Свет
Мал авион се урна во шума во Мексико, најмалку седум загинати, објавени фотографии
Најмалку седум лица загинаа во падот на мал авион синоќа во шумска област во западната мексиканска држава Халиско.
„Авион Цесна 207 кој летал од Ла Парота, во соседната држава Мичоакан, доживеа несреќа и падна во тешко пристапна област“ во источниот дел на Халиско, напиша на платформата Икс, цивилна заштита, објавувајќи фотографии од местото на несреќата.
#ENTÉRATE 🚨 *Accidente aéreo, Quitupan, Jalisco*
La tarde de este domingo, una avioneta tipo Cessna 207, proveniente de La Parota, Michoacán, sufrió un accidente aéreo, desplomándose en una zona boscosa de difícil acceso.
1/4 🧵 pic.twitter.com/CRNTp5txJw
— Protección Civil JAL (@PCJalisco) December 23, 2024
Полицијата, прва на местото на настанот, „прелиминарно пријавила смрт на седум лица“, но жртвите се уште не се идентификувани. Несреќата се случила недалеку од Мазамитла, регионална туристичка дестинација, пишува Франс Прес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

