Свет
Новиот сириски премиер се оградува од радикалниот исламизам, ги повика сите бегалци да се вратат дома
Новиот сириски привремен премиер Мохамед ал-Башир ги повикува сириските бегалци во светот да се вратат во својата татковина по соборувањето на режимот на Башар ал-Асад.
„Ги повикувам сите Сиријци во странство: Сирија сега е слободна земја, која си ги врати гордоста и достоинството. Вратете се!“, рече Башир во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“ објавено денеска обраќајќи им се на милионите Сиријци кои ја напуштија својата земја од избувнувањето на граѓанската војна.
Со крајот на повеќедецениското владеење на семејството Асад, сега мора да се обноват безбедноста и стабилноста во сите сириски градови за да може луѓето да се вратат во нормалниот живот, рече Башир. Во моментот се очекува тој да остане на функцијата до март.
Истакна дека една од неговите најважни цели ќе биде да ѝ помогне на земјата разорена од војна да закрепне, а сириските бегалци би можеле да играат важна улога по нивното враќање со искуството стекнато во странство.
„Мораме да ја обновиме нашата земја и да ја поставиме на здрава основа и ни треба сечија помош“, рече тој.
Башир претходно беше премиер во упориштето на бунтовниците во Идлиб. Оттаму, исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), чиј главен командант е Ахмед ал-Шара, попознат како Абу Мохамед ал-Голани, ја почна офанзивата со која беше соборен Асад на 8 декември.
Башир се обиде да ги ублажи стравувањата на критичарите дека ХТС може да изврши премногу исламистичко влијание врз остатокот од Сирија.
„Погрешното однесување на некои исламистички групи доведе многу луѓе, особено на Запад, да ги поврзуваат муслиманите со тероризмот, а исламот со екстремизмот“, рече тој.
Тој го опиша тоа како лажна карактеризација и потврди дека сака да ги гарантира правата на сите луѓе во Сирија.
Запрашан за надворешната политика, Башир рече дека тој и неговата преодна влада „немаат проблеми со земјите, партиите или сектите што се дистанцираат од крвожедниот режим на Асад“. На прашањето дали тоа значи дека сака да се дистанцира од Иран, Русија и од Хезболах и да склучи мир со Израел, Башир не одговори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија.
Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Зеленски наведе дека разговарале и за подготовките за следните трилатерални мировни преговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон, планирани за почетокот на март.
„Очекуваме овој состанок да создаде можност разговорите да се подигнат на ниво на лидери. Претседателот Трамп го поддржува овој редослед на чекори. Тоа е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека украинскиот и американскиот тим интензивно работат и им се заблагодари на САД за активното учество во преговорите и напорите за завршување на војната.
Свет
Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа
Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.
Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.
Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.
Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.
Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.
Свет
Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија
Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.
Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.
Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.
Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.
„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.

