Забава
(Видео) Ќерката на Брус Вилис се сврши
Талула Вилис (30), ќерката на Брус Вилис, се сврши со својот партнер Џастин Аси. Таа ја сподели веста на Инстаграм заедно со неколку фотографии од нејзината романтична свршувачка. „Секој ден“, напишала накратко во описот.
Таа на своите следбеници го покажа својот дијамантски прстен, а сподели и видео каде покажа како нејзиниот вереник ја изненадил. Ливчиња од роза ја дочекаа на подот, а патеката исто така беше украсена со бројни свеќи. Судејќи по видеото, Џастин ја запросил пред каминот.
Таа сподели и фотографија со нејзиниот вереник и миленикот на нејзината мајка Деми Мур, кучето Пилаф. Коментарите беа исполнети со честитки од познатите ѕвезди и фанови.
„Најубавата љубов на која сум била сведок и гледала како расте. Многу ве сакам и двајцата. Џастин, среќна сум што те викам брат. Мојата мала Лула, мојот подарок, мојата кралица, моето срце е полно. Опседната сум со вас“, напиша нејзината сестра Румер (36).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кејт Мидлтон по божиќната миса прегрна жена која 20 години се борела со ракот
Британската принцеза Кејт разговараше и прегрна онколошки пациент по традиционалната божиќна миса со кралското семејство, откако и самата преживеа тешка година со дијагноза на рак.
Кејт му се придружи на кралот Чарлс Трети со нејзиниот сопруг Вилијам и нивните деца, 11-годишниот принц Џорџ, деветгодишната принцеза Шарлот и шестгодишниот принц Луис и кралицата Камила на кратката прошетка од замокот Сандрингам до црквата Света Марија Магдалена. На Чарлс оваа година му беше дијагностициран и рак.
Многу добронамерници дојдоа да ги поздрават, а некои ја поминаа ноќта таму за да го видат кралското семејство на нивната прошетка до црквата во Норфолк.
По богослужбата, која траела околу 45 минути, Кејт ја прегрнала 73-годишната Карен Меклин од Северен Линколншир, која изјавила дека преживеала „20 години рак“ додека разговарала со принцезата и кралот за болеста. Таа рече дека Чарлс и Кејт изгледаат „всушност многу добро, со оглед на тоа низ што минуваат“.
Забава
Парис Хилтон објави видео од 18+ пред бор и ги налути обожавателите: „Избриши го“
Парис Хилтон ги изненади своите фанови со бизарна божиќна честитка која ја објави на Инстаграм.
Таа сподели видео на кое позира пред новогодишна елка гола и завиткана во црвена лента со голема машна.
„Моето присуство е подарок“, напишала кратко таа со видеото кое предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Додека некои го пофалија нејзиниот потег, други и пишаа дека видеото е сосема несоодветно за Божиќ.
„Еден ден твоите деца ќе го видат ова“, „Не сакам да те видам вака“, „Колку е тажно за твоите деца и семејството“, „Мислам дека ова не е навистина соодветно“, „Ова е навистина срамно“, „Ова е очајнички крик за внимание“, „Зошто?“, „Ме разочаравте“, „Од сега повеќе не сакам да те следам на социјалните мрежи“, напишаа под видеото.
Забава
Откриено што Бен Афлек и купил на Џенифер Лопез за Божиќ
Американските таблоиди тврдат дека Бен Афлек и неговата поранешна сопруга Џенифер Лопез сепак си размениле божиќни подароци. „Пејџ Сикс“ пишува дека Афлек на пејачката и подарил потпишана книга од Марлон Брандо. Ова го открил сопственикот на Mystery Pier Books, Луис Џејсон. Тој тврди дека актерот претходниот викенд купил неколку книги.
Ова го потврдија извори блиски до актерот, тврди таблоидот.
„Бен и подари книга на Џенифер бидејќи е обожавател на Марлон Брандо. И двајцата купија подароци за децата. Тоа не беше ништо луксузно, но тоа е знак на внимание бидејќи и покрај разводот, тие останаа добри пријатели“, тврдат анонимни извори.
За потсетување, Лопез и Афлек се венчаа повеќе од 20 години откако се запознаа на снимање на филм. Двојката првпат се вери во ноември 2002 година. Неколку дена пред да се венчаат во септември 2003 година, тие ја откажаа венчавката наведувајќи го „прекумерното медиумско внимание“. Во јануари 2004 година тие официјално раскинаа, но 16 години подоцна и дадоа на својата љубов уште една шанса, која не траеше долго.