Свет
33 лица загинаа во бунт во затвор во Мозамбик: повеќе од 1.500 затвореници избегаа
Најмалку 33 лица загинаа, а 15 се повредени кога избувнаа немири во затвор во главниот град на Мозамбик, изјави полицискиот командант Бернардино Рафаел.
За време на инцидентот од затворот избегале 1.534 лица, но досега се фатени 150, изјави Рафаел, пренесе Ројтерс.
Мозамбик моментално доживува ескалација на граѓански немири поврзани со спорните избори во октомври, кои ја проширија власта на партијата Фрелимо. Опозиционерите и нивните поддржувачи тврдат дека изборите биле наместени.
Додека Рафаел ги обвини протестите надвор од затворот за поттикнување немири, министерката за правда Хелена Кида изјави за локалната приватна телевизија Мирамар ТВ дека немирите започнале внатре во затворот и немаат никаква врска со протестите надвор од затворот.
„Судирите што следеа резултираа со 33 смртни случаи и 15 повредени во околината на затворот“, рече Рафаел на прес-конференција.
Министерот за внатрешни работи на Мозамбик во вторникот изјави дека најмалку 21 лице загинале во немирите откако највисокиот суд во земјата во понеделникот ја потврди победата на Фрелимо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на израелската дипломатија: Западот е измамен во Сирија
Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар тврди дека новата администрација во Сирија го измамила Западот по соборувањето на режимот на Башар ал Асад.
Зборувајќи за „Џерусалим пост“, Саар даде своја оценка за новата администрација во Сирија.
Обвинувајќи ја администрацијата на чело со Ахмед ал Шара дека е „екстремистичка“, Саар рече дека се сомневаат во новата администрација и дека има причини za toa.
„Знаеме дека Западот е измамен во Сирија“, рече Саар, истакнувајќи дека многу владини претставници заминале во Дамаск за да се сретнат со сириската администрација.
Одговарајќи на прашање дали други земји му предложиле на Израел воспоставување односи со Дамаск, Саар рече дека има и такви кои сакаат тоа да се случи.
Регион
Maж во БиХ ја убил сопругата, па самиот се пријавил во полиција
Нов случај на фемицид се случи во Босна и Херцеговина, каде 63-годишен маж ја застрела сопругата, потврди локалното обвинителство. Злосторството било извршено синоќа во градот Кључ во северозападниот дел на Босна, а полицијата за тоа добила информација утрово.
Веднаш го известиле жупанското обвинителство, а од таму потврдиле дека истрагата утврдила дека во семејна куќа во населбата Велагиќи маж со иницијали К.М. (63) пукал и ја убил сопругата.
Тој се предал во Полициската станица Кључ и веднаш бил приведен. Во тек е истрага за утврдување на сите околности на оваа трагедија.
Зголемениот број и бруталност на убиства во кои жртвите биле сопруги или партнери на луѓето кои ги убиле, предизвикаа нов бран протести во земјата и сè поинтензивна кампања против родово базираното насилство, но законодавството во БиХ сè уште не го дефинира фемицидот како особено тежок облик на кривично дело што би се казнило построго.
Фемицидот во правната практика се дефинира како родово засновано убиство мотивирано од чувството на супериорност над жените.
Дополнително, голем процент од жените во БиХ се изложени на различни форми на насилство, па во првите девет месеци од 2024 година речиси пет илјади од нив побарале помош и совет преку специјално воспоставените СОС телефонски линии.
Нема официјална статистика која би важела за цела БиХ и би третирала случаи на фемицид, но различни невладини организации во таа земја собрале информации за најмалку 60 жени кои биле убиени од нивните партнери од 2015 година. Податоците се достапни на веб-страницата на организацијата Мрежа на жени.
Свет
Израел: Во терористички напад избодена 80-годишна жена, напаѓачот е приведен
Постарата жена која беше избодена и тешко ранета во терористички напад во градот Херцлија, Израел, им подлегна на повредите, соопштија денеска израелските здравствени власти.
Од болницата во Тел Авив, каде што била пренесена, велат дека жената имала 80 години и била избодена повеќе пати.
Напаѓачот бил застрелан од обезбедувањето во близина и приведен од полицијата, пишува „Тајмс оф Израел“.
Неговата состојба засега не е позната.
Полицијата соопшти дека истрагата е во тек и дека комесарот Даниел Леви се упатил на местото на терористичкиот напад.