Македонија
„Евтини се изговорите што сега ги пласираат, граѓаните скапо ги плаќаат погрешните политики на Мицкоски“, велат од СДСМ
„Откако мерката со кошнички доживеа целосен дебакл, а Мицкоски им дозволи на големите трговци да профитираат на грбот на граѓаните многу провидни и евтини се изговорите кои сега ги пласираат. Не поминува оваа маниулација. Граѓаните претрпеа голема штета и многу скапо ги плаќаат погрешните политики на Мицкоски“, велат од СДСМ.
„Шест месеци откако ДПМНЕ ја презеде власта, се чуствува голема економска несигурност, намалување на животниот стандард на граѓаните и нивно осиромашување.
Сметките растат, цените растат, а Владата со лажни кошнички и измами се обидува да ги излаже луѓето дека нешто прави.
Реалноста е сосема друга од онаа која сака да ја презентира Мицкоски, а граѓаните тоа најдобро го знаат кога ги отвараат паричниците во кои имаат се помалку пари. За жал, оваа Нова година тие ќе ја дочекаат многу поскромно и понесигурно.
Политиките на Мицкоски јасно покажуваат дека тие се насочени кон заштита на интересите на елитата, додека најголемиот дел од граѓаните трпат.
Последните податоци покажуваат дека минималната синдикална кошница за месец декември е зголемена за 840 денари и изнесува 62.861 денари. Ниту две минимални плати веќе не се доволни за основните потреби на луѓето.
Владата дозволи трговците да ги зголемат цените, што е директна последица на нивната неспособност и недостаток на соодветни мерки. Наместо санкции, слушаме само апели и празни зборови.
Во изминатите шест месеци нема раст на минималната плата, просечната плата стагнира, а добро воспоставениот систем за зголемување на платите од времето на СДСМ е целосно напуштен. Ова доведе до полош животен стандард денес, иако кризите од претходните години се зад нас.
Дополнително, Владата на ВМРО-ДПМНЕ најавува мерки кои дополнително ќе го влошат животот на граѓаните: укинување на „недела неработен ден“, зголемување на старосната граница за пензионирање и покачување на ДДВ на 19,5%. Овие политики се директен удар врз работниците и граѓаните.
ДПМНЕ уште еднаш покажува дека нивниот приоритет не се граѓаните, туку нивните бизнис интереси“, соопшти СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Магла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и кај Крушево до 30 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

