот регион“, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски кој денеска (4 декември) учествува на министерскиот состанок на САД – Јадранската повелба во Тирана.

dobivaj vesti na viber

Министерот на работните сесии на состанокот порача дека од најголема важност за зацврстувањето на регионалната безбедност и стабилност е политичко-воената соработка на земјите од Балканот и посветеноста на земјите од Југоисточна Европа кон европските и евроатлантските интегративни процеси. Соработката во рамките на групата А5, рече Мисајловски, е практична и испраќа јасна порака дека нашите народи сакаат да живеат во мир, безбедност и стабилност. САД – Јадранската повелба ја нарече успешен форум за консултации помеѓу земји со заеднички демократски вредности.

Мисајловски повика на прагматичност во однос на можностите за заеднички активности, особено во справувањето со хибридните и сајбер закани, кризниот менаџмент и справувањето со разни природни непогоди. Во однос на идните активности, министерот посочи дека земјите-членки треба да продолжат со напорите за идентификување на нови можности за соработка, споменувајќи ги областите како градење на отпорност и сајбер одбрана.

Исполнувањето на Акцискиот план на САД – Јадранската повелба за 2024 година во една комплексна безбедносна состојба, рече, ја рефлектира нашата одлучност во проширувањето на опсегот на заедничката соработка.

Министерот Мисајловски заедно со останатите претставници од земјите членки на А5 потпишаа заедничка изјава по состанокот.

На маргините на министерскиот состанок, министерот Мисајловски попладнево ќе има одвоени средби со неговиот албански колега, министерот Пиро Венгу и со помошничката секретар за одбрана на САД за меѓународни безбедносни прашања, Селест Валандер.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски за Дамева: Секој оној којшто нема да ги исполни очекувањата треба да биде чесен и да замине

Објавено пред

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски пред почетокот на конференцијата која е во организација на Институтот за комуникациски студии (ИКС) на тема „Одговорни институции преку зголемена транспарентност и политичка комуникација“ на новинарско прашање како ја оценува оставката на Дамева, изјави дека овој процес треба да биде динамичен, односно секој оној којшто нема да ги исполни очекувањата треба да биде чесен и да замине.

dobivaj vesti na viber

„Јас не би го гледал тоа дека е некаков почеток или некаков крај. Мислам дека овој процес треба да биде динамичен, односно секој оној којшто нема да ги исполни очекувањата треба да биде чесен и да замине. Без разлика каква е неговата улога во општеството.

Ценам дека овој Судски совет и ценам дека судството и обвинителството заедно со оваа доверба што ја имаат во граѓаните, не успеаја. И ова не треба да биде исклучок, ова треба да биде правило во иднина дека секој оној којшто нема да ја оправда довербата на граѓаните, треба да замине, без разлика која улога во општеството ја има“, подвлече Мицкоски.

Тој го истакна своето очекување обвинителите да имаат поголем фокус во справувањето со криминалот и корупцијата.

„Така што, очекувам малку поголем фокус да имаат во справувањето со криминалот и корупцијата, но тоа пред се важи за обвинителите коишто сред акции, кога треба да потпишат налог за претрес или приведување, ќе повторам, добиваат главоболка, повишена температура, грчеви во стомакот, дијареја и анксиозност“.

Во однос на прашањето дека Државниот јавен обвинител се одзвал на прозивката дека ќе извршат реорганизација во Јавното обвинителство и дека ќе пристапат кон поважните предмети, премиерот Мицкоски изјави:

„Јас не би сакал да го коментирам Државниот јавен обвинител, бидејќи често пати бев прашуван, имате комотно мнозинство, зошто не постапувате како што постапувале, во минатото владите кога биле избрани. Јас давав одговор дека сакаме да дадеме шанса на процесот и да видиме дали можеме конечно правдата да ја добиеме. Граѓаните со право се лути на Владата зошто не постапуваше до сега, бидејќи логично е дека граѓаните мислат дека ние како Влада треба и да обвинуваме и судиме.

Тоа не е наша политика, можеби на некои минати влади, но на оваа Влада тоа не е политика. Ние можеме преку истражните органи, Финансиска полиција, Управата за јавни приходи, МВР итн да подготвиме случај и да му го дадеме на Обвинителството. Обвинителството е тоа коешто поднесува пријава, а подоцна, доколку Судот ја прифати, суди. Не е тоа државата и тоа на памет не ми паѓа, ниту некогаш ќе го правам.

Јас само упатив многу пораки во јавноста и ќе продолжам да упатувам кон овие две институции и обвинители и судии, да си ја работат својата работа. Да не бидат партнери со криминалците без разлика дали се тоа политички или вистински криминалци од улиците. Туку да се борат против криминалот и корупцијата. И конечно очекувам да почнат да си ја работат работата и да ја заработуваат платата којашто им ја даваат македонските граѓани, а не е мала“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Валентина Пурдеска, единствена карате – судијка во светот со сите лиценци: Ми префрлаа дека е спорт за мажите, но потоа ги запишуваа децата на карате

Единствената жена, карате-судијка во светот, која ги има сите европски и светски лиценци, е прилепчанката Валентина Пурдеска. Повеќе од четириесет...

Македонија3 часа

Тошковски: Уапсени се 18 лица поврзани со инцидентите за Денот на албанското знаме, четворица се во притвор

Министерството за внатрешни работи досега има уапсено 18 лица поврзани со инцидентите на Денот на албанското знаме, од кои четворица...

Македонија6 часа

Во математика од 58 држави, нашите ученици се на 44 место, во природни науки сме три места подолу, велат од МОН

Во математичка писменост од 58 држави, нашите ученици се на 44 место. Во природни науки сме три места подолу, односно...

Македонија7 часа

Заглавено лице во сопствената викендица во селото Цветово: поради наноси од снег над 60 сантиметри

РЦУК Скопје, известува дека утрово во 09.18 часот, добиле пријава од заглавено лице во месноста „Празни торба“ – Црни врв,...

Топ8 часа

Две лица паднаа од зграда во Кисела Вода: жената починала на местото на несреќата, 9-годишно дете пренесено во болница

Вчера во 19.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на територија на Кисела Вода, две лица паднале од зграда....

Скопје8 часа

1735 пензионери ќе добијат по 2.500 денари пред празниците, кажа Герасимовски

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека е завршен јавниот повик за доделување еднократна парична помош во висина од...

Македонија9 часа

На земјиштето позади поликлиниката Бит пазар, поставил рампа и наплаќал паркинг: Обвинителството поднесе обвинение

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно физичко и едно правно...

Свет9 часа

(Видео) Мајката на единствената Британка заложник на Хамас: Се плашам од најлошото, но Трамп ми дава надеж

Мајката на единствениот британско-израелски заложник што го држи Хамас, ги опиша за Би-би-си нејзините растечки стравови за животот на нејзината...

Македонија10 часа

ДУИ до Филипче: Kопирањето на ВМРО- ДПМНЕ во користењето на албанофобијата преку анти-ДУИ наратив за политички поени не е здраво за државата

„Последните изјави на Венко Филипче, каде што тој се обидува да го искористи анти-ДУИ наративот за да ги прикрие неуспесите...

Свет11 часа

Израел го предупреди Либан: Ако не се погрижите Хезболах да го почитува мирот, ќе ве нападнеме

Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац, вчера предупреди дека ако пропадне неодамна постигнатото примирје со Хезболах, државата Либан ќе...

Свет11 часа

Парламентот на Јужна Кореја бара импичмент на претседателот

Јужнокорејските парламентарци денеска ќе побараат импичмент на претседателот на земјата, кој прво прогласи, а потоа ја укина воената состојба, што...

Свет11 часа

Русин и Американец се расправаа во Советот за безбедност за Сирија: Немате храброст да го осудите очигледниот тероризам

Русија и САД се судрија вчера на состанокот на Советот за безбедност на ОН, свикан поради ненадејната ескалација на конфликтот...

Свет21 час

Претседателот на Јужна Кореја најави дека ќе ја укине вонредната состојба

Јун Сук Јеол, претседателот на Јужна Кореја, најави дека ќе ја укине вонредната состојба. Тој рече дека тоа ќе се...

Топ1 ден

Трагедија во Гевгелија: младо момче падна од зграда и загина

Дваесет и едногодишно момче (Б.Б.) од селото Орашац, кумановско, паднало од зграда, а подоцна и починало. Несреќата се случила додека младиот...

Македонија1 ден

Владата не гледа објективна причина за лидерска, СДСМ смета дека е неопходен дијалог поради меѓуетничките односи

Влада не ја гледа објективноста на барањето за лидерска средба. Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, одговарајќи на новинарско прашање за барањето...

Македонија1 ден

Еден од девет смртни случаи кај децата до една година е поврзан со загаденоста – ќе се протестира на 10 декември

Во вторник, 10 декември, во 16 часот, ќе биде одржан протест поради загадениот воздух. Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“, која...

Македонија1 ден

Наставници кои воопшто не го знаат знаковниот јазик им предаваат на учениците со оштетен слух во средното „Партенија Зографски“, утврди омбудсманот

Канцеларијата на народниот правобранител утврди дека во единственото државно средно училиште за ученици со оштетен слух во земјата, „Партенија Зографски“...

Македонија1 ден

Герасимовски: Проблематичниот ученик не смее да биде лишен од образование, но процедурите за преместување морало да се запазат

Општина Центар целосно ги поддржува учениците, родителите и раководството на ООУ „11 Октомври“ за соодветно и институционално решавање на случајот...

Македонија1 ден

Истекува рокот за возачките дозволи, граѓаните да ги обноват за да не се создаде метеж, апелира МВР

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, во согласност со промената...

Регион1 ден

Болтон: Нестабилен Балкан не е во ничиј интерес

Нестабилен Балкан не е во ничиј интерес и сега Балканот треба да има поголем приоритет отколку што беше случај за...