Забава
Бен Афлек ѝ испрати на Џенифер Лопез божиќен подарок по разводот

И покрај тоа што моментално се во процес на развод, Бен Афлек реши да ја изненади својата поранешна сопруга Џенифер Лопез со божиќен подарок кој за двајцата има посебно значење.
Според списанието „Пејџ сикс“, Афлек одлучил да ја изненади Џенифер Лопез со потпишана книга од легендарниот актер Марлон Брандо, која ја купил во книжарницата „Mystery Pier Books“ во Западен Холивуд.
Според извори блиски до парот, Бен купил неколку книги по тој повод, а потоа се упатил на семеен божиќен ручек во ексклузивниот клуб Сохо Хаус.
Овој подарок не беше случаен избор, бидејќи Џенифер Лопез е голем обожавател на Марлон Брандо, а нејзиниот костим за настапот на Супер Боул беше инспириран од тој голем актер. Со овој подарок, Афлек уште еднаш покажа дека ги знае нејзините интереси и желби, нагласувајќи ја длабоката поврзаност што ја споделувале во текот на нивните години брак.
Инаку, Бен Афлек празничната сезона ќе ја помине со својата најстара ќерка Виолет, која се врати дома од Универзитетот Јеил за божиќните празници. Заедно со неа се и неговите деца – Серафина и Самуел.
Сепак, Џенифер Лопез планира да ги прослави празниците со својата сестра Линда и мајката Гвадалупе во Лос Анџелес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ова се трите најблагородни хороскопски знаци: светот е поубав благодарение на нив

Во свет во кој сите бркаат лични цели, постојат ретки луѓе што никогаш не забораваат да се огледаат околу себе. Оние што застануваат да помогнат подаваат рака кога е потребно и се насмевнуваат без скриени намери.
Во астрологијата некои хороскопски знаци се издвојуваат по својата благородност; тие се оние што го прават светот поубаво, потопло и подобро место.
Лав
Иако често имаат репутација дека сакаат да бидат во центарот на вниманието, Лавовите се, всушност, неверојатно благородни. Нивното срце е големо како сонцето што ги симболизира и кога сакаат некого, ќе направат сè за да го заштитат и да го направат среќен.
Лавот сака да ги гледа другите среќни, особено ако тможе да им помогнат да блеснат. Неговата благородност произлегува од искрената потреба да шири топлина и поддршка на сите околу него.
Стрелец
Стрелецот верува во подобро утре и активно работи кон тоа. Неговата благородност не е само емотивна, туку и филозофска. Стрелецот искрено верува во правдата, слободата и помагањето на оние на кои им е потребна помош.
Нивната великодушност доаѓа од желбата да го направат светот пофер место. Тоа не само што ќе ви го даде она што го имате туку ќе ве научи и како да ја пронајдете сопствената сила и храброст.
Риби
Ако постои знак што носи безусловна љубов во себе, тоа се Рибите. Нивната емпатија е толку силна што речиси физички ја чувствуваат болката на некој друг и затоа ретко може да ја свртат главата од некој во неволја.
Рибите се подготвени да го дадат последното нешто што го имаат за да помогнат. Нивната благородност не е избор, тоа, едноставно, е начинот на кој живеат и дишат. Со нив светот никогаш не е сосема ладно место.
Забава
(Видео) Сите се воодушевени од изданието на Меган Маркл од 5.000 евра: „Совршено е, а таа е прекрасна“

Меган Маркл уште еднаш нè убеди во својата љубов кон едноставен, но софистициран стил, што го покажа и за време на едно појавување во Њујорк, на кое присуствуваше со својот сопруг, принцот Хари.
Таа носеше трендовски беж костим; широки панталони и соодветна јакна изработена од свиленикав материјал, дизајнирана од модната куќа „Ралф Лорен“. Интересно е да се напомене дека овој убав и модерн костим чини дури 5.000 евра, а софистицираните парчиња се продаваат одделно.
Уште еден хит со кој никогаш не можете да погрешите е белата кошула, што Меган вешто ја избра за својата модна магија. Сето тоа го заокружи со модерни кожени чевли, како и впечатлив скап накит.
@ellegermany♬ Originalton – ELLE Germany
И како што сме навикнати, Меган и овој пат носеше блага, природна шминка, како и пуштена, малку брановидна коса.
Нејзиниот сопруг, принцот Хари, исто така беше во својот препознатлив стил; во елегантен темносин костум, па изгледаа многу координирано заедно, а Меган доби многубројни комплименти на социјалните мрежи.
@accesshollywood #MeghanMarkle ♬ original sound – Access Hollywood
„Изгледа навистина убаво“, „Облеката е одлична“, „Го обожавам овој стил, секогаш изгледа елегантно“, „Облеката е совршена, а таа е прекрасна жена“, се само неколку од нив.
Забава
(Фото) Трендовски детаљ што ќе привлече внимание оваа сезона, а не чини многу

Впечатливите обетки, белезици и ѓердани беспрекорно се вклопија во актуелните трендови добивајќи мноштво разни форми, така што има по нешто за секого во овој сегмент. Дури и ако сте страстен љубител на суптилните детали, веруваме дека ќе ви биде тешко да им одолеете на некои од шарените парчиња накит од новите колекции.
View this post on Instagram
Минатата година бевме сведоци на подемот на т.н. тренд фудкор и сè беше преполно со шарен накит со овошни мотиви – помислете само на хит обетките – цреши.
Оваа година романтиката е во преден план, а безвременскиот мотив на цвеќето блескаше во посмели силуети и бои од кога било досега. Опсесијата со тропските цвеќиња продолжува, а преголемите обетки украсени со шарени егзотични ливчиња се детаљ што повеќе не е резервиран исклучиво за плажа и за забавите по неа.
Обетките во облик на големи тридимензионални цвеќиња се помногубројни од кога било на главната улица и станаа омилен избор на трендсетерките за малку поубави пригоди во топлите денови.
Заедно со обетките од смола во светли бои, вниманието го привлекуваат и моделите со неправилни форми и неочекувани текстури – бисерен сјај, варијанти од мрежест метал и материјали што имитираат злато или сребро се многу добредојдени.
Не се сомневаме дека овој вид впечатлив детаљ е навистина одлична инвестиција – не чини многу, а навистина прави разлика, додавајќи им опир на актуелност и карактер на малку поедноставни комбинации.