Забава
Објавена листата на најпосетувани градови во 2024 година; Истанбул повеќе не е на прво место
Објавена е листата на најпосетувани градови во светот во 2024 година, креирана од Euromonitor International, а оваа година на врвот се најде главниот град на Тајланд, Бангкок.
Овој тајландски скапоцен камен е полн со културни атракции, живописни пазари и уникатни искуства кои привлекуваат посетители од целиот свет. Тој нуди богатство на искуства, од културни знаменитости до модерни атракции во спој на богата историја и модерен живот.
Бангкок имал дури 32,4 милиони меѓународни пристигнувања, што е значителен раст (37 отсто) во споредба со минатата година. Бангкок има приближно 12 милиони повеќе пристигнувања од Истанбул, кој забележа 20,2 милиони меѓународни пристигнувања во 2023 година, што го прави број еден најпосетуван град во 2023 година.
Истанбул заврши на второто место на листата оваа година со 23 милиони пристигнувања, а потоа следат Лондон, Хонг Конг, Мека, Анталија, Дубаи, Макао, Париз и Куала Лумпур.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Први реакции за втората сезона нa „Squid Game“: дали продолжението ги оправдува очекувањата
Откако во четвртокот беа објавени првите седум епизоди од втората сезона на популарната серија на Нетфликс „Squid Game“ (кај нас преведена: Игра на лигни), корисниците на социјалните мрежи и критичарите ги открија своите први впечатоци.
Една од најгледаните и најуспешните серии на Нетфликс се врати со втора сезона, но мислењата за неа се поделени. Имено, самиот трејлер привлече огромно внимание и за само 12 часа собра повеќе од шест милиони прегледи на „Јутуб“, но сега многумина веруваат дека новата сезона е преценета.
Иако втората сезона не мора да ја сметаат за лоша, многу фанови и критичари истакнуваат дека првата сезона била значително подобра и дека сега го чекаат објавувањето на преостанатите епизоди од втората сезона за да дадат конечен впечаток.
Втората сезона моментално има повеќе од 1.000 критики на „Ротен томатос“ од гледачите, кои и дадоа просечна оцена од 63 проценти, додека критичарите ја оценија со 84 проценти. Интересно е тоа што критичарите ја оценија првата сезона со 95 отсто, додека гледачите и дадоа оцена од 83 отсто.
Критичарот на „Форбс“, Пол Таси, рече дека втората сезона е „прилично солидна“, иако не подобра од првата сезона, но дека не е изненаден. Од друга страна, тој истакнува дека втората сезона има „подобро етаблирани ликови“ во однос на првата сезона.
Критичарката на „Гардијан“ Ребека Николсон наведува дека во оваа сезона непотребно се одолговлекува во потрага по профит.
„Првите неколку епизоди изгледаат како тактика за одложување, а имајќи предвид дека ова е ‘Squid Game’, сето тоа е прилично стандардно. Има сцени со потера, несреќи и пукање. Сатиричниот елемент е заменет со потрага по одмазда. Доволно е забавен, но доведува до непријатна крволочна сензација, желбата сите да се вратат на спортскиот ден со пребројување на тела. Со оглед на тоа што последната епизода се чувствува како половина од приказната, која ќе продолжи со последните епизоди следната година, ова одложување е непотребно“, рече таа.
Ниту другите филмски критичари не се премногу ентузијасти за продолжението, иако многумина немаа големи очекувања.
„Кога станува збор за втората сезона само да кажеме дека Нетфликс ја направи за пари и дека режисерот не знаел дека ќе има огромен успех, па затоа не ни размислувал за продолжение однапред“; Барем е забавно, но солидно“; „Сезона 2 е чудна“, „Оваа сезона е толку депресивна“, се само некои од коментарите.
Заплетот на втората сезона започнува со Ги-хун – играчот 456 кој победи во првата сезона. Тој е решен да ги пронајде луѓето кои ја дизајнирале играта и да стави крај на нивните игри. Ги-хун ја почнува својата мисија на местото каде што го пронајде човекот кој ги регрутира играчите.
Инаку, откако серијата стекна голема популарност, на сличен принцип беше лансирано реално шоу, а наскоро ќе излезе и „Squid Game: Unleashed“. Играта ја развиваат Boss Fight и Netflix Game Studio, а се работи за парти ројал игра со 32 играчи која носи бројни предизвици за гејмерите, кои тие ќе ги препознаат од серијата.
Забава
Хороскопски знаци во кои се раѓаат љубоморни партнери
Љубомората е сложена емоција која често се појавува во токсичните врски и може да биде предизвикана од несигурност, страв од загуба или желба за контрола. Понекогаш тоа произлегува од длабокото чувство на приврзаност, но ако не се контролира, може да стане деструктивно.
Љубоморните партнери често бараат потврда за љубовта и верноста, што може да доведе до тензија во врската. Некои луѓе природно покажуваат склоност да бидат посесивни и љубоморни, а тоа може да биде поврзано и со нивниот хороскопски знак.
Овен
Овните се интензивни и страсни, што ги прави заштитнички настроени кон својот романтичен партнер. Иако не се плашат од конфликти, нивната љубомора често произлегува од желбата да бидат во центарот на вниманието на партнерот. Кога ќе почувствуваат дека нивните напори не се ценети, тие можат да станат деструктивни.
Бик
Биковите се познати по својата лојалност и потреба за стабилност, но нивната посесивност произлегува од стравот да не го изгубат она што го сметаат за нивно. Тие се исклучително сензуални и уживаат во сигурноста што ја носи врската, но можат да станат многу посесивни кога се чувствуваат загрозени.
Лав
Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието, а нивната посесивност често се манифестира кога ќе почувствуваат дека некој друг ја засенил нивната врска. Иако се дарежливи, нивната потреба за потврдување и восхит може да предизвика тензија во врската.
Шкорпија
Шкорпиите се синоним за интензитет и страст, но и за љубомора. Имаат длабока потреба за контрола и можат да станат многу сомничави кон партнерот. Откако ќе ја изгубите нивната доверба, ќе биде тешко да ја вратите.
Јарец
Јарците на прв поглед не изгледаат посесивно, но нивната љубомора произлегува од стравот од предавство. Тие се сериозни и посветени партнери, а кога ќе почувствуваат дека нивните напори не се возвратени, можат да станат ладни и далечни.
Забава
(Видео) „Новогодишна Поопштонародна“ – К-15 сними нова верзија на нивниот стар хит
Легендарните Васко Тодоров, Бранко Огњановски и Бубо Каров од хумористичната емисија „К-15“ снимија нова верзија на нивниот музички хит „Новогодишна општонародна“, нарекувајќи го „Новогодишна поопштонародна“.
„К-15“ ја распродаде арената „Борис Трајковски“ каде што на 16 мај следната година, ќе прослави 30-годишен јубилеј.