Свет
Путин откри дека ќе се сретне со Ал Асад, една работа останува мистерија
Рускиот претседател Владимир Путин има намера да се сретне со сменетиот сириски претседател Башар ал-Асад, кој доби политички азил во Русија, но сè уште не е познато точното време на нивната средба, изјави Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател.
„За време на неодамнешната конференција, во директна линија, претседателот (Владимир Путин) спомена дека ќе се сретне со Ал Асад, кој доби политички азил во Руската Федерација, но точното време на нивната средба сè уште не е познато“, рече Ушаков на брифинг.
Тој рече дека Путин и германскиот канцелар Олаф Шолц за време на телефонскиот разговор не го иницирале прашањето за организирање на посетата на Шолц на Москва.
Разговорот меѓу Путин и Шолц се случил во средината на ноември, наведува агенцијата.
„Имаше многу коментари на оваа тема, но искрено ќе ви кажам дека ова прашање не беше иницирано од ниедна страна“, им изјави Ушаков на новинарите одговарајќи на прашањето дали е можно Шолц да ја посети Москва.
На 20 декември германскиот дневен весник „Шпигел“ објави дека во опозициската ЦДУ кружат шпекулации дека Шолц во наредните денови би можел да замине во мировна мисија во Москва.
Прес-службата на германскиот кабинет соопшти дека медиумските написи за евентуалната претстојна посета на Шолц на Москва се фикција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поради снежните врнежи прогласена вонредна состојба во дел од Бања Лука: ќе биде ангажирана дополнителна мобилизација
Градскиот штаб за вонредни состојби во Бања Лука на денешната седница прогласи вонредна состојба и состојба на елементарна непогода предизвикана од обилните снежни врнежи за подрачјата на повеќе месни заедници во областа Бања Лука, соопшти градската управа.
Градската управа наведува дека органите, службите и компаниите на подрачјето на Бања Лука ќе бидат ангажирани и целосно ставени во функција со цел што поефикасно да се отстранат последиците од елементарната непогода предизвикана од снежните врнежи, односно да се расчистат патните комуникации на територијата на градот.
– Ќе се ангажира дополнителна мобилизација, а ќе се ревидира и постоечкиот акциски план. Вонредната состојба ќе трае се додека има потреба од спроведување мерки за заштита и спасување, како и санирање на последиците од обилните снежни врнежи. Штабот вчера донесе одлука за формирање на волонтерски тимови, кои ќе им бидат достапни на граѓаните во месните заедници кои поради временските прилики немаат струја и вода, а воедно ќе ги посетат и подрачјата каде снегот е повисок од 40 сантиметри – истакнуваат од Градската управа на Бања Лука.
Активирани се и итни телефонски броеви кои ќе бидат достапни на граѓаните 24 часа.
Свет
Уапсен маж кој со автомобил прегази пешаци во Лондон
Страшен инцидент се случи во центарот на Лондон на Божиќ кога автомобил удри во пешаци. Четири лица се пренесени во болница, а едно се бори за животот.
Метрополитенската полиција бргу реагирала и го уапсила осомничениот за обид за убиство. Полицијата потврди дека инцидентот не бил терористички акт, пренесе „Дејли мејл“.
„Полицијата бргу реагира и за неколку минути го уапси мажот. Се верува дека осомничениот бил вклучен во расправија во ноќен клуб пред да се качи со својот автомобил на тротоарот“, изјави заменик-помошникот на полицискиот комесар, Стјуарт Канди.
На местото на инцидентот видливи се траги од крв и лични предмети.
Регион
Семејно насилство во Белград: ја малтретирал мајка си, па ѝ држел нож на грлото
Полицијата во Земун го уапси С. Н. (31), кој ја малтретирал и се обидел да ја повреди својата мајка.
По наредба на Третото основно јавно обвинителство, одредена му е мерка притвор во полиција до 48 часа.
Тој се сомничи дека по расправијата, ја клоцал мајка си, ја влечел за коса и на крајот ѝ држел нож под грлото и ѝ кажувал дека ќе ја убие.
Жената не е тешко повредена, пишуваат тамошните медиуми.