Македонија
Најмногу снег во Маврови Анови, најладно на Попова Шапка
Утрово најладно било на Попова Шапка каде што се измерени -5 степени, -4 се измерени во Маврови Анови, Крушево, -1 во Претор, Виница, 0 во Тетово, Штип, Куманово, Охрид, Битола, Прилеп, Берово и Крива Паланка, 1 во Демир Капија, Скопје-Петровец и Струмица, 4 во Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2)
12 Крива Паланка, 11 Демир Капија, 10 Виница, 8 Крушево, 7 Битола, Прилеп, 5 Струмица, Берово, Штип, 1 Скопје – Петровец, Претор, Куманово, Тетово.
Висината на снежната покривка утрово била 54 сантиметри во Маврови Анови, 43 на Попова Шапка, 15 Тетово, Крушево, 10 Гостивар.
Времето во текот на ноќта и изутринава
Од средината на ноќта во поголемиот дел од земјата се проширија врнежи од снег проследени со засилен северен ветер. Утринава Во делови од Скопје, во Крива Паланка и Струмица врнежите се од дожд, а на повеќе други места и понатаму паѓа слаб до умерен снег. Утрово дува засилен северен ветер одсобено долж Повардарието и на поголемите височини.
Времето денеска
Претежно облачно и студено со повремени локални врнежи од дожд во делови од Повардарието и од снег во повеќе останати делови од земјата а особено на северозападот и на северот. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h.
Максималната температура ќе достигне од 1 до 6 степени.
Во Скопје облачно и студено од изутрина во делови од регионот со повремен снег кој во средината на денот ќе преминува во повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)
Македонија
Облачно со повремени локални врнежи од снег
Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 2 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со пораст на температурите. До сабота ќе се задржи претежно стабилно време, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

