Македонија
Најмногу снег на Попова Шапка
Утрово најладно било на Попова Шапка каде што се измерени -5 степени. -2 било во Маврови Анови, -1 во Тетово и Крушево, 0 во Охрид, Претор, Битола, Прилеп, Берово и Дебар, 1 во Скопје-Зајчев Рид и Крива Паланка, 2 во Скопје-Петровец, Куманово и Велес, 3 во Штип, Виница и Кавадарци, 4 во Демир Капија и Струмица, 5 степени било во Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2)
26 Гевгелија, 24 Охрид, Крушево, 23 Пожаране, 22 Тетово, 21 Пожар-Радовиш, 19 Маврови Анови, 17 Претор, 16 Демир Капија, 15 Скопје-Петровец, 14 Дебар, 13 Струмица, Прилеп, 12 Куманово, Попова Шапка, 10 Крива Паланка, Берово, 8 Битола, Виница, Велес, 6 Тополчани, 5 Кавадарци, 4 Штип, 2 Скопје-Зајчев Рид.
Висината на снежната покривка во седум часот утрово била 58 сантиметри на Попова Шапка, 55 во Маврови Анови, 15 во Тетово и Крушево, 10 сантиметри во Гостивар.
Времето во текот на ноќта и изутринава
Во текот на ноќта и утрово преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места во западните делови со врнежи од снег. Дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец со брзина до 40 km/h.
Времето денеска
Претежно облачно и студено со локални врнежи од дожд и снег, особено претпладне. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 1 до 6 степени.
Во Скопје претежно облачно и студено со повремен слаб дожд, а во повисоките делови од котлината со слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

