Забава
Една од најубавите жени на светот фотографирана во бикини ги воодушеви обожавателите

Синди Крафорд, поранешна манекенка која важи за една од најубавите жени на светот, неодамна беше фотографирана како се релаксира на плажа во Канкун, каде се забавуваше со пријателите.
58-годишната позната манекенка беше фотографирана како ужива на морето во црвено бикини со пуштена коса и очила за сонце, а фотографиите ги воодушевија обожавателите.
Синди на Инстаграм објави фотографии на кои покажа како таа и нејзиниот сопруг Ранди Гербер ја прославуваат 20-годишнината од бракот на нивните пријатели и им посака среќа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Авионот на Двејн Џонсон принудно слета поради дефект: „Мислев дека тоа е крајот“

Двејн Џонсон, најплатениот актер во 2024 година, доживеа драматичен момент при лет со авион што го принуди да го откаже патувањето во Тексас каде што требаше да учествува на спортски настан на новата американска фудбалска лига – Обединетата фудбалска лига (UFL).
На својот Инстаграм профил, 52-годишниот актер го сподели своето искуство од лет кој тргна наопаку. Имено, тој летал со приватен авион од Хаваи кога по 40 минути лет му пришол пилотот со сериозен израз на лицето.
„Пилотот клекна пред мене, ме погледна во очи и рече: Господине Џонсон, извинете, но не можеме да го продолжиме летот преку океанот. Имаме проблем и мора да се вратиме во Хонолулу“, раскажува Џонсон.
Пилотот, кого го именуваше како капетан Дејвид, му објаснил дека се работи за проблем со хидрауликата и прегревање, што не е нешто со кое треба да се ризикува над Тихиот Океан. „Благодарен сум што нè врати безбедно на земјата. Го сфатив ова како знак од Бога и универзумот да застанам и да размислам“, додаде тој.
Актерот исто така призна колку бил стресен летот, особено поради турбуленциите кои биле толку силни што пијалоците и багажот летале низ авионот. Во тој момент, вели тој, размислувал за работите кои му биле навистина важни во животот.
„Сите сме доживеале турбуленции, но ова беше лудо. И, се разбира, вие велите: Дали е ова? Дали вака си заминувам?“, искрено призна тој.
„Седев сам, со пијалок во раката и се ми стана јасно – што е важно, а што не. Имав еден од тие моменти”, заклучил актерот, нагласувајќи дека сега уште повеќе ќе го цени животот и она што навистина има вредност.
Забава
Меси позираше со сопругата Антонела, детаљот зад нив привлече внимание

Фудбалерот на Аргентина, Лионел Меси и неговата сопруга Антонела Рокуцо споделија неколку заеднички фотографии на социјалните мрежи.
Тие се подготвија за настанот, за кој Антонела носеше елегантен темнозелен фустан, додека Меси класичен костум.
Пред да заминат на настанот, парот позирал пред огледало во нивниот дом. Нивното селфи прикажува голема фотографија од нивните синови Тиаго, Матео и Чиро во позадина.
Забава
Сидни Свини блеска на плажа, обожавателите забележаа еден детаљ

Сидни Свини продолжува да ги плени своите следбеници на социјалните мрежи, а овој пат тоа го направи на начин што привлече уште поголемо внимание.
Актерката од „Еуфорија“, која беше во центарот на гласините за можно раскинување со поранешниот вереник Џонатан Давино, сподели серија фотографии од плажа, а објавата за кратко време собра 3,3 милиони лајкови.
Меѓутоа, фановите забележале еден детаљ – актерката позирала без вереничкиот прстен. Отсуството на прстенот стана главна тема меѓу обожавателите, кои веднаш почнаа да шпекулираат за статусот на нејзината врска со Давино.
Иако Свини официјално не го коментираше својот љубовен живот, гласините за раскинување се се посилни, особено откако избриша заедничка фотографија на Инстаграм. Според различни извори, парот наводно живеел одвоено во последните недели поради „неодредени разлики“, иако разделбата се уште не е официјално потврдена.
Сепак, извор близок до Свини открил за магазинот „Пипл“ дека таа и Давино дефинитивно раскинале, а нивната планирана венчавка на почетокот на овој месец е откажана.
„Таа има сè под контрола и е токму онаму каде што сака да биде. Повеќето луѓе би биле преоптоварени од нејзината работна година, но не и Сидни. Таа е целосно посветена на работата во моментов и многу е возбудена за нејзините проекти“, рекол извор во понеделникот, потврдувајќи го раскинувањето.
„Она што навистина ја обзема беше врската и планирањето на свадбата. Таа не се чувствуваше добро поради тоа“, додаде тој.