Свет
(Видео) Астероид изгоре над Русија, снимена спектакуларна огнена топка
Синоќа астероид, официјално наречен 2024 XA1, влезе во атмосферата на Земјата и изгоре над Сибир, осветлувајќи го небото со драматична огнена топка. Објектот со дијаметар од околу 70 сантиметри е откриен само 12 часа пред да влезе во атмосферата, а сцената ја снимиле жители на регионот Јакутија.
The first videos of the #asteroid #C0WEPC5 entry in #Russia are coming out on @telegram . It appears to be very similar to previous asteroid entires (2022 WJ, 2023 CX1, 2024 BX1). Lots of fragments at the end, it probably dropped some rocks in a remote forested area. pic.twitter.com/LnVyTMA7oO
— Denis Vida (@meteordoc) December 3, 2024
Европската вселенска агенција објави на социјалните мрежи дека астероидот влегол во атмосферата во 17:15 часот по средноевропско време.
„Астероидот со привремена ознака #C0WEPC5 влезе во атмосферата над Јакутија, создавајќи спектакуларна огнена топка на која многумина сведочат“, се вели во соопштението на Европската вселенска агенција.
☄️Footage of an asteroid entering Earth's atmosphere, passing over Russia’s Siberian republic of Yakutia in the early hours of Wednesday (3 December) morning.
The asteroid measured an estimated 70cm, according to the European Space Agency (ESA). pic.twitter.com/YSGrdv6Fsf
— Euronews Next (@euronewsnext) December 4, 2024
„Тоа беше откриено само 12 часа пред ударот и се проценува дека имало дијаметар од околу 70 сантиметри“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Иран убиени двајца судии од Врховниот суд
Двајца судии се убиени утрово во напад пред зградата на Врховниот суд во Техеран, јавија државните медиуми.
„Тројца судии од Врховниот суд беа мета“.
„Двајца се убиени, а еден е повреден“, објави судската веб-страница Мизан онлајн, додавајќи дека напаѓачот се самоубил.
Свет
Америка подигa бодликава жица на границата со Мексико пред инаугурацијата на Трамп
Агентите на американската гранична патрола вчера подигнаа бодликава жица меѓу градот Ел Пасо во Тексас и неговиот мексикански сосед Сиудад Хуарез, забележа репортер на АФП.
Агентите на Царината и граничната заштита (ЦБП), исто така, спроведоа безбедносни вежби во близина на меѓународниот мост што ги поврзува двата града, што беше забележано три дена пред инаугурацијата на Доналд Трамп, кој се враќа во Белата куќа во понеделник.
Минувањето на автомобили беше во прекин 40 минути.
„Ова е второ затворање што го гледам за една недела“, изјави за АФП Јадира Мартинез, корисник на меѓународниот мост.
По неговата победа, Трамп рече дека сака да прогласи национална вонредна состојба за да го спроведе својот план за масовно протерување мигранти и дека има намера да ги искористи вооружените сили за тоа.
„Закана број еден за нашата внатрешна безбедност е јужната граница со Мексико#, изјави вчера Кристи Ноем, која новоизбраниот претседател ја назначи за шеф на американското Министерство за домашна безбедност, посебно одговорна за контрола на имиграцијата.
Свет
„Тик-ток“: Утре се гаснеме во Америка
„Тик-ток“ синоќа предупреди дека ќе биде принуден да престане со работа во САД утре, освен ако не добие јасна изјава од Белата куќа за својата иднина.
Ова се случува откако Врховниот суд го потврди законот со кој се забранува Тик-ток во Соединетите држави поради национална безбедност, освен ако кинеската матична компанија „Бајт денс“ не го продаде на одобрен американски купувач, што компанијата го одбива.
Со оваа одлука, популарната апликација за кратки видеа е во опасност утре да исчезне.
Судската одлука ги фрла платформата и нејзините 170 милиони американски корисници во неизвесност, а нејзината судбина во рацете на Доналд Трамп, кој вети дека ќе го спаси ТикТок откако ќе се врати на претседателската функција во понеделник.