Свет
(Видео) Во својата божиќна порака кралот Чарлс изрази благодарност до лекарите за поддршката во процесот на лекување
Во овогодинешната божиќна порака, кралот Чарлс одлучи да им се заблагодари на сите што му помогнаа на неговото семејство во 2024 година.
По една предизвикувачка година во која тој и неговата снаа Кејт Мидлтон се отворија за нивните дијагнози за рак, кралот Чарлс истакна дека секој поминува низ некакво страдање во одреден момент од својот живот.
“Across the Commonwealth, we are held together by a willingness to listen to each other, to learn from one another and to find just how much we have in common.”
📺 Today, in his annual Christmas Broadcast, His Majesty has spoken of the importance of supporting and learning from… pic.twitter.com/Xej3yvyolc
— The Royal Family (@RoyalFamily) December 25, 2024
„Степенот до кој меѓусебно си помагаме и поддржуваме, без разлика дали сме верници или не, е мерка за нашата цивилизација. Денеска ви зборувам од поранешна болничка капела во Лондон. Мислам особено на многуте професионалци и волонтери овде во Обединетото Кралство кои ги користат своите вештини и љубезност за да се грижат за другите, често на своја штета“, изјави кралот Чарлс.
Тој истакна дека искрено им е благодарен на несебичните лекари и медицински сестри кои го поддржаа него и членовите на неговото семејство оваа година низ проблемите што ги донесе болеста.
„Тие ни помогнаа со тоа што ни ја дадоа потребната сила, грижа и утеха. Јас сум длабоко благодарен на сите што ни испратија убави зборови и охрабрување“, рече тој.
За потсетување, Кејт Мидлтон неодамна официјализираше дека го завршила третманот со хемотерапија во септември, додека третманот на кралот Чарлс продолжи и ќе продолжи и следната година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Украина ѝ го испрати на Сирија пакетот прва помош во форма на храна
Украина, главен светски производител и извозник на жито и маслодајни семиња, ја испрати првата серија помош во храна во Сирија, изјави денеска украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Зеленски рече дека 500 метрички тони пченично брашно се на пат за Сирија како дел од хуманитарната иницијатива „Жито од Украина“ во соработка со Киев и Светската програма за храна на Обединетите нации, пренесува „Ројтерс“.
Зеленски истакна дека во наредните недели се планира пченично брашно да биде поделено на 33.250 семејства или 167.000 луѓе.
Регион
(Видео) Вучиќ: Зад мене ќе остане најдоброто време за Србија во нејзината историја
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на социјалните мрежи објави видео со порака:
„Јас живеам за Србија. Дали ме сакаат или не, резултатите кажуваат се“, вели тој.
„Зад мене ќе остане најдоброто време за Србија во нејзината историја. Србија реално ги има највисоките плати во својата историја. Србија реално ги има највисоките пензии во својата историја. Србија ја изгради својата патна и железничка инфраструктура, како никогаш досега во својата историја. Дали е сето тоа точно, Србија ја изгради својата научна и технолошка инфраструктура, Србија никогаш во својата историја не давала толку пари како што дава денеска за земјоделството. И тоа е наследство од мојата политика, му се допаѓало тоа некому или не. Тоа се резултатите, сакале вие тоа да го признаете или не“, вели Вучиќ.
Свет
Штајнмаер го распушти Бундестагот, парламентарните избори во Германија на 23 февруари
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска го распушти Бундестагот и најави предвремени парламентарни избори за 23 февруари 2025 година.
„Во тешки времиња потребна е функционална влада“, рече Штајнмаер во објаснувањето на својата одлука.
„Затоа сум убеден дека новите избори се вистинскиот пат за благосостојбата на нашата земја“, изјави Штајнмаер, пренесуваат германските медиуми.
Политичките партии во Германија веќе се договорија датумот на избори да биде 23 февруари, но за тоа беше потребно распуштање на Бундестагот во согласност со член 68 од германскиот Устав.
Минатиот понеделник канцеларот Олаф Шолц побара доверба од Бундестагот и го загуби гласањето откако се распадна владејачката коалиција, пренесува „Танјуг“.
Тој тогаш му предложи на сојузниот претседател Бундестагот да се распушти и со тоа да се отвори вратата за нови избори, а според Уставот, сојузниот претседател тоа може да го направи во рок од 21 ден, но не е должен да го стори тоа.