Македонија
„Влен“: ДУИ нон грата крадеше и во пописот на населението, милиони евра во нивните џебови
„Кога зборуваме за корупција, мислиме на ДУИ нон грата. Корупцијата не е болест, туку ноторна појава која е присутна во едно општество како резултат на ненаситни и деструктивни луѓе“, соопшти ВЛЕН.
„Претходната власт, особено партијата на црната листа ДУИ, исто така го злоупотреби процесот на попис на населението. И во овој сложен процес ДУИ не остави без злоупотреби и преку овој процес се обиде да ги збогати своите функционери. Тие мислеа само на џебот, а не на фер процес и олеснување на процедурите за граѓаните каде што ќе им овозможат на сите да се попишат. Потсетуваме, во овој период директор на Државната агенција за статистика беше Апостол Симовски, додека заменик директор беше Илми Селами од редовите на ДУИ, но во овој случај во процесот на регистрација тие имаа обврзан потпис.
За процесот на регистрацијата обезбедени се буџетски средства во износ од 7,9 милиони евра, од кои 49% од трошоците се наменети за техничка опрема, поточно за набавка на лаптопи.
За потребите за регистрацијата, на јавниот тендер се побарани 5.650 лаптопи со вкупна вредност од 3,9 милиони евра, под услов веднаш да се испорачаат.
На вчерашната прес-конференција обелоденивме шокантни детали за тоа како ДУИ го спроведе процесот на регистрација, но партијата нон грата продолжува да молчи.
Ваквиот начин на спроведување на постапката за јавна набавка, со приложување на анекси кон основниот договор со кои се менуваат условите и роковите за реализација на договорот и времето на плаќање предвидено во тендерската документација, без професионално и соодветно прифаќање на лаптопите, не обезбедува целосна транспарентност на постапката и не овозможува фер конкуренција на сите оператори. Во овој случај имаме работа со прекршување на законот. Како што потврди Државната ревизија, во овој случај имаме повреда на постапките за јавни тендери.
Прашуваме како се дрзнале да примат/испорачаат 5.650 лаптопи знаејќи дека немаат соодветна експертиза.
Коалицијата ВЛЕН ќе ги демаскира пред јавноста и ќе ги открие нивните вистински лица. Додека ДУИ заедно со нивните следбеници ќе остане само лоша приказна за Албанците. Партиа нон грата ДУИ освен во конкуренција за криминал во ништо друго не може да конкурира за првото место.
Коалицијата ВЛЕН најави дека нема да има компромис со оние кои се вмешани во корупција и 20 години по ред им нанесуваат штета на Албанците, затоа го повикуваме Обвинителството да ги истражи овие злоупотреби при процесот на регистрација, кои се забележани и во извештајот на Државниот Завод за Ревизија.
Лагите, манипулациите и тајните зделки, мораат да излезат на виделина. Дојде време за одговорност!“, соопшти ВЛЕН.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре почнува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителството со тим од 15 обвинители
Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март, а во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, почнува утре, во судницата во затворот „Идризово“.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски најави дека обвинението ќе го застапува тим од околу 15 обвинители, со веќе утврден план за нивна координација.
„Во судница обвинението ќе го застапуваат истите обвинители што беа и досега, но најверојатно ќе ангажираме уште неколку, за да не се одолговлекува постапката. Од наша страна сме целосно подготвени и екипирани“, изјави минатата недела Коцевски.
Обвинението, поднесено во јуни годинава, опфаќа 34 физички и три правни лица, обвинети за тешки дела против општата сигурност. Меѓу нив се тројца поранешни градоначалници на Кочани, четворица директори на Дирекцијата за заштита и спасување, пет државни службеници, генерален секретар и двајца поранешни министри за економија. Првообвинети се тројцата одговорни лица и сопственици на фирмата чија подружница било кабарето „Пулс“.
Покрај главниот предмет, се води и посебна истрага против 13 полицајци поврзани со случајот, која се одвива побавно поради одложени сослушувања на сведоци. Одлуката од Јавното обвинителство се очекува на почетокот на декември.
Во Основното јавно обвинителство Кочани се води и предистражна постапка против службеници на Управата за јавни приходи.
Според обвинителниот акт, со години се кршеле закони, се прикривале неправилности и се дозволувало објектот да функционира иако не ги исполнувал ниту минималните услови за безбедност. Обвинети се сопственици на дискотеката, членови на нивните семејства, архитектка, ексградоначалници, инспектори, обезбедувачи и државни функционери.
Македонија
23-годишник од Волково принудувал петгодишно девојче на полови дејствија, поднесено обвинение
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 23-годишник од Волково, бидејќи се обезбедено докази дека извршил други полови дејствија со девојче кое не наполнило 15 години согласно член 188 став 5 од Кривичниот законик.
Во временскиот период од мај до јули годинава, обвинетиот во својот дом принудувал петгодишно девојче на полови дејствија и и се заканувал дека не смее да му кажува за тоа на нејзиниот татко.
Заедно со обвинението, надлежниот јавен обвинител до судот поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
Македонија
Филипче слепо ја следи агендата на Заев и ја игнорира потребата од реформи во партијата, смета ВМРО-ДПМНЕ
Венко Филипче безрезервно ја следи политичката стратегија на Заев штитејќи ги бизнис интересите на кланот Заеви, а притоа целосно ги игнорира барањата на базата во партијата и ја занемарува потребата од реформи, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче доживеа дебакл на изборите со само 120 илјади гласа и 6 општини ја уништи довербата кај граѓаните и членството на партијата. Единствен приоритет на Филипче е исполнување и реализација на барањата и планот на Заев. Реформите и напредокот на СДС се во втор план на Филипче, а фокус му се желбите и заштитата на Заев. Филипче делува по насока на Заев, потврда за тоа е изборот на лојални кадри блиски до Заев и поставувањето на Александар Трајановски за потпретседател на партијата“. велат од партијата.
И додека Филипче ја турка СДС во лидерска криза, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, актуелни и поранешни функционери се дистанцираат од него и не сакаат да бидат дел од раководството на СДС токму поради недовербата во неговото лидерство.
„Филипче со своето делување ги блокира реформите во партијата. Единствен чекор со кој може да ја спаси партијата од дополнително раслојување е оставка и целосна внатрешна реформа низ транспарентен и демократски процес. На Македонија и е неопходна силна и конструктивна опозиција“, смета ВМРО-ДПМНЕ.

