Забава
Северина на Бадник сподели видео со мајка си: „Таа е најдобра и најубава“
Северина сподели видео со нејзината мајка и најблиските пријатели на Бадник.
„Мајка ми е најдобра… и најубава“, напиша таа покрај видеото на кое ја гушка и бакнува мајка си за време на празнично снимање во нејзиниот дом. Со неа бил синот Александар и другите членови на семејството и најблиските пријатели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Роналдо и Георгина го поминаа Божиќ со Дедо Мраз во Лапонија со своите деца
Кристијано Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригез ги објавија своите божиќни честитки на Инстаграм. Празникот го прославија со своите деца кај Дедо Мраз во Лапонија.
„Најважниот дел од Божиќ“, напиша Роналдо. Покрај тоа, тој сподели и семејна фотографија на која седи на маса со Георгина и децата, сите облечени во исти пижами.
Неговата партнерка објави уште неколку фотографии. На една од нив може да се види дека семејството се возело со Дедо Мраз на санки влечени од ирваси. Георгина објави и видео на кое Роналдо и неговите деца гледаат низ прозорецот додека го чекаат Дедо Мраз да им донесе подароци.
И двајцата предизвикаа бројни реакции со своите честитки. Објавата на Роналдо ја лајкнале повеќе од 10 милиони луѓе, а на Георгина нешто повеќе од 2,6 милиони луѓе. Тие во коментар добија бројни честитки од нивните следбеници.
Забава
Кејт Мидлтон по божиќната миса прегрна жена која 20 години се борела со ракот
Британската принцеза Кејт разговараше и прегрна онколошки пациент по традиционалната божиќна миса со кралското семејство, откако и самата преживеа тешка година со дијагноза на рак.
Кејт му се придружи на кралот Чарлс Трети со нејзиниот сопруг Вилијам и нивните деца, 11-годишниот принц Џорџ, деветгодишната принцеза Шарлот и шестгодишниот принц Луис и кралицата Камила на кратката прошетка од замокот Сандрингам до црквата Света Марија Магдалена. На Чарлс оваа година му беше дијагностициран и рак.
Многу добронамерници дојдоа да ги поздрават, а некои ја поминаа ноќта таму за да го видат кралското семејство на нивната прошетка до црквата во Норфолк.
По богослужбата, која траела околу 45 минути, Кејт ја прегрнала 73-годишната Карен Меклин од Северен Линколншир, која изјавила дека преживеала „20 години рак“ додека разговарала со принцезата и кралот за болеста. Таа рече дека Чарлс и Кејт изгледаат „всушност многу добро, со оглед на тоа низ што минуваат“.
Забава
Парис Хилтон објави видео од 18+ пред бор и ги налути обожавателите: „Избриши го“
Парис Хилтон ги изненади своите фанови со бизарна божиќна честитка која ја објави на Инстаграм.
Таа сподели видео на кое позира пред новогодишна елка гола и завиткана во црвена лента со голема машна.
„Моето присуство е подарок“, напишала кратко таа со видеото кое предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Додека некои го пофалија нејзиниот потег, други и пишаа дека видеото е сосема несоодветно за Божиќ.
„Еден ден твоите деца ќе го видат ова“, „Не сакам да те видам вака“, „Колку е тажно за твоите деца и семејството“, „Мислам дека ова не е навистина соодветно“, „Ова е навистина срамно“, „Ова е очајнички крик за внимание“, „Зошто?“, „Ме разочаравте“, „Од сега повеќе не сакам да те следам на социјалните мрежи“, напишаа под видеото.