Македонија
Ковачевски не е опфатен со истрагата за „Лотарија“, кривичната пријава против него не е отфрлена, а се однесува на други дејства
Кривичната пријава што ја поднесе МВР за експремиерот Димитар Ковачевски и за поранешниот генерален секретар на Владата, Методија Димовски, не е отфрлена, а Обвинителството ги проеврува наводите.
Од тука напоменуваат дека двајцата се пријавени за друг временски период и за други дејства.
„По сите преземени дејства од сите надлежни институции во конкретниот случај, до овој момент се обезбедија докази што упатуваат на основано сомнение дека наведените шест лица презеле дејства со кои исполнуваат обележја на кривичните дела за кои беше поведена постапка. За другите наводи од пријавите проверките продолжуваат. Напоменуваме двете лица што ги наведувате се пријавени за сосема друг временски период и за други дејства, а на седницата на 6 јуни 2023 година, кога точка на дневен ред била наведената одлука, претседавал единствено сега осомничениот“, велат од Обвинителството.
Обвинителството вчера побара притвор за директорот на „Државната лотарија“, Прпарим Бајрами, и за поранешниот вицепремиер Артан Груби поради проневера во „Државната лотарија“. Според информациите, барањето е со цел притворската мерка да почне да се спроведува веднаш по пронаоѓањето на двајцата осомничени, кои во моментот не се во државата, како и нивно приведување. Судот денес одлучува за притворите.
Од Обвинителството информираа дека Бајрами доставил информација за потребата од преземање активности за самостојно приредување електронски игри на среќа, при што било предложено да се спроведе постапка за набавка на ВЛТ-терминали и нивно имплементирање. Предлогот бил даден иако осомничениот знаел дека набавката е беспредметна и непотребна бидејќи АД „Државна лотарија“, во согласност со Законот за игри на среќа, нема право самостојно да приредува електронски игри на среќа на територијата на државата.
Вицепремиерот Груби иако исто така знаел дека барањето за конкретната јавна набавка е противзаконско и дека „Државната лотарија“ нема право самостојно да приредува електронски игри на среќа на територијата на државава, на 6 јуни 2023 година како вицепремиер претседавал со седница на владата во својство ччен на собранието на акционерското друштво и покрај тоа што бил свесен дека акционерското собрание нема надлежност да одлучува за конкретната зделка.
Другите четворица осомничени биле претседател и членови на комисија за два одделни јавни повика за кои постои сомнение дека ги злоупотребиле посебните овластувања и должностите и ги спровеле јавните повици иако знаеле дека таква постапка во конкретните случаи не смее да биде спроведена бидејќи не биле исполнети законските услови.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, вчера обелодени дека кривичнa пријавa е поднесенa и против поранешен премиер и генерален секретар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво

