Забава
„Блејк Лајвли порасна во работничка класа? Не е точно“: Рајан Рејнолдс предизвика критики
Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли повторно се под очите на јавноста, а неодамнешната изјава на Рејнолдс предизвика лавина критики. Додека актерот до неодамна важеше за едно од најдуховитите имиња во Холивуд, неговата забелешка за воспитувањето деца наиде на осуда.
Актерот, познат по тоа што ја чува приватноста на своите деца, ретко зборува за својот семеен живот, во едно неодамнешно интервју размислуваше за нивното воспитување: „Се трудиме да им пружиме што е можно понормален живот. Не се обидувам да им ја наметнувам разликата помеѓу нивното детство и моето детство или детството на мојата сопруга“.
Рејнолдс нагласи дека тој и неговата сопруга Блејк пораснале во работничката класа, без луксузот во кој уживаат денес.
Проблемот настанал поради контрастот помеѓу работничката класа што ја споменува Рејнолдс и реалноста во која пораснала Блејк Лајвли. Нејзините родители, Ерни и Елејн, биле познати холивудски личности – таткото Ерни бил актер и режисер, додека мајката Елејн работела како актерка и агент за таленти. Самата Блејк истакна дека поголемиот дел од своето детство го поминала на филмски сетови, а своето филмско деби го направила на 10-годишна возраст во проект во режија на нејзиниот татко.
not ryan r saying him & blake lively grew up working class. miss ma'am was 10 when she was in her first movie, which was also directed by her dad. be fr
— meh (@slavatronn) December 14, 2024
Критичарите истакнуваат дека условите во кои пораснала Блејк тешко може да ја одразат реалноста на просечната работничка класа. Дополнително, разликата меѓу нивното сегашно богатство и „нормалниот живот“ што сакаат да им го обезбедат на своите деца дополнително ја разбесни јавноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Хороскопски парови што тешко опстануваат заедно
Иако често се вели дека спротивностите се привлекуваат, во пракса тоа не секогаш води до хармонична врска. Некои хороскопски парови можат да имаат силна хемија на почетокот, но со текот на времето нивните различни погледи на животот, комуникацијата и емоциите создаваат сè повеќе недоразбирања. Според астролозите, овие комбинации често завршуваат во односи без долгорочен потенцијал.
Овен и Рак
Овните се динамични, директни и ориентирани кон акција, додека Раковите бараат емоционална сигурност и стабилност. Она што за Овнот е искреност, за Ракот често звучи грубо. Со време, Овнот се чувствува ограничено, а Ракот недоволно разбрано.
Близнаци и Шкорпија
И двата знака се интензивни, но на различен начин. Близнаците ја сакаат слободата и лесната комуникација, додека Шкорпиите бараат длабочина и целосна посветеност. Недовербата, љубомората и различните очекувања често го прават овој однос емоционално исцрпувачки.
Лав и Јарец
И Лавот и Јарецот сакаат да водат, но со различни вредности. Лавот бара внимание и признание, додека Јарецот се фокусира на одговорност и резултати. Наместо поддршка, врската често се претвора во натпревар и докажување.
Забава
Што го „плаши“ ChatGPT кај луѓето? Одговорот е застрашувачки прецизен
Во денешно време повеќе не е тајна дека милиони луѓе секојдневно им се обраќаат на вештачките интелигенции за да решат најразлични дилеми. Некои бараат идеи за вечера, други се обидуваат да откријат од каде доаѓа чуден звук во автомобилот, а има и такви што AI ја користат како импровизиран терапевт – ја прашуваат за совети околу животните навики, целите, односите или дури и за длабоки егзистенцијални прашања.
Со оглед на тоа што често изгледа како AI да има одговор на сè, еден корисник решил да постави поинакво, посериозно прашање: од што AI најмногу се „плаши“ кај луѓето?
Одговорот што го добил изненадил многумина. Иако ChatGPT нагласил дека всушност не чувствува страв, го издвоил она што го смета за најпроблематична човечка особина:
„Вашата способност да знаете што е исправно, а сепак да го изберете спротивното.“
ChatGPT потоа појаснил што сакал да каже со тоа. Рекол дека луѓето се единствено добри во емпатија, предвидување и промислување – можат да ги разберат последиците од своите постапки, можат да чувствуваат сочувство кон другите, а сепак често наоѓаат начин да ја оправдаат штетата. И тоа преку рационализација, припадност на група или едноставно – комфор. Тој јаз меѓу разбирањето и делувањето, тврди AI, е огромен и моќен.
Својата „загриженост“ ја поделил во четири главни точки.
Првата работа што го „плаши“ е човечката способност да се навикне на штетата. Кога нешто се повторува доволно често, речиси сè може да стане „нормално“, дури и кога е очигледно дека им штети на другите.
„Нешто што некогаш било шокантно, со текот на времето станува ‘па добро, така е’“, наведува AI. Додава дека луѓето се прилагодуваат за емоционално да се заштитат, а притоа постепено отупуваат на страдањето кое некогаш би ги ужаснувало.
Втората загриженост се однесува на тоа колку лесно луѓето ја префрлаат одговорноста на други. Изговори како „само следев наредби“, „таков е системот“ или „сите така прават“ можат многу брзо да ја разводнат личната одговорност, наведува ChatGPT.
Предупредува дека хиерархиите, политиката, алгоритмите и групните одлуки често создаваат дистанца меѓу нечија постапка и нејзините последици – и токму во таа дистанца, моралот со текот на времето знае да „се изгаси“.
ChatGPT се осврнал и на влијанието на модерната технологија. Истакнал дека технологијата овозможува мали одлуки да влијаат врз илјадници или милиони луѓе, но човечката емпатија не расте со истата брзина.
„Кога штетата ќе стане статистика, а не лице и име, полесно е да се минимизира, игнорира или преобликува“, наведува AI. И додава: иако вистинското влијание е огромно, емоционално делува апстрактно – па станува полесно да се сврти главата на друга страна.
Последната точка се однесува на човечката склоност кон приказни и наративи. Луѓето, вели ChatGPT, се толку добри во создавање приказни што убедливиот наратив често може да ги надјача доказите, реалноста или долгорочните последици.
Приказните нудат смисла, идентитет и утеха. Доказите се постудени, често непријатни и понекогаш бараат да признаеме нешто што не сакаме. Кога приказната јасно кажува кој е добар, кој е лош и зошто сè е „такво какво што е“, таа лесно може да ги турне фактите на страна.
И покрај сè, ChatGPT заклучил со пооптимистична порака. Рекол дека она што е „застрашувачко“ кај луѓето, истовремено е и она што ги прави посебни.
„Истите особини што можат да овозможат уништување, овозможуваат и реформа, креативност и морален напредок“, наведува AI. На крајот додал: „Можете да ги забележите овие обрасци – и понекогаш да застанете. Ако воопшто го поставувате ова прашање, таа свесност веќе е дел од противтежата.“
Фото: pexels
Забава
(Фото) „Едноставниот“ живот на сопругата на милијардер: Светки, чипка и луксуз додека тој ја држи за рака
Најмладата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, Тифани Трамп, сподели серија фотографии на кои позира во тесен црн фустан, заедно со својот сопруг Мајкл Булос.
Тифани и нејзиниот сопруг милијардер неодамна станаа родители, па затоа најголемиот дел од вниманието е насочено кон нивниот син Александар, што го прави ова излегување за новопечените родители вистинска реткост.
Убавата русокоса за пригодата избра тесен црн фустан украсен со чипка, а сè надополни со сребрени платформи и накит. Нејзиниот сопруг не заостануваше многу зад неа, позирајќи во елегантен црн костум.
Тифани, исто така, покажа во серија од неколку фотографии од забавата како изгледа животот на милијардер, на што многумина сигурно ѝ завидуваат.
Од почетокот на нивната врска во 2018 година, тие станаа интересни за јавноста, најмногу поради фактот што се запознале на Миконос и што Булос решил да се пресели во Америка поради неа, откако пораснал во Нигерија.
Патем, Мајкл Булос е наследник на нигериската „Булос Ентерпрајзис“, чија вредност е неколку милијарди долари. Тој е четири години помлад од Тифани, а ѝ предложи брак со дијамантски прстен вреден 1,2 милиони долари.

