Црна хроника
Приведени тројца млади во Скопје поради насилство во Градскиот парк

Полицијата приведе тројца скопјани на возраст од 22 и 23 години поради насилство.
Тие се сомничат дека на 15 декември околу 3.00 часот во угостителески објект во Градски парк на подрачјето на Карпош физички го нападнале Ф.Т.(26) од Скопје и му нанеле повреди.
Додека, пак, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, со наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во нивните домови, при биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од делото.
Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, против лицата е поднесена кривична пријава по брза постапка, по што биле изведени пред судија на претходна постапка, кој им определил мерка домашен притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
На тераса во Кочани украден паричник од 90-годишен маж

90-годишник од Кочани синоќа пријавил кражба што се случила околу 21:30 часот на терасата од неговата семејна куќа.
Според пријавата во ОВР Кочани, едно лице му го одзело паричникот во кој имало пари и лични документи.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Норвежанец приведен на аеродромот во Скопје, се однесувал агресивно

44-годишен државјанин на Норвешка бил приведен ноќеска на Меѓународниот аеродром Скопје, откако за време на летот од Осло до Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при обид полициските службеници да разговараат со него, мажот продолжил да се однесува агресивно и кон нив, попречувајќи го извршувањето на службените дејствија.
Лицето било приведено, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Црна хроника
46-годишна жена физички нападната од својот партнер

Четириесет и шестгодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била физички нападната од својот партнер во домот каде што престојува, на подрачјето на општина Кисела Вода.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 6 јуни околу 22:00 часот, а пријавата била поднесена во СВР Скопје на 7 јуни, околу 02:30 часот. Осомничениот С.А. (50) оштетил и дел од покуќнината.
Од МВР информираат дека се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава против сторителот.