Свет
Бил Клинтон хоспитализиран
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон е хоспитализиран во Вашингтон откако разви треска, изјави неговиот главен помошник за Ен-би-си Њуз во понеделникот.
Клинтон (78) беше примен во Универзитетската болница „Медстар Џорџтаун“ на тестирање и набљудување откако му се покачи температурата“, рече Анхел Урења, заменик шеф на кабинетот на Клинтон.
„Тој е добро расположен и е благодарен за грижата што ја добива“, изјави Урења.
Извор близок до поранешниот претседател изјави дека ситуацијата „не е итна“.
„Поранешниот претседател ќе биде добро. Имаше треска и сакаше да се провери. Тој е буден и свесен“, рекол изворот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поради снежните врнежи, прогласена вонредна состојба во дел од Бања Лука: ќе биде ангажирана дополнителна мобилизација
Градскиот штаб за вонредни состојби во Бања Лука на денешната седница прогласи вонредна состојба и состојба на елементарна непогода предизвикана од обилните снежни врнежи за подрачјата на повеќе месни заедници во областа Бања Лука, соопшти градската управа.
Градската управа наведува дека органите, службите и компаниите на подрачјето на Бања Лука ќе бидат ангажирани и целосно ставени во функција со цел што поефикасно да се отстранат последиците од елементарната непогода предизвикана од снежните врнежи, односно да се расчистат патните комуникации на територијата на градот.
„Ќе се ангажира дополнителна мобилизација, а ќе се ревидира и постојниот акциски план. Вонредната состојба ќе трае сè додека има потреба од спроведување мерки за заштита и спасување, како и санирање на последиците од обилните снежни врнежи. Штабот вчера донесе одлука за формирање волонтерски тимови, кои ќе им бидат достапни на граѓаните во месните заедници, кои поради временските непогоди немаат струја и вода, а воедно ќе ги посетат и подрачјата на кои снегот е повисок од 40 сантиметри“, истакнуваат од градската управа на Бања Лука.
Активирани се и итни телефонски броеви, кои ќе им бидат достапни на граѓаните 24 часа.
Свет
Уапсен маж кој со автомобил прегази пешаци во Лондон
Страшен инцидент се случи во центарот на Лондон на Божиќ кога автомобил удри во пешаци. Четири лица се пренесени во болница, а едно се бори за животот.
Метрополитенската полиција бргу реагирала и го уапсила осомничениот за обид за убиство. Полицијата потврди дека инцидентот не бил терористички акт, пренесе „Дејли мејл“.
„Полицијата бргу реагира и за неколку минути го уапси мажот. Се верува дека осомничениот бил вклучен во расправија во ноќен клуб пред да се качи со својот автомобил на тротоарот“, изјави заменик-помошникот на полицискиот комесар, Стјуарт Канди.
На местото на инцидентот видливи се траги од крв и лични предмети.
Регион
Семејно насилство во Белград: ја малтретирал мајка си, па ѝ држел нож на грлото
Полицијата во Земун го уапси С. Н. (31), кој ја малтретирал и се обидел да ја повреди својата мајка.
По наредба на Третото основно јавно обвинителство, одредена му е мерка притвор во полиција до 48 часа.
Тој се сомничи дека по расправијата, ја клоцал мајка си, ја влечел за коса и на крајот ѝ држел нож под грлото и ѝ кажувал дека ќе ја убие.
Жената не е тешко повредена, пишуваат тамошните медиуми.