Македонија
Ќе се снимаат филм, документарец и ТВ-серија за Тоше Проески – за проектот издвоени 1,5 милион евра
Во следните две години ќе се снимаат игран филм, документарец и ТВ-серија во неколку продолженија, кои ќе ги прослават животот, делото и мисијата на трагично починатата музичка легенда Тоше Проески.
Средствата за проектот, во износ од речиси 95 милиони денари, ќе бидат обезбедени од буџетот на земјата, преку Министерството за дигитална трансформација.
Министерот за култура Зоран Љутков објави дека носител на проектот е Македонската радио-телевизија, а семејството на Проески дало согласност за иницијативата.
Копродукциски ќе бидат вклучени неколку национални телевизии од Балканот.
На темата зборуваше и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
„Идејата потекна од МРТ и копродукции од Македонија и Балканот, но, секако, инспирацијата, иницијативата, главно ја предводеше претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и во координација со Министерството за култура и со Министерството за финансии во експресно брза постапка се обезбедија средства“, рече Андоновски.
Проески во текот на кариерата стекна регионална слава и стана музичка икона, која успеа да го сплоти Балканот.
Загина на 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа во Хрватска на 26 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

