Македонија
Антикорупциската комисија реагира: Немаме надлежност да ја истражуваме веродостојноста на сертификатот на Христовски
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) реагира повторувајќи дека нема надлежност да ја истражува веродностојноста на сертификатот по англиски јазик на директрот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски.
Реакцијата следува откако претходно портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, ја повика ДКСК да ја повлече одлуката за непостапување по овој случај и да ја преиспита.
Од антикорупциската комисија во таа насока велат дека како институција, при разгледување на секој предмет, ги утврдуваат
фактите преку информации што ги прибавуваат од други надлежни институции и при носењето на одлуките постапуваат исклучиво во рамките на нивните законски надлежности.
„Во однос на предметот за директорот на АНБ, што се однесува на оспорената факултетска диплома, надлежна иснтитуција што ги утврдува фактите е Државниот просветен инспекторат врз основа на чиј записник од спроведниот инспекциски надзор е донесена одлуката на ДКСК. Во однос на овој случај, сакаме да укажеме дека ДКСК нема надлежност да презема истражни дејства во однос на веродостојноста на сертификатот за познавање странски јазик и тоа прашање е во надлежност на истражните органи“, велат од Комисија.
Што се однесува до членот на ДКСК, Цвета Ристовска, укажуваат дека нејзината соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје била на ниво на гостин предавач и никогаш за финансиски надомест или друг тип договорна соработка. Од таму сметаат дека не постои никаков судир на интерес бидејќи нема никаква поврзност со наведниот универзитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

