Забава
(Видео) Адел се соочува со тужба, бразилскиот хит наводно ја инспирирал нејзината песна
Бразилски судија и нареди на британската поп-ѕвезда Адел (36) да ја повлече песната „Пред милиони години“ поради наводите за плагијат на бразилскиот композитор Тонињо Гераес.
Издавачките куќи на Адел, „Сони мјузик Ентертајмент“ и „Универзал мјузик“, се соочуваат со можна казна од 8.000 долари.
Прелиминарната забрана беше издадена од судијата Виктор Торес во петокот во судот во Рио де Жанеиро, додека судската постапка се очекува да продолжи. Пресудата, објавена од АФП, им наредува на издавачите „веднаш и глобално да ја прекинат употребата, репродукцијата, уредувањето, дистрибуцијата или комерцијализацијата на песната „Пред милиони години“ во која било форма – физичка или дигитална, вклучително и платформите за стриминг“.
„Ова е важен момент за бразилската музика, која често служи како инспирација за меѓународните хитови“, изјави Фердимио Трота, адвокатот на Тонињо Гераес.
Герес тврди дека песната на Адел е плагијат на неговата самба класика Mulheres, која ја снимил познатиот бразилски уметник Мартињо да Вила на успешен албум од 1995 година.
Композиторот бара компензација за изгубените авторски права, 160.000 долари морална отштета и признавање како автор на песната. Адел и нејзините издавачки куќи се уште не коментирале, додека адвокатот Трота нагласува дека оваа забрана може да послужи како предупредување за меѓународните изведувачи и издавачките куќи да не ја злоупотребуваат бразилската музика.
Во 2015 година Адел беше обвинета и за плагијат на песна на починатиот курдско-турски уметник Ахмет Каја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Годишен хороскоп за 2025 година – воздушни знаци: што ги очекува Близнаците, Вагите и Водолиите?
Воздушни знаци: Близнаци, Вага и Водолија, оваа година ги очекуваат драстични животни промени и значителен успех, најавува годишниот хороскоп за 2025 година.
Воздушните знаци на зодијакот – Близнаци, Вага и Водолија – се мислители, идеалисти и комуникатори. Тие внесуваат здив на свеж воздух во зодијачкото тркало.
Елементот на воздухот е тој што овозможува слобода и ослободување. Значи, луѓето родени под воздушен знак се авантуристички, љубопитни и постојано се менуваат, исто како и ветрето. Тие се интелектуалци и имаат тенденција да живеат во облаци, што им отежнува на другите да ги разберат. Токму поради нивниот ентузијазам, понекогаш на луѓето им изгледаат недофатливи. Оваа навидум неподготвеност да се обврзе може да ги збуни другите хороскопски знаци, особено земјените знаци.
Што можат да очекуваат воздушните знаци кога станува збор за годишниот хороскоп за 2025 година?
Вашата индивидуалност ќе излезе уште повеќе во 2025 година благодарение на Плутон во Водолија. Таа ќе ве поттикне да направите големи промени, како на романтичен така и на професионален план. Во текот на 2025 година, Сатурн во Риби ќе ве научи како да ја држите под контрола вашата желба за индивидуалност и револуционерни промени и да го одржувате животот во рамнотежа, додека Јупитер во Близнаци ќе ви помогне да ја проширите вашата мрежа и да ги направите вашите идеи појасни и подобро слушнати.
Годишен хороскоп за 2025 година – воздушни знаци
Близнаци
Приоритет во 2025 година ќе ви биде семејството, како и се што е поврзано со љубовните врски. Владејачката планета многу пригодно ќе ви дојде на помош и ќе воведе околности во вашиот живот кои ќе помогнат да се сврти ситуацијата во ваша корист во средината на посочениот период. Бидете искрени со саканите и избегнувајте секакви авантури, бидејќи Јупитер не прифаќа лаги и измами.
Вага
Годината што доаѓа ќе биде неверојатно успешна и среќна за Вагите, на кои Јупитер, миленикот на овој хороскопски знак, гарантира голем и траен успех.
Водолија
Во 2025 година ќе имате можност да направите нешто значајно во животот, што веројатно ќе се случи кон средината на годината. Ситуацијата која што ќе се случи може радикално да го промени вашиот живот, па дури и да влијае на вашиот поглед на светот, што ќе донесе добри резултати. Во втората половина од годината фокусот ќе се префрли на личниот сектор, каде што на Водолијата ќе им биде корисно да внесат одреден ред во сите сегменти од животот.
Забава
„Не им паѓа на памет“: Бред Пит и Анџелина Џоли ја одбиле понудата за заеднички филм
Бред Пит и Анџелина Џоли неодамна добија понуда од вкупно 60 милиони долари за да снимат нов заеднички филм. Но, судејќи по новите гласини и двајцата ја одбиле понудата.
Според Дејли Мејл, извор близок до Пит открил дека актерот не размислува за тоа. „Сите пари на светот не би го натерале Бред повторно да се појави во филм со Анџелина“, рекол изворот.
„Тоа дефинитивно би предизвикало јавен интерес, но тој не би го ни земал предвид. Тие се непријатели во моментов и нема шанси Бред да се понизи и да прифати каква било сума за да разговара со Енџи пред камера“, додал изворот.
Друг извор тврди дека ниту Анџелина не е заинтересирана, но и дека продуцентот Дени Роснер никогаш не дал вистинска понуда. Исто така, се тврди дека сè е дизајнирано како „вешт маркетиншки трик“ и дека никој од нив не би ни помислил на тоа.
Роснер неодамна изјави дека Бред ќе заработи околу 37 милиони долари, додека Анџелина околу 22 милиони долари. Тој откри и некои детали за заплетот на филмот.
Станува збор за вистинска љубовна приказна од Втората светска војна сместена во хотелот Мартинез во Кан, Франција. Бред би го играл Емануел Мартинез, сопственик на хотелот, а Анџелина неговата љубовница и муза Ема Дигард.
Бред и Анџелина првпат се појавија заедно на екранот во 2005 година, кога го снимија филмот Господин и госпоѓа Смит. Таму глумеа сопружници кои се непријатно изненадени кога сфаќаат дека и двајцата се платени да се убијат. Тие се заљубиле за време на снимањето на тој филм.
Забава
Џесика Симпсон ги изненади фановите со нова фотографија, велат дека не личи на себе
Пејачката и актерка Џесика Симпсон предизвика мешани реакции со новата фотографија која ја сподели на социјалните мрежи. „Едвај чекам да го слушнете саундтракот на мојот живот“, напиша таа во објавата.
На фотографиите таа позираше во бел свилен сет, а аутфитот го комплетираше со високи чизми и црна јакна. Џесика позираше во музичко студио. Сепак, нејзиниот изглед најмногу го привлече вниманието на нејзините следбеници.
Многумина коментираа дека едвај ја препознале. „Не ја препознавам оваа личност“, „Ова не личи на Џесика Симпсон“, „Кој е тоа? Не ни сфатив дека е таа“, „Ти си целосно непрепознатлива“, напишаа тие. Некои ја споредуваа со сестрите Кардашијан и Парис Хилтон, а други дури и со Иванка Трамп, ќерката на новоизбраниот американски претседател.