Контакт

Економија

Експерти од Народната банка дадоа придонес кон студија на Светската банка за корпоративната финансиска одржливост

Објавено пред

Советодавниот центар за финансискиот сектор на Светската банка (ФИНСАК) изработи студија за процена на финансиската одржливост, во која учество зедоа и експерти од Народната банка и којашто беше презентирана во присуство на тимот, предводен од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерите Ана Митреска и Фадил Бајрами, како и делегацијата на Светската банка предводена од директорот на Канцеларијата на Светската банка во земјава, Масимилијано Паолучи.

dobivaj vesti na viber

Оваа сеопфатна студија дава подлабоки сознанија за финансиската состојба на нашиот корпоративен сектор. Клучните наоди ги истакнуваат трендовите во корпоративната одржливост, влијанието на економските шокови како што е ковид-19 и финансиската стабилност на компаниите по одделни сектори во економијата. Студијата се осврнува на анализа на кредитните ризици во контекст на финансиските капацитети на компаниите за отплаќање на долговите, а опфатени се и насоки за натамошно следење на случувањата и потенцијалните ризици во банкарскиот систем од страна на Народната банка. Притоа, со користење нова аналитичка алатка, којашто ѝ се остава на располагање на Народната банка, вакви анализи ќе можат да се прават на систематска основа со што натаму се јакне капацитетот на Народната банка во сферата на супервизијата и финансиската стабилност.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска и Паолучи заеднички ја нагласија потребата од натамошно успешно партнерство и соработка помеѓу Народната банка и Светската банка заради натамошно јакнување на темелите на финансискиот систем во земјава и залагање за одржлив економски раст.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

(Видео) Бочварски до Кочовска: Не прифаќате да се зголеми минималната плата, работниците ви се на последно место

Објавено пред

Пратеникот на СДСМ Благој Бочварски од собраниската говорница ја запраша министерката за финансии дали сега во овие услови на растечки цени и инфлација ќе прифати предлогот на СДСМ за покачување на минимална плата на 450 евра.

dobivaj vesti na viber

Упорно не го прифаќате барањето на СДСМ за покачување на минималната плата на 450 евра, иако искуствата покажуваат дека секогаш кога ќе се покачи минималната плата, има спирално покачување и на останатите плати, а граѓаните заработените пари повторно ги враќаат во економијата, истакна Бочварски.

Во рамките на собраниската седница посветена на пратенички прашања, Бочварски, потсети дека ВМРО-ДПМНЕ пред избори вети раст на платите веднаш, а со новиот Буџет за 2025 година најави „позитивни изненадувања за сите работници“.

Изненадувања видовме, но не позитивни. Имаме раст на инфлацијата во месец ноември од 4,3%, наспорти стагнација на минималната плата, а со тоа и на сите плати.. Со оглед на ваквото темпо на раст на трошоците за живот, веќе треба да се зборува за 500 евра минимална плата, за да се обезбеди достоен живот за работниците, рече Бочварски, додавајќи дека растечката инфлација и социјална несигурност, животниот стандард на работниците е очигледно последен на листата приоритети на Владата.

За овие 7 месеци од вашето владеење, не видовме ниту еден потег, ниту една мерка, со која што ќе го подобрите семејниот буџет и животот на работниците. Ова што гледаме дека е во вашиот фокус е на пример раст на буџетот на 6,5 милјарди евра, како што вие кога бевте опозиција велевте надуван балон, или на пример фокусот е на новите задолжувања, но не и растот на стандардот на граѓаните, нагласи Бочварски, додавајќи дека земјите во соседството преземаат сериозни мерки за зголемување на минималната плата.

Тој потсети дека долги години, во времето на ВМРО ДПМНЕ работнците земаа 8.000 денари минимална плата.

Владата на СДСМ, зголемуваше плати во време на незапаметена пандемија и во време на војна, на економско-енергетска криза и со тоа покажавме дека може да се направи скок но растот на платите кога политиките во тој дел се јасни. За прв пат Владата на СДСМ ја зголеми платата минималната плата во државата за 100 проценти во однос на 2016 година, односно на сегашните 22.567 денари, нагласи пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски.

Прикажи повеќе...

Економија

„Министерке, сте пазареле ли деновиве, зејтинот е поскап од октомври“ – според Митрески, владините мерки се за мачкање очи

Објавено пред

Пратеникот на СДСМ Јован Митрески на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања упати прашања до министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, поврзано со егзистенцијата на граѓаните, зголемувањето на трошоците за живот, како и зошто не сака да го прифати предлогот за укинување на ДДВ на храна.

dobivaj vesti na viber

Mитрески рече дека обезбедувањето на потрошувачката кошница со основните прехранбени производи, од во ден во ден станува луксуз. Од друга страна, според него, наместо мерки за реално пониски цени на прехранбените производи, Владата донела мерки за мачкање очи, кои ги нарече чист популизам.

„Се донесоа две потрошувачки кошнички, есенска и сега новогодишна. Помпезно ги најавивте и двете … со ПР кампањи во маркетите. Ама цените не се намалија. И да потенцирам, и двете мерки ги донесовте на ист начин. Прво им оставивте простор на трговците да ги зголемат цените, па потоа мерките стапија во сила. Се прашувам, дали Вие министерке и вашиот премиер Мицковски, сте свесни дека на овој начин им овозможивте на трговците да се богатат на грбот на граѓаните. Вие си поигрувате со егзистенцијата на граѓаните! Многу е проста проверката на ефектите на терен и многу е јасно за кого биле мерките. За граѓаните, сигурно не. После првата есенската кошничка, голем дел од цените не се намалија, некои се намалија минимално, а за некои производи цените дури и се зголемија. И статистиката го регистрираше тоа, раст на инфлацијата во месец ноември од 4,3%, и раст на цените на мало од 4 отсто“, рече Митрески.

Со втората, новогодишната кошничка, како што рече, направена е нова класична измама за граѓаните.

„Дозволивте трговците да ги покачат цените па сега наводно да ги намалуваат. Без притоа да има механизам за контрола и казна.
Вие класично манипулирате и ги потценувате граѓаните, за да го прикрете вистинскиот проблем за кој оигледно немате решение, а тоа е покачувањето на цените на производите“, додаде.

Митрески ја праша министерката дали била да пазари во продавница или маркет овие денови и дали е запознаена дека повторно има иста ситуација како со есенската кошничка. Дел од производите се намалени по денар, или по два, три денара, дел воопшто не се намалени, а цените на некои производи дури и се зголемени.

„Еве јас синоќа бев во еден маркет. Цената на зејтинот, од различни компании, за 1 литар се движи од 92 до дури 98 денари. А на први октомври цената била 83 денари. Каква мерка, какво намалување, зголемување има. Мешано сирење 459 денари, иста цена, непроменета. Кај кравјото сирење, има намалување од замислете само 5 денари и сега се продава по цена од 398 денари за килограм. Јогуртот со 3,2% масленост се покачи цената минатиот месец сега се намали и дојде исто и во овој маркет се продаваше за 69 денари а во некои маркети и над 72 денари се продава. Значи, тоа е реалноста за измамата којашто граѓаните ја гледаат секој ден во продавниците“, рече Митрески.

Тој заклучи дека со овие цени, кошничките на граѓаните за новогодишните празници ќе останат празни.

 

Прикажи повеќе...

Економија

5 милиони евра од ЕУ за фотонапонските електрани „Битола 1“ и „Осломеј 2“

Објавено пред

Денес во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и АД ЕСМ потпишаа договор за грант – донација од Европската унија, за изградба на две нови фотонапонски електрани – „Битола 1“ со инсталирана моќност од 20 мегавати и „Осломеј 2“ со моќност од 10 мегавати.

dobivaj vesti na viber

Настанот, се одржа во присуство на министерката за енергетика Сања Божиновска, амбасадорот на Европската унија, Михалис Рокас, претставникот на Европска банка за обнова и развој (ЕБОР), Фатих Туркменоглу и генералниот директор на АД ЕСМ Лазо Узунчев, кои се потписници на договорот со кој се означи официјалниот почеток на овие проекти од клучно значење за енергетската транзиција на Република Северна Македонија.

Со овие два проекти, ќе се произведуваат околу 46 гигават-часови електрична енергија годишно, што ќе ги задоволи потребите на над 7.000 домаќинства, истовремено намалувајќи ги емисиите на јаглерод диоксид за 40.000 тони годишно.

„Овие фотонапонски електрани ќе придонесат за енергетската сигурност на нашата земја и ќе ги задоволат потребите на над 7.000 домаќинства. Енергетската транзиција е визија за иднина во која ќе имаме чиста енергија, здрава животна средина и економски просперитет. Реализацијата на овие проекти ќе ја намали емисијата на јаглерод диоксид за околу 40.000 тони годишно и ќе овозможи рекултивација на 45 хектари земјиште во кругот на РЕК Битола и на РЕК Осломеј што директно ќе влијае кон поздрава животна средина за Битола, Кичево и нивната околина“ истакна министерката Божиновска.

Грантот е во висина од речиси 5 милиони евра и го надополнува претходно потпишаниот заем од 25 милиони евра од ЕБОР за развој и изградба на електрани од 30 мегавати во Осломеј и Битола, со што повторно се покажува дека Европската Унија и ЕБОР се еден од најсилните партнери во енергетската транзиција на земјава.

„Повеќе пари ширум светот сега одат во фото-електрани и соларна енергија отколку во сите други технологии за производство на електрична енергија заедно. А овој тренд се гледа и со заложбата на ЕУ за поддршка на АД ЕСМ, со преку 30 милиони евра грантови за финансирање за проекти од ветер, хидро и соларната енергија. Можностите за инвестирање се зголемуваат гледајќи го природниот потенцијал на земјата. ЕУ и нејзините партнери ќе продолжат да го поддржуваат патот на Северна Македонија кон декарбонизација, обезбедувајќи диверзификација и безбедност на нејзините енергетски резерви“, изјави амбасадорот на Европската унија, Михалис Рокас.

„Проектот е доказ за континуираната поддршка на декарбонизацијата на енергетскиот сектор во земјата. Тоа е одличен пример како да се обезбеди алтернативно и одржливо користење на локациите за ископ на јаглен до старите и загадувачки термоелектрани. Со задоволство гледаме дека владата и приватниот сектор ги зголемуваат инвестициите во сончевата енергија и остануваме подготвени да обезбедиме дополнителна поддршка доколку е потребно“, изјави претставникот на Европска банка за обнова и развој (ЕБОР), Фатих Туркменоглу.

Проектите се очекува да бидат завршени до 2026 година, а нивната реализација ќе придонесе за развој на локалните економии и отворање нови работни места.

„Овие проекти освен енергетски – ќе донесат и социјално-економски и еколошки придобивки. Самата изградба на електраните ќе придонесе за развивање на локалната економија преку разни активности на локалните фирми, а по целосната реализација на проектите би се отворила можност за нови вработувања“, рече Лазо Узунчев по потпишувањето на договорот.

Владата и Министерството за финансии ја препознаа важноста од спроведување на овој проект и затоа дадоа поддршка преку издавање гаранција за намирување на обврските и исполнување на одредбите од Договорот за заем со ЕБОР за финансирање на Проектот на ЕСМ за транзиција кон соларни фотоволтаици, во износ од 25 милиони евра. Министерството за европски прашања и секретаријатот на Националниот ИПА координатор се задолжени за координација на Инструментот на Инвестициска рамка за Западен Балкан од каде е одобрен грантот за овој проект.

„Нашата земја потврди дека знае да ги искористи фондовите достапни од 2009 година преку Инвестициската рамка за Западен Балакан. Близу 500 милиони евра се добиени во форма на грантови за вкупна вредност на инвестиции од 3 милијарди евра за проекти од областа на енергетика, но и транспорт, животна средина, човечки капитал и дигитализација. Сега имаме нова рамка преку Реформската агенда и Инструментот за реформи и раст да инвестираме во проекти во енергетика кои ќе бидат нашиот генерациски придонес кон зелената иднина на земјата“ посочи Евгенија Кирковска, раководител на сектор за координација на ЕУ-фондови во Министерство за Европски прашања

Фотонапонските електрани ќе бидат проектирани и изградени од најкомпетитивниот понудувач, во согласност со највисоките европски и светски стандарди.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Ако Тошковски за 24 часа не ја каже вистината за бегството на Груби, ќе ја кажеме ние, велат од СДСМ

СДСМ го повика министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски да излезе пред јавноста, тврдејќи дека постои вистина што треба да...

Македонија3 часа

Mицкоски учествуваше на самитот на Европската народна партија: „Македонија останува дел од стратешките разговори и партнерства“

Премиерот Христијан Мицкоски учествуваше на самитот на Европската народна партија (ЕПП), каде што се собраа истакнати лидери, претставници на партии...

Македонија3 часа

Самитот на ЕУ за Западен Балкан: Најголемите проблеми се споровите, исчезнатите лица и воените злосторства

Помирувањето, регионалната соработка и добрососедските односи се суштината на ЕУ и на Западен Балкан, треба да се најдат решенија за...

Македонија3 часа

Главчев му рекол на Мицкоски дека нема да има промена во бугарскиот став

Премиерот на техничката влада на Бугарија, Димитар Главчев, разговарал со Христијан Мицкоски за време на самитот ЕУ – Западен Балкан...

Култура5 часа

Вероника Бучковска е нова в.д. директорка на Агенцијата за филм, одлучи Владата

Вероника Бучковска е именувана за в.д. директорка на Агенцијата за филм, одлучи Владата на седницата одржана на 17.12.2024 и доаѓа...

Европа5 часа

(Во живо) Путин: Ајде да направиме експеримент, изберете цел и доведете ја западната воздушна одбрана таму, нема шанси да го пресретне „Орешник“

Рускиот претседател Владимир Путин ја одржува својата традиционална годишна конференција. Руските гледачи веќе со денови испраќаат прашања до Путин, а...

Македонија6 часа

За пејачи и изведувачи општините трошат 1 милион евра годишно, најскапо платена годинава е Северина, според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за исплатите за трошоците на општините за забавни манифестации. Истражувањето покажа дека само...

Македонија6 часа

Кривична пријава против управителот и правното лице „Балкан марбле индустриес“ за даночно затајување

Управата за финансиска полиција до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Б. С. во својство на управител и...

Македонија6 часа

Министре, батериите ли се виновни за бегството на Груби, прашуваат од СДСМ

Дали министерот за внатрешни работи Тошковкси конечно ќе преземе одговорност за катастрофалното функционирање на МВР и бегството на Груби? Последните...

Европа8 часа

(Видео) Украинците ја нападнаа Русија со дронови и ракети, погодена рафинерија

Украина ја нападна руската територија со најмалку 13 проектили и 84 беспилотни летала, предизвикувајќи пожар во нафтена рафинерија во јужниот...

Свет8 часа

Детали за бегството на Башар ал-Асад: Со приватен авион побегнал од Сирија, но не стигнал до Москва

Додека бунтовниците го опседнаа Дамаск, беше јасно дека на владеењето на Башар ал-Асад му дојде крајот, а потоа Москва реши...

Свет8 часа

Иран го предупреди Израел: Операцијата „Вистинско ветување III“ ќе биде спроведена во вистинско време

Висок командант на Корпусот на Исламската револуционерна гарда најави дека Иран сигурно ќе му возврати на Израел за нападот на...

Европа9 часа

Медведев: Новинарите на „Тајмс“ треба да бидат внимателни, сешто се случува во Лондон

Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев ги опиша уредниците на британскиот весник Тајмс како „легитимни воени цели“. Испадот...

Свет9 часа

(Видео) Кина: Нашите астронаути завршија деветчасовна прошетка во вселената, го соборија рекордот од 2001 година

Кина соопшти дека двајца нејзини астронаути завршија деветчасовна вселенска прошетка во вторникот надминувајќи го американскиот рекорд за најдолга вселенска прошетка...

Топ24 часа

Пожар во куќа во Скопје: загина 71-годишен маж, неговата сопруга хоспитализирана поради гушење

Ноќеска во 00.51 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Финска“ во Скопје настанал пожар во куќа, сопственост на...

Македонија1 ден

Струјата ќе поскапи 0,92 отсто, за сметка од 2.300 денари ќе се плаќа 21 денар повеќе

Од 1 јануари струјата за домаќинствата и за малите потрошувачи ќе поскапи 0,92 отсто, соопшти денес Регулаторната комисија за енергетика...

Македонија1 ден

(Видео) МВР со детали за акцијата во Арачиново: пронајдено оружје

Утрово, околу 1.30 часот, од страна на полициски службеници од Единицата за брзо распоредување и Единицата за недозволена трговија при...

Македонија1 ден

Не отворајте сомнителни линкови и датотеки прикачени во имејл-пораки и не споделувајте лични податоци со непознати лица, апелира МВР

Во врска со зголемениот број измами што годинава беа забележани, а кои опфаќаат фишинг-напади и случаи на лажно претставување во...

Македонија1 ден

Распишани меѓународните потерници по Груби и Бајрами

Министерството за внатрешни работи ги распиша меѓународните потерници за поранешниот вицепремиер Артан Груби и за директорот на „Државната лотарија“, Перпарим...

Македонија1 ден

Над 100 пакувања кокаин и хероин пронајдени кај скопјанец, поведена истрага

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен скопјанец поради основано сомнение дека...