Забава
Откриено што ѝ купил Бен Афлек на Џенифер Лопез за Божиќ
Американските таблоиди тврдат дека Бен Афлек и неговата поранешна сопруга Џенифер Лопез сепак си размениле божиќни подароци. „Пејџ Сикс“ пишува дека Афлек на пејачката и подарил потпишана книга од Марлон Брандо. Ова го открил сопственикот на Mystery Pier Books, Луис Џејсон. Тој тврди дека актерот претходниот викенд купил неколку книги.
Ова го потврдија извори блиски до актерот, тврди таблоидот.
„Бен и подари книга на Џенифер бидејќи е обожавател на Марлон Брандо. И двајцата купија подароци за децата. Тоа не беше ништо луксузно, но тоа е знак на внимание бидејќи и покрај разводот, тие останаа добри пријатели“, тврдат анонимни извори.
За потсетување, Лопез и Афлек се венчаа повеќе од 20 години откако се запознаа на снимање на филм. Двојката првпат се вери во ноември 2002 година. Неколку дена пред да се венчаат во септември 2003 година, тие ја откажаа венчавката наведувајќи го „прекумерното медиумско внимание“. Во јануари 2004 година тие официјално раскинаа, но 16 години подоцна и дадоа на својата љубов уште една шанса, која не траеше долго.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Јелена Розга го одржа првиот од седумте закажани концерти во белградскиот „Сава центар“
Јелена Розга го одржа првиот од седумте закажани концерти во белградскиот „Сава центар“.
Во елегантна сина бунда, придружена со громогласен аплауз, Розга се појави пред публиката во преполната сала, а кога се качи на сцената ја испеа една од нејзините најемотивни песни „Циркус“.
„Добра вечер, добри луѓе. Веројатно можете да видите колку сум нервозна. Ви благодарам за толку убавото добредојде. Знаете, јас бев мало девојче кое сонуваше за „Сава центарот“. И еве ме. Ова немаше да се случи без вас што ми дававте љубов и огромна поддршка сите овие години“, рече Розга, едвај задржувајќи ги солзите.
„Таа љубов ќе ви ја возвратам на најдобар начин, а тоа е со песна. Ќе дадам се од себе. Уживајте! Пејте, ајде сите да застанеме на нозе”, извика таа на воодушевената публика.
Да потсетиме, Јелена со седмиот закажан концерт го собори рекордот на „Сава Центар“, кој го држеше Марија Шерифовиќ со шест закажани концерти во таа сала.
„Бројот 7 ме следи цел живот. Уште пред да го објавиме првиот концерт во „Сава центар“, сонував за 7. Среќна седмица. Ви благодарам што ги остваривте моите соништа“, изјави претходно Розга на социјалните мрежи.
Првиот и вториот концерт пејачката требаше да ги одржи на 20 и 21 декември, но ги одложи поради страшната трагедија што се случи во загрепското основно училиште каде загина 7-годишно дете.
„Згрозена и скршена од трагедијата во загрепското училиште, не можам да пеам вечерва и утре во „Сава центар“. Изразувам најдлабоко сочувство до сите кои беа трогнати од овој хорор. Концертите на 20 и 21 декември се одложени, новите термини на концертите се на 16 и 17. 1. 2025. Ќе има време за песна, сега е време за молк“, рече Розга пред неколку дена.
Забава
Конечно, решена најголемата мистерија на филмот „Сам дома“
Режисерот на класичниот „Сам дома“, кој за многумина е на врвот на листата на најдобри празнични филмови, Крис Колумбус, конечно стави крај на децениското прашање: „Од каде на родителите на Кевин Мекалистер толку луксузна куќа во Чикаго?”
„Тоа е она за што разговаравме со сценаристот Џон Хјуз и решивме со кои професии тие треба да да се занимаваат. Има неколку наговестувања во филмот. Ако ги забележавте танцувачките кукли што Кевин ги стави на прозорецот за да ги избрка криминалците Хари и Марвин, можеби претпоставувате дека Кејт Мекалистер е многу успешна модна дизајнерка“, рече режисерот.
Што се однесува до Питер Мекалистер (Џон Херд), деталите се малку понејасни.
„Таткото може, врз основа на сопственото искуство на Џон Хјуз, да работи во рекламна агенција“, објасни 66-годишникот, и додаде:
„Но, не можам да се сетам што точно правеше. Сепак, тој знаеше едно нешто сигурно, Питер немаше талент за форензика“, објасни Колумбус за „Холивуд репортер“.
„Тој не се ни занимаваше со организиран криминал, иако во Чикаго во тоа време имаше многу организиран криминал“, додаде Колумбус.
Сега кога е решена најголемата мистерија на популарната божиќна комедија од 1990 година, на фановите им преостанува само да уживаат во репризите бидејќи е тешко да се замислат празниците без еден од најдобрите празнични филмови на сите времиња.
Инаку, „Сам дома“ е комедија за малото момче Кевин Мекалистер (Меколи Калкин), кој случајно е оставен сам дома од семејството кога одат на одмор во Франција.
Лудилото започнува кога двајца несмасни крадци (Џо Пеши, Даниел Стерн) се обидуваат да му ја ограбат куќата во богатото предградие на Чикаго.
Забава
Денес, концерт „Ѕвездите на гранџот“ во Скопје
По експлозивниот трибјут на Pearl Jam, „Епидемик“ повторно доаѓа во Скопје со нивното уникатно шоу со наслов „Ѕвездите на гранџот“.
Публиката денеска во клубот „Маракана“ во Скопје, во 20.30 часот, ќе има одлична можност да ужива во најголемите гранџ-хитови од 90-тите во изведба на „Епидемик“ – Soudgarden, Nirvana, Alice in Chains, Rage Against the Machine….
Нивните изведби не се само музички искуства за љубителите на овој звук, туку и еден вид временска машина, која ве враќа во периодот кога гитарските рифови и искрените текстови беа во срцето на рок-сцената.