Црна хроника
Уапсен 19-годишник од Беровско, шверцувал мигранти од Турција и Ирак

Денеска во 00.50 часот во близина на локален пат Гевгелија – село Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода 19-годишниот Д.Г. од село Будинарци, беровско.
Претходно, во близина на Граничен премин Богородица, полициски службеници забележале дека во возилото „алфа ромео“ со кочански регистарски ознаки, кое Д.Г. го управувал, влегуваат повеќе лица мигранти.
Д.Г. го запрел возилото и се обидел да побегне, но набргу бил пронајден и лишен од слобода, а при преглед во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти, од кои осум од Република Турција и двајца од Ирак.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава против Д.Г., а мигрантите се сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Крадци го разбиле катанецот и украле сандаци со пчели и мед во Штип

Вчера во СВР Штип, Г.Г. (47) пријавил дека во периодот од 12 до 16 август, со употреба на сила, бил отстранет катанец од метална врата на ограден простор под магистралниот пат Штип-Радовиш.
Според пријавата, одземени се сандаци од пчелни семејства, мед и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Бабата алармира: мајка физички го малтретирала тримесечното бебе во Струмица

Вчера во СВР Струмица, 40-годишна жена пријавила дека нејзиното тримесечно внуче било физички малтретирано од мајка му, сопруга на нејзиниот син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Црна хроника
Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возтасѕ пд 18 до 56 години.
По пријава во Полициската станица Бит Пазар, биле приведени С.Д. (50), С.С. (56), А.А. (19), С.Џ. (18), Џ.Р. (21), А.Д. (25), С.Д. (18) и Д.Д. (31), сите од Скопје.
Во тепачката биле користени разни тврди и остри предмети, а со тешки телесни повреди се здобиле С.Д. (33) и А.Д. (27). Уште неколку лица се здобиле со полесни повреди.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.