Македонија
ДУИ: Меџити кој е симбол за корупција, две децении ги држеше највисоките позиции во нашата партија

Изет Меџити, личност која две децении ги држеше највисоките позиции во Демократската унија за интеграција, денес, без срам, зборува за разбивањето на митот за ДУИ, велат од Демократската Унија за Интеграција.
„Две децении, Меџити ги искористуваше позициите што му ги даде ДУИ – како потпретседател на партијата, претседател на огранокот на Чаир и три мандати како градоначалник – за остварување на личните интереси и интересите на неговиот фамилијарен клан. Но, луѓето не се наивни. Албанците добро знаат дека Меџити е симбол на корупцијата, непотизмот и лошото владеење. Тој е лицето на она што го попречуваше развојот и напредокот на Албанците во Чаир и пошироко. Сега, со неговите празни зборови за „разбивање на митови“, тој се обидува едноставно да ја сокрие неспособноста и неуспехот да се прилагоди на новите стандарди за отчетност“, велат од ДУИ.
Како што додаваат, Меџити нема никакво морално право да зборува за ова. Неговиот револт е всушност незадоволството што тој не можел да биде дел од владата на ДУИ, а причината е јасна: тој не успеал да го помине тестот за интегритет и транспарентност што ДУИ и поширокиот процес на проверка за борба против корупцијата го бараат од секој претставник на партијата и на граѓаните.
„Изет Меџити не ја задржа својата позиција, не затоа што ДУИ е „мит“, туку затоа што неговите постапки и начинот на работа не се совпаѓаа со новите стандарди за транспарентност и одговорност. Токму поради оваа причина, тој одлучи да ја напушти партијата и да ја создаде својата, со единствена цел – да влезе во влада по секоја цена, без оглед на недостатокот на легитимитет. ДУИ останува посветена на принципите на транспарентност, борба против корупцијата и одговорност“, велат Интегративците.
Во нивното партиско соопштение се додава дека граѓаните заслужуваат политичари кои ги претставуваат нивните интереси, а не личните агенди.
„Албанците нема да бидат измамени од политичари како Изет Меџити, кој ја изгради својата кариера врз злоупотреби и манипулации, а сега се обидува да ја обвини партијата за своите грешки. Времето на Изет Меџити заврши, а иднината на Албанците е во политики засновани на чесност и вистински вредности“, се вели во соопштението на ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска и утре поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени.
Времето во наредните денови
Во текот на оваа седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.
Скопје
Пожарот кај хотелот „Њу Стар“ локализиран, ЦУК бара итни мерки за дивата депонија во Визбегово

Пожарот кој избувна во близина на хотелот „Њу Стар“ во скопската населба Визбегово е локализиран, но на терен и понатаму дежураат две екипи на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), во денешната интервенција биле ангажирани вкупно седум противпожарни возила и 20 пожарникари. Пожарот зафатил површина од околу 5000 квадратни метри, при што биле опожарени жито, еден магацин со градежни материјали, како и дворот на хотелот.
„Денеска, при повторно разгорување, пожарот се прошири до хотелот „Њу Стар“, како и до околните куќи, со што директно беа загрозени животите на граѓаните“, стои во објавата на ЦУК на Фејсбук.
Оттаму апелираат до сите надлежни институции и локалните самоуправи итно да се вклучат со конкретни чекори и да се стави крај на проблемот со дивите депонии, кои, според нив, претставуваат сериозна опасност по животната средина и јавното здравје.
ЦУК информира дека директорот Мухамед Али денеска испратил ново барање до надлежните институции со цел итно преземање активности за конечно решавање на овој проблем.
„Проблемот со оваа дива депонија трае подолг временски период и претставува реална закана за здравјето, безбедноста и добробитта на граѓаните, како и сериозна оперативна оптовареност за БППЗ, која често е ангажирана на истата локација“, посочуваат од ЦУК.
Оттаму потсетуваат дека во текот на изминатата недела директорот Али повеќекратно испратил официјални барања за интервенција, но засега нема конкретен одговор од надлежните.