Забава
Нина Бадриќ предупреди на измама: Верувам дека разбирате оти јас не стојам зад тоа
Пејачката Нина Бадриќ ги предупреди своите следбеници за измама која кружи на интернет. Таа сподели порака која ја добила од следбеник.
„Поздрав, драга Нина, кружи видео во кое даваш интервју и кажуваш дека си ослабела со некој кето прав. Ако сакаш да ми одговориш, дали тоа видео е монтажа? Затоа што во него ги нарекуваш луѓето кои вежбаат – идиоти“, ѝ напишала една жена.

Нина на тоа одговорила: „Верувам дека сте доволно паметни да знаете што е лажна вест. Ако не сте го виделе производот на мојот официјален профил за да го промовирам, тогаш претпоставувам дека ви е јасно дека јас не стојам зад тоа“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Хрватите дисквалификуваа пејачка од „Дора“: Не е наша
Хрватска избра 24 кандидати што ќе се натпреваруваат за титулата најдобра песна на натпреварот „Дора“. Каролина Илиќ беше дисквалификувана од оригиналниот список бидејќи се покажа дека нема документи што го потврдуваат нејзиното хрватско државјанство.
ХРТ објави дека Каролина Илиќ, која требаше да настапи на „Дора“ во 2026 година со песната Breathe her in, е дисквалификувана. Габриел Ивиќ, кој беше на списокот како прва резерва, ќе го заземе нејзиното место. Патем, овој фестивал избира претставник за Евровизија.
View this post on Instagram
Како што е наведено во соопштението, пејачката е дисквалификувана бидејќи не е државјанка на Република Хрватска и не ги исполнува условите од правилата за натпреварот „Дора“.
Каролина е родена во Шведска, нејзините родители се Хрвати, но тоа не беше доволно за да се задржи на конечниот список на учесници бидејќи Каролина е шведска државјанка од раѓање, без оглед на нејзините балкански корени.
фото/депозитфотос
Забава
Откриени 10-те најстресни животни одлуки
Некои одлуки ги донесуваме без многу размислување – како што да јадеме за вечера, а други моет да ни предизвикаат сериозни проблеми. Преселба, промена на работа, прекинување или почнување врска… Сето ова се ситуации што може да предизвикаат стрес и сомнеж. Новото истражување сега открива точно кои животни одлуки луѓето ги сметаат за најризични и стресни, а резултатите може да ве изненадат.
Ова е сеопфатна студија објавена минатиот месец во списанието „Психолоџикал сајенс“. Истражувачите побараа од повеќе од 4.000 учесници да наведат реални, неодамнешни одлуки што им претставувале голем предизвик наместо да им нудат хипотетички сценарија. Анализата на одговорите покажа дека одредени видови одлуки се повторуваат многу почесто од другите.
Работа и кариера – најголемиот извор на стрес
На врвот на листата беа одлуките поврзани со работата и кариерата. Без оглед на возраста или полот, одлуката да се прифати нова работа се покажа како најризична, а напуштањето на работата беше веднаш зад неа.

Пари, возење и почнување бизнис
Финансиските ризици се најдоа на трето место, првенствено инвестирање во акции, криптовалути и тргување на берзата.
Иако може да звучи банално, одлуката дали да седнете зад воланот се најде на високото четврто место. Особено е стресно во ситуации на замор, лошо време, невнимание или возење под дејство на алкохол.
Одлуката за почнување сопствен бизнис се најде на петтото место.
Купувањето дом, шестата најстресна одлука, исто така често се споменуваше, со термини како купување имот, инвестиција и реновирање.
Здравје и социјален живот – помалку стресни отколку што се мислеше
Последните четири места припаднаа на одлуките поврзани со здравјето и социјалниот живот.
На седмото место беше одлуката за операција, а на деветтото место беше вакцинацијата.
Истражувачите забележуваат дека недовербата кон вакцините расте и како пример го наведуваат падот на вакцинацијата против грип во Соединетите Американски Држави.
На осмото и десеттото место се бракот и преселбата во друга земја – две главни животни пресвртници, кои не беа перципирани како најризични.
Неочекувани заклучоци
Истражувачите беа најизненадени што одлуките поврзани со здравјето или социјалните односи, како што се состанувањето или самостојното патување, кои не беа на врвот на листата.
Авторите истакнуваат дека намерно го оставиле терминот „ризичен“ широко дефиниран – за некои се однесува на финансиски последици, а за други се однесува на одлуки што ги обликуваат нивните животи на долг рок. Возраста исто така влијаеше врз перцепцијата на ризикот: постарите испитаници го сметаа прифаќањето нова работа за поризично, а помладите испитаници се плашеа повеќе од напуштање.
10-те најстресни животни одлуки според студијата:
1. Прифаќање нова работа;
2. Напуштање работа;
3. Инвестирање пари (акции, криптовалути, берза);
4. Возење;
5. Почнување сопствен бизнис;
6. Купување недвижен имот;
7. Операција;
8. Склучување брак;
9. Вакцинирање;
10. Преселба во друга земја.
Забава
(Видео) Џенифер Лопез ја покажа вилата што ја делеше со Бен Афлек
Џенифер Лопез им даде на своите обожаватели нов поглед во внатрешноста на раскошната вила во Бел-Ер, што се обидува да ја продаде, а во која живееше со поранешниот сопруг Бен Афлек, додека се подготвува за празниците.
Додека полнеше божиќен чорап со производи од својата линија за убавина, пејачката откри дел од домот, чија цена неодамна беше намалена од 68 милиони долари на 52 милиона долари откако е на пазарот веќе една година, објавува „Дејли мејл“.
Видеото ја прикажува Лопе, облечена во кафеав спортски градник и хеланки како се смее додека става предмети во плетен чорап над каминот. Таа откри елегантно декорирана соба со дрвена маса, зелени столчиња и декадентен лустер од злато и кристал во форма на палма.
View this post on Instagram
Поранешните сопружници, кои беа во брак две години, ја купија вилата во 2023 година за 68 милион долари и ја ставија на пазарот во јули 2024 година. Сепак, продажбата се покажа како потешка од очекуваното. Според изворите, високите трошоци за одржување и осигурување наводно ги одвраќаат потенцијалните купувачи.
Извор за „Ју ес викли“ претходно тврдеше дека Афлек е подготвен да ја продаде, без оглед на конечната понуда. „Бен сака да се ослободи од неа… Тој само сака да биде продадена“, рече изворот.
Трошоците за осигурување од пожар, кои нагло се зголемија по смртоносните пожари во јужна Калифорнија на почетокот на минатата година, се проценуваат на огромни 500.000 долари годишно.
Импозантната градба, позната како „Имотот Волингфорд“, се протега на 4.273 квадратни метри и се наоѓа на ‘рт од два хектара. Главната куќа има 12 спални соби и 24 бањи, а до имотот се пристапува преку два приватни влеза со порта.
Покрај главната куќа, имотот вклучува и пентхаус за гости од 4.500 квадратни метри, куќа за домар и куќа за обезбедување со две спални соби. Гаражата може да прими 12 автомобили, а имотот има паркинг за уште 80 возила.
Посебна атракција е затворениот спортски комплекс со целосно опремена сала за вежбање, терени за кошарка и пикбол, како и боксерски ринг. Исто така, има спортски салон со бар, фризерски и козметички салон, домашно кино, винарска визба, салон за виски, како и сауни и соби за масажа.
Зад куќата се наоѓа огромен базен со таканаречен нулти раб, чија вредност се проценува на речиси 150.000 долари. Нуди спектакуларен поглед на околните планини.
фото/депозитфотос

