Македонија
СДС и Венко Филипче знаеја, молчеа и го одобруваа криминалот на Груби, вели ВМРО-ДПМНЕ
„СДС му слугуваа на ДУИ и на Артан Груби. Тоа го знаат сите и се беше на очиглед на целата македонска јавност. Сега се знае и зошто беше тој поданички однос на СДС кон ДУИ и Артан Груби. Затоа што беа соучесници во криминалот на Груби, кој со години и системски ја пљачкаше Македонијa и македонските граѓани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати зборуваше за криминалот на Артан Груби, но од другата страна кај неговите поданици, СДС, немаше никаква реакција. Напротив, тие продолжија верно до му служат до последен ден.
Плашејќи се да им падне владата на криминалната коалиција СДС-ДУИ, СДС заедно со Венко Филипче, кој своевремено беше висок државен и партиски функционер кога Груби ги правел милионите од Државна лотарија, збор не кажуваа против него.
За пуста власт и за владеење ден повеќе, СДС станаа измеќари на Артан Груби. Имаше многу што СДС да направи кога Груби играше фудбал во државни кабинети, кога од владата и од неговото министерство доделуваше тендери на фирмата на неговиот брат, или пак во последниот случај со кривичната пријава за злоупотреби од неколку милиони евра од Државна лотарија.
Ова се само дел од аферите на Артан Груби, за кои СДС мудро си молчеа и ништо не преземаа, за случајно да не им се налути па да ја натера ДУИ да излезе од владината коалиција и да не им падне владата. Болната желба за власт по секоја цена на СДС, доведе до тоа државниот буџет да биде оштетен за неколку милиони евра од Груби и неговата екипа.
СДС и тогашниот висок функционер, Венко Филипче знаеле за криминалот кој го прави Артан Груби, но за тоа молчеа и го одобруваа. СДС знаеше, молчеше и го одобруваше криминалот на Груби и крадењето на државата.
Поради овој поданички и измеќарски однос кон ДУИ и Артан Груби, СДС на чело со Венко Филипче треба да излезе пред македонската јавност и да им се извини на граѓаните.
За разлика од СДС кои беа глуви и слепи на очиглед на сите криминални дејанија, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вети правна држава и работи на тоа. Прва цел за постигнување на правната држава е бескомпромисната борба со криминалците. Одговорност за сите ќе има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Магла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и кај Крушево до 30 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

