Македонија
Време е за враќање на мандатот кај граѓаните, да ставиме крај на неспособноста и корупцијата на нелегитимната Влада, бара ДУИ

„Актуелната Влада, која без сомнение го постигна највисокото ниво на скандали, неспособност, криминал и корупција во толку краток временски период, се претвори во симбол на неуспехот и недостигот на одговорност пред граѓаните на земјата“, велат од ДУИ.
„Блокадата на процесот на европска интеграција и нападот врз Охридскиот мировен договор, кој предизвика тензии во меѓуетничките односи, создадоа непредвидлива и опасна ситуација за внатрешната стабилност.
Во овие околности, Северна Македонија се најде во центарот на вниманието на меѓународните организации, претворајќи се во еден од главните приоритети на Европската заедница за управување со кризи.
Оваа состојба јасно го потврдува неуспехот на оваа Влада да ги адресира клучните предизвици со кои се соочува земјата и итната потреба од промена на политичкиот курс.
ДУИ смета дека единствениот излез за спас на европската иднина на земјата е оваа Влада да отвори пат за враќање на мандатот кај граѓаните преку нови, предвремени избори.
Граѓаните заслужуваат одговорна, способна и посветена Влада која ќе работи во нивен интерес и ќе ја води земјата напред на патот на развојот и европската интеграција.
ДУИ останува посветена на својата заложба за заштита на интересите на граѓаните и обезбедување на подобра иднина за сите.
Ги повикуваме сите прогресивни сили и граѓаните на земјата да се обединат во оваа борба за враќање на надежта и перспективата во нашата земја“, соопшти ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Влен: Бујар Османи и во МНР спроведувал сомнителни и криминални тендери!?

Државниот завод за ревизија јавно потврди тоа што граѓаните одамна го знаат, дека Министерството за надворешни работи, во време кога министер беше Бујар Османи, спроведувало незаконски тендери поврзани со организацијата на самитот на ОБСЕ во 2023 година, велат од Влен преку соопштение.
„Според ревизорскиот извештај: Потрошени се над 120 милиони денари без јасна евиденција; Не постои документација што точно е испорачано, инсталирано или оставено како трајна опрема во СРЦ „Борис Трајковски“; Договорите и јавните набавки биле спроведувани без транспарентност и со сериозни законски пропусти.
Ова е уште една потврда дека Бујар Османи, каде и да оди, зад себе остава сомнителни и криминални тендери!
Ова не е изолиран случај, истиот Бујар Османи беше осомничен од СЈО за сомнителни набавки уште кога беше министер за здравство во владата на Никола Груевски.
Граѓаните на Чаир добро знаат две работи за Бујар Османи: Прво, никогаш ништо не направил за Чаир, ниту еден проект, ниту една инвестиција, ниту една иницијатива. Второ, секогаш кога бил на функција, се поврзувал со скандали, сомнителни тендери и злоупотреби на јавни пари!“, велат од „Влен“.
„Влен“ додава дека Чаир не заслужува човек чие име се повторува во секој извештај за криминал и злоупотреба.
Македонија
Надлежните со препораки до граѓаните поради најавата за температури до 39 степени во периодот до 13 август

Министерството за здравство информира дека според најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од 8 до 13 август 2025 година се очекува значително зголемување на дневните температури, кои на некои места ќе достигнат и до 39 степени Целзиусови.
Поради тоа, Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од топлотен удар: престој во разладени простории, внесување на доволно течности, избегнување на алкохол и засладени пијалаци, носење лесна и светла облека, како и ограничување на физичката активност во најтоплите часови.
Особено внимание треба да се посвети на ризичните групи — деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени.
Во случај на појава на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс, веднаш треба да се побара медицинска помош.
Министерството ја следи состојбата и ќе постапува според потребите.
Според најавата на УХМР, времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северероисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 37 степени.
Македонија
Четири различни цени за паркинг во Клинички, просторот ќе се прошири двојно

Министерот за здравство, Азир Алиу, информира дека во Клиничкиот центар ќе има четири различни влезови со различни ценовници за паркирање – бесплатен за онколошки пациенти, поевтин за пациенти со упат, поскап за вработените и најскап за граѓаните кои доаѓаат по други причини. Договорот за управување со паркингот ќе го потпише Министерството со ЈП Градски паркинг.
Се најавува и оптимизација на паркинг просторот, со дупло повеќе места и дополнителни влезови, вклучувајќи и еден кај Кардиологија. Ќе се воведе 24-часовен мониторинг со камери и нов систем за следење на плаќањето и активностите. Доколку оптимизацијата не биде доволна, ќе се размислува за изградба на катна гаража.