Забава
По тужбата на Блејк Лајвли за Балдони за сексуално вознемирување, се огласи неговиот адвокат
Откако Блејк Лајвли го обвини нејзинот колега од филмот It Ends with Us, Џастин Балдони, за сексуално вознемирување, се огласи неговиот адвокат.
„Срамно е што Блејк Лајвли и нејзините претставници дадоа толку сериозни и категорично лажни обвинувања против Балдони и неговите претставници“, рече адвокатот на 40-годишниот актер, Брајан Фридман, во изјава за Њујорк Тајмс.
Тој, исто така, рече дека нејзините обвинувања се „уште еден очајнички обид да се поправи нејзината негативна репутација заработена со нејзините сопствени постапки за време на кампањата за филмот, интервјуата и медиумските активности кои беа прегледани јавно“.
„Нејзиното однесување се случуваше во реално време и не беше уредувано, така што луѓето на интернет можеа да формираат свои ставови и мислења за неа“, рече тој, додавајќи: „Нејзините нови тврдења се целосно лажни, навредливи и направени со намера Џастин јавно да се повреди и да се повтори приказната за нив во медиумите“.
Според Њујорк Тајмс, се огласила и славната актерка. „Се надевам дека мојата правна постапка ќе помогне да се повлече завесата на оваа злобна тактика да им наштети на луѓето кои зборуваат за недоличното однесување на другите и да помогне да се заштитат другите кои може да бидат цел“, рече таа.
Таа, исто така, негираше дека таа или некој од нејзините претставници подметнале или ширеле негативни и лажни информации за Балдони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Предновогодишен концерт на „Нокаут“ и диџеј Александар Јорданов в петок на „Боемска“
Општина Центар информира дека в петок, 27 декември, организира голем предновогодишен концерт „Вечер под ѕвездите“ со познатите македонски музички ѕвезди, групата „Нокаут“ и диџеј Александар Јорданов.
Предновогодишната забава ќе почне во 20 часот на „Боемска 1“.
Герасимовски информира дека за загревање на атмосферата ќе биде задолжен легендарниот диџеј Александар Јорданов по што ќе следува „Нокаут“.
„Качете се на временската машина на ‘Нокаут’ и запејте ги ‘Фатална опсесија’, ‘Лебедот бел’, ‘Телефонскиот број не постои’, ‘Илјада причини за крај’. Ветуваме убава атмосфера под новогодишните светилки на ‘Боемска’. Задолжителниот дрес код е добро расположение, насмевка и позитивни вибрации. Поканата важи за сите скопјани, ве покануваме на добра македонска музика, заеднички да го прославиме крајот на годината“, истакнува Герасимовски.
В среда, 25 декември, со почеток во 19 часот, ќе се одржи и настанот „Џез под ламба“ на пјацетата кај италијанска амбасада, каде што граѓаните ќе имаат можност да слушаат џез-верзија на македонските евергрини од „Искра Србиновска квартет“, но и да пробаат греено вино и печени костени.
Забава
(Фото) Над 3.000 аеродромци уживаа во предновогодишниот настан „Аеродром пулсира vol. 3“
Над 3.000 аеродромци во саботата уживаа во прекрасниот предновогодишен настан „Аеродром пулсира vol. 3“, што се одржа пред платото на „Џевахир мол“.
За целиот спектакл да тече беспрекорно се погрижи познатиот водител Марко Новески. Сите генерации во еден глас ги пееја безвременските хитови на легендарните Игор Џамбазов и Гури Харе, кои на свој уникатен начин внесоа посебна топлина меѓу публиката.
Потоа на сцената настапи Тони Зен, кој успеа вистински да ги размрда присутните, а особено воодушевување кај помладата публика предизвикаа Лара и Пајак со своите актуелни хитови.
Безвременската Каролина Гочева донесе посебна магија на вечерта и со својот моќен глас, како и секогаш, никого не остави рамнодушен.
„Аеродром пулсира Vol. 3“ заврши со спектакуларен огномет и со тоа полека ја заокружуваме 2024, со надеж дека 2025 ќе биде уште поуспешна година за сите, соопшти Општина Аеродром.
Забава
Масимо пееше болен на концертот на кариерата: „Никогаш не сум имал толкав страв од сцената“
На денешен ден пред две години почина Масимо Савиќ. Имаше 60 години. Веста што го потресе регионот ја соопшти неговото семејство.
„По кратка, но херојска борба, нè напушти нашиот татко, сопруг, гордост и љубов – Масимо Савиќ. Иако го напушти овој свет, вечно ќе живее во нашите души, насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност. Засекогаш ќе бидеме твоите девојки, Ени и Мирна“, објавија неговата сопруга и ќерката на неговата официјална страница.
На почетокот на ноември 2022 година Масимо одржа концерт на својата кариера во преполната загребска „Арена“. Тој им ги испеа своите најубави песни на илјадниците луѓе.
„Никогаш не сум имал толкава нервоза на концерт, никогаш“, рече тој за време на концертот.
Тој им пееше на обожавателите три часа – и беше болен. Тогаш никој на концертот не знаеше дека Масимо се бори со ракот на белите дробови. Медицинска помош го чекала зад сцената, објавија хрватските медиуми.
Една година подоцна, во чест на Масимо, неговиот животен концерт во загребската „Арена“ беше прикажан во кината „Синестар“ во целиот регион.