Македонија
Заврши процесот на стручни расправи за измените на Законот за Судскиот совет
Министерот за правда Игор Филков во свето обраќање во Врховниот суд рече дека сите досегашни дадени предлози се нотирани и заедно со денешните ќе бидат проследени до оптимизирана работна група, која ќе ги подготви соодветните законски измени.
„Верувам дека ќе добиеме соодветно законско решение што ќе ја постави основата за ефикасно функционирање на ова тело. Судскиот совет треба да ги врати легитимитетот, професионалноста и интегритетот со правилна примена за законските норми. Реформската агенда, која официјално беше одобрена од Европската комисија, на 23 октомври годинава нè обврзува до јуни 2025 година да имаме нов закон за Судскиот совет, во кој ќе бидат адресирани препораките од оценската мисија. Нè очекува и обврската нацрт-законот да биде разгледан од страна на Венециската комисија пред усвојувањето во државата, што создава притисок за што побрзо завршување на процесот. Реализацијата на секоја законска норма од овој дел зависи од секој судија, јавен обвинител, член на Судскиот совет, член на Советот на јавните обвинители и од дигнитетот и професионалноста на секој од нив“, потенцира министерот Филков.
За постигнување на оценката дека во државата владее правото, не е доволно само постапувањето на институциите на државата, туку клучно е и процесирањето на секоја кривична пријава во разумен рок, подигнување соодветни и издржани обвинителни акти и, секако, ефикасна судска постапка во однос на секое поднесено обвинение.
Само целосно затворен круг во ефикасна постапка е доказ дека системот во државата е функционален.
Ова е заедничка заложба за која е потребен заеднички придонес со цел враќањето на довербата на граѓаните во правосудните институции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

