Македонија
Скопје утрово е најзагадениот град во Европа
Скопје утрово е најзагадениот град во Европа, според податоците објавени на веб-страницата IQAir, за квалитетот на воздухот.
Главниот град е на десетто место, споредбено со градовите од целиот свет, зад Делхи- Индија, Лахор-Пакистан, Акра-Гана, Багдад-Ирак, Кабул-Авганистан, Дака-Бангладеш, Вухан и Ченгду во Кина и Ханој во Виетнам.
Според здружената иницијатива „Зелен хуман град“, секоја година од 3.828 до 5000 луѓе во Македонија ги губат своите животи како директна последица на изложеноста на штетните ПМ честички. Ова претставува 17,7 отсто од вкупната смртност во државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МНР му врачи протестна нота на рускиот амабасадор во Македонија
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека попладнево во министерството бил повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Сергеј Баздникин.
„Притоа, на рускиот амбасадор му беше врачена протестна нота со која се изразува силна осуда и протест за нанесената материјална штета од ракетниот напад на руските армиски сили врз Киев, при кој беше погодена и Амбасадата на Република Северна Македонија“, соопшти МНР.
Македонија
Движењето ЗНАМ до ВМРО-ДПМНЕ ја достави Националната платформа за македонско национално единство и дефинирање на црвените линии
Партиска делегација на Движењето ЗНАМ-За наша Македонија, во состав: Весна Бендевска и Павле Арсовски, потпретседатели и Горан Минчев,
генерален секретар на партијата, денеска ја достави Националната платформа за македонско национално единство и дефинирање на македонските
национални интереси до ВМРО-ДПМНЕ.
Бендевска изјави дека ќе ја доставвт платформата до коалиционите партнери и политичките партии за да се постигне национален консензус за клучните работи од интерес на државата, на внатрешен и надворешен план.
„Започнуваме и ќе ја доставиме на рака на нашиот коалиционен партнер ВМРО-ДПМНЕ. Тие ќе се запознат со содржината, а потоа ние сме подготвени да разговараме и да ги објаснуваме позициите што се содржани во нашата понудена национална платформа“, рече Бендевска.
Запрашана дали очекуваат платформата да ја прифатат од владиниот албански коалициски партнер „Вреди“, таа одговори дека ќе се разговара и
со нив.
„Очекуваме да ја разгледаат и да дадат свои забелешки. Текстот не е конечен и овозможува соработка. Конечно Македонија е мултикултурно и
мултиетничко општество. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, се обидува да ја врати државата, заедничка Македонија, на Крушевските принципи, на АСНОМ-ските принципи. Затоа откажувањето и пред да разговараме и да ја соопштиме содржината е претерано и избрзано. Верувам дека има можност, конечно сите сме одговорни за иднината на Македонија за нашите нови млади генерации“.
Во однос на ставот за отфрлање на предлогот од опозициските СДСМ и Левица, Бендевска рече дека не треба да се избрзува.
„Потребно е да ја проучат Националната платформа и потоа да го кажат својот став. Може да се направи заеднички документ кој би им одговарал на сите“, потенцира таа.
Во однос на поддршката од Европскиот фронт, кој исто така ја отфрли платформата, потпретседателката на ЗНАМ, Бендевска рече:
„Ние ќе направиме се’. И веруваме дека е можно да се најдат вистинските начини и Македонија да ја вратиме на вистинскиот пат, модерна, современа европска држава. Ќе си дадеме време. Ќе разговараме и подаваме рака на сите, бидејќи ова е навистина многу важен државнички чекор. Националната платформа е натпартиски, надетнички, над сите можни нивоа важна како чекор. Македонија прво треба национално внатрешно да се обедини за да зајакне нејзината меѓународна позиција“.
Македонија
Град Скопје: Најсовремени интерактивни дигитални табли за 23 средни училишта
Градот Скопје реализира уште едно ветување од програмата “За Модерно Скопје” во која е предвидено унапредување и модернизација на образовните институции на градот Скопје, соопштија од оваа институција.
„За опремување и модернизација на 23 средни училишта на Град Скопје, набавени се најсовремени интерактивни дигитални табли со цел следење на трендовите на дигитализација во образованието.
Современите интерактивни дигитални табли имаат можност за безжично поврзување со повеќе уреди и шест микрофони способни да го преклопат секој амбиентален шум. Taблите имаат вклучена камера со ултра широк агол од 120°, а квалитетот на сликата 4K Ultra HD обезбедува совршена боја и детали. Екранот на допир од термички обработено калено стакло спречува оштетување на панелите, а оптичката технологија овозможува јасен и видлив екран од секој агол што е важно за учениците во образовниот процес. На овој начин преку можностите кои ги нудат интерактивните дигитални табли се олеснува процесот за учениците и наставниот кадар“, истакнуваат од Град Скопје.