Свет
Перу прогласи еколошка катастрофа по излевањето нафта во океанот

Перуанската влада прогласи еколошка катастрофа во крајбрежната област на северот на земјата, каде што минатиот викенд во Тихиот океан се излеа пратка сурова нафта од државната нафтена компанија.
Брод што маневрираше пред испуштање нафта предизвика излевање на терминалот на рафинеријата Талара во северниот дел на Перу во саботата.
„Петроперу“ не кажа колку сурова нафта се излеа во океанот, но Агенцијата за заштита на животната средина на Перу ОЕФА во првичниот извештај рече дека околу 10.000 квадратни метри водена површина се контаминирани, а Министерството за заштита на животната средина објави дека се зафатени најмалку седум плажи и локална фауна.
Локалните власти соопштија дека нафтата се излеала на крајбрежни растенија и животни, како што се раковите, кои се загрозени. Рибарите, пак, се пожалија дека не можат да работат поради инцидентот.
„Не можеме да одиме на риболов веќе шест дена“, изјави рибарот Мартин Пасос за локалното радио RPP.
„Она што се случи е хаос“, додава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Зошто Трамп се премисли за царините по само една недела – пресудна една работа

Одлуката на Доналд Трамп ненадејно да објави тримесечна пауза за новите царини го откри неговиот праг на политичка издржливост – точно една недела, пишува во својата анализа Си-Ен-Ен.
„Почнаа да кукаат“, рече Доналд Трамп, коментирајќи ги критиките кои паѓаат на адреса на Белата куќа во последните денови, додавајќи: „Почнаа да се нервозни, исплашени“.
Дури и за претседател познат по ненадејни пресвртници, вчерашниот ден беше драматичен. Трамп најави пауза на долго најавуваните царини само еден ден откако енергично ги бранеше, додека неговиот главен трговски претставник истовремено сведочеше на Капитол Хил за придобивките од истите тие царини – очигледно несвесен дека неговиот шеф се повлекува од нив.
Поканите од светот на бизнисот и политичките кругови го насочија вниманието на Трамп токму кон пазарот на обврзници. Особено се истакна шефицата на кабинетот Сузи Вејлс, која се обиде да му објасни на Трамп дека неговиот политички капитал протекува додека берзите тонат, а републиканските пратеници добиваат се повеќе гневни повици од граѓаните.
Кога Трамп синоќа објави дека царините се на пауза, многумина во Белата куќа го слушнаа тоа во исто време со остатокот од светот – преку Truth Social. Неговиот сопствен трговски претставник, Џејмисон Грир, кој сведочеше пред Конгресот во тоа време, не даде никакви индикации дека нешто се менува.
„Изгледа дека вашиот шеф само што го ви го извлекол тепихот од под вашите нозе“, изјави конгресменот Стивен Хорсфорд од Невада.
Бесент со тврдење дека паузата не е пораз, туку дел од поширока стратегија: „Потребна беше многу храброст да се издржи до овој момент“. Но, Трамп, исто така, рече дека некои американски компании може инстинктивно да бидат ослободени од царинскиот режим, што дополнително ќе ги збуни пазарите.
На прашањето дали неговиот кредибилитет бил оштетен од ненадејниот пресврт, Трамп рече: „Морате да бидете флексибилни. Погледнете како се менуваат пазарите денес“.
Вчера наутро економскиот тим на Белата куќа беше фокусиран на драматичниот пад на побарувачката за американски обврзници. Првото издание по објавувањето на новите царини помина лошо. Некои аналитичари сметаат дека странските земји намерно избегнувале да купат американски долг.
Бидејќи приходите од обврзници финансираат програми кои не се покриени со даночни приходи, падот предизвика сериозна загриженост дека пошироката агенда на Трамп е оспорена.
Бесент се обиде да ја смири јавноста на телевизија велејќи дека „таквите движења се непријатни, но нормални“, но неговиот приватен разговор со Трамп гласеше поинаку. Според изворите, претседателот интензивно следел што се зборува за него, а меѓу најважните моменти бил настапот на Џејми Димон, шеф на JPMorgan, кој на Fox Business изјавил дека „рецесијата е веројатниот исход“ на трговската војна.
„Пазарите не се секогаш во право, но понекогаш се во право“, рече Димон.
Трамп вчера се обиде да го искористи краткорочниот раст на берзите како своја победа, без да ги спомене рекордните загуби од претходната недела. Пред Белата куќа тој ја коментираше својата одлука:
„Така оди во финансиите. Мора да знаете како да се прилагодите“, им рече тој на новинарите, алудирајќи на берзите.
Свет
Австралија го отфрли предлогот на Кина заеднички да се спротивстават на американските царини

Австралија денеска го отфрли предлогот на Пекинг да работи заедно за да се спротивстави на американските царини, велејќи дека наместо тоа ќе продолжи да ја зајакнува својата трговија и да ја намали зависноста од Кина, нејзиниот најголем трговски партнер.
„Нема да се држиме за рака со Кина во врска со каков било конфликт што се случува во светот“, изјави вицепремиерот Ричард Марлс за Sky News, реагирајќи на предлогот на кинескиот амбасадор двете земји да „работат заедно“ на полето на трговијата. Тој рече дека Австралија ќе ја изгради својата економска отпорност со зајакнување на трговските врски со Европската унија, Индонезија, Индија, Велика Британија и Блискиот Исток, според Ројтерс.
Кинескиот амбасадор во Австралија, Ксијао Киан ја повика Канбера да соработува со Пекинг за одбрана на мултилатералниот глобален трговски систем. „Под новите околности, Кина е подготвена да им се придружи на Австралија и меѓународната заедница за заеднички да одговорат на промените во светот“, рече Ксијао.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека привремено ќе ги намали високите царини за десетици земји, но ќе продолжи да ја таргетира Кина, зголемувајќи ги тарифите од 104 на 125 отсто.
Ова може да претставува ризик за Австралија, која извезува речиси една третина од својата стока во Кина, според Ројтерс. Извозот во САД сочинува помалку од пет проценти од вкупниот извоз на стока на Австралија. Премиерот рече дека иако царините за Австралија, клучен американски безбедносен сојузник во Индо-Пацификот, немаат основа во логиката, неговата влада нема да му возврати на Вашингтон, пренесува Танјуг.
Свет
Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб „Џет Сет“ се искачи на 184

Бројот на загинати во уривањето на покривот во ноќниот клуб „Џет Сет“ во Санто Доминго се искачи на најмалку 184, соопштија властите, додека потрагата по исчезнатите продолжува.
Директорот на Центарот за вонредни ситуации Хуан Мануел Мендез изјави дека спасувачките тимови се уште се на терен во потрага по тела и можни преживеани, иако никој не бил пронајден жив до вторник попладне, пренесе АП.
„Ние нема да оставиме никого. Продолжуваме да работиме“, рече Мендез.
Несреќата се случила ноќта помеѓу понеделникот и вторникот, додека стотици луѓе уживале во концертот на познатиот пејач Рубио Перез. Во клубот во тој момент имало музичари, спортисти и официјални лица.
Прво почнала да паѓа прашина од таванот, а потоа се урнал покривот и ги затрупал посетителите со бетонски плочи.
Досега се идентификувани 54 тела, додека најмалку 33 остануваат неидентификувани.
Повеќе од 200 луѓе се повредени, а најмалку 20 лица се хоспитализирани, од кои осум се во критична состојба.
Причината за уривањето на покривот се уште не е позната, а истрагата е во тек. Се огласи и сопственикот на клубот „Џет сет“, кој изјави дека соработува со надлежните, додека одговорноста за евентуалните пропусти се уште се истражува.