Култура
Битолското меѓународно графичко триенале се изложува и претставува во Кина

Единаесеттото Маѓународно графичко триенале од Битола, на 28 декември ќе биде отворено во Музејот на павилјонот Тијањи во Нингбо културен центар во Република Кина. Со тоа ќе започне неговата повеќе месечна ликовна турнеја која ќе се одвива во 6 кинески големи градови и истакнати културни центри.
Присуството на оваа најголема ликовна манифестација кај нас, е по по покана на кинеските организатори, според кои – битолслото графичко триенале е едно од најзначајните во светот и на кое своја презентација бележат околу 160 држави од светот. Покрај ова организаторите- кинеската држава, отпечатиј обемен и атрактивен каталог насловен „11 меѓународно графичко триенале Битола“ во кој покрај делата и авторите, презентирани се низа најафирмативни текстови за самата манифестација, претставена е Битола во најпозитивна смисла-како еден од културните центри на Балканот, а Кина со ова, ја превзема својата благородна мисија ова тридецениско ликовно постоење да го афирмира, истакне, популаризира низ азискиот континент и да го потенцира како едно од значајните цивилизациски движења на планетарно ниво.
Во тој контекст, особено признание ќе добие Владо Горески, човекот кој три децении живее со ова ликовно постоење како и градоначалникот на општина Битола д-р Тони Коњановски за помошта, разбирањето и вклученоста на општината Битола во опстанокот на триеналето, воедно и Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија за големата поддршката и заинтересираноста за неговото опстојување.
Според информациите, организацијата, приемот, односот, големиот интерес и севкупната ангажираност од Република Кина, Битола со овој константен меѓународен настан е веќе дел од најзначајните светски ликовни центри.
Со оглед дека во 2025 година ќе биде организирано и отворено и 2-то меѓународно биенале на минијатурна графика и цртеж – Битола 2025, целосно поддржано од општината Битола – „Битола ќе биде единствениот град во кој е се оддржуваат две светски ликовни манифестации, со непроценливо значење и сеопфатен радиус“ (од излагање на солунскиот градоначалник на отварањето на 1-то меѓународно биенале на минијатурна графика и цртеж Битола 2023 во Солун).
Презентацијата на 11 –то Меѓународно графичко триенале – Битола 2024 во Кина, е културен настан и афирмација на Битола и нашата земја со непроценливо, исклучително и едно од најзначајните културни и уметничкии создавања кај нас, кое е се повеќе претставувано на светско ниво како суштествено движење во развојот и историјата на светската ликовна уметност.
Беше потенцирано дека каталогот на 11-то Меѓународно графичко триенале Битола е на 1000 страници и дека е биде презентиран со посебни технички можности, додека кинескиот каталог е биде печатен и во селектирана форма.
Потенцирано и истакнато е од страна на кинеските организатори дека меѓу другото, ова е почеток на уникатна, долгорочна и константна културна и творечка соработка помѓу наиште две држави, Битола и самата ликовна творечка манифестација –Битолско меѓународно графичко триенале, организирано, концепирано и создавано од графичкиот уметник и ликовен критичар Владо Ѓорески.
Ова е мал извадок од пишувањата и обраќањата до кинеската јавност од страна на кинеските организатори:
„ Битолското триенале е една од најзначајните ликовна и творечка манифестација од областа на Меѓународно графичка уметност во светот. Во процесот на упорност и неговиот континуиран развој, тоа прослвува 30 години постоење. Ова е момент што светските графичари го прославуваат најискрено како најпотребен и суштински настан. Во овој толку долг, но и толку краток уметнички процес, основачот г. ВЛАДО ГОРЕСКИ собра извонредни уметници од повеќе од 160 земји од целиот свет. Тоа е несомнено важен уметнички настан. Одржувањето на 11-то битолско триенале во Битола во Северна Македонија и Музејот на павилјонот Тијањи во Нингбо, Кина во текот на 2024 и 2025 година претставува вовед на активно и значајо ликовно постоење . Ова е првпат триеналето од Битола да е претставена во Европа и Азија на транснационален начин, што укажува на тоа дека нашиот метод на прикажување на уметноста ги пробива претходните обрасци и се движи кон различностите и новите простори. На овој меѓународен светски творечки настан претставени се 126 уметници од повеќе од 100 земји.
Ningbo Tianyi Pavilion Museum е национален првокласен музеј во Кина. Дом е на најстарата библиотека во Кина и една од трите најстари семејни библиотеки во светот. Во моментов има речиси 300.000 тома на различни антички книги. Тијани Павилјон музеј придава големо значење на странските културни размени и е посветен на презентација и промовирање на интеракцијата помеѓу цивилизациите. Со презентацијата на исклучително значајното, светско 11-то меѓународно битолско триенале за графика е сериозно подготвен да биде „претставник за интеграција на кинеската и западната цивилизација“, како и промовирање на длабински дијалог меѓу меѓународните култури, прикажување на историјата и иднината уметноста која го промовира заедничкиот развој на светските цивилизации. Овој значаен културен настан кој ќе се одвива низ 6 најзначајни градски и културни центри во Република Кина е со единствен и посебен однос не само за соработка туку и афирмирањето на врвната светска креативност негувана во Битола од страна на графичкиот уметник и ликовен критичар Владо Горески, кој што се јавува и како значаен патеводител и за севкупната Азиска ликовна уметност“.
Список на репродукции
1. Плакат за изложбата во Кина
3. Страници од каталог- Плакат и презентација на Битола
4. Павилјон музеј Нингбо Тиани, Кина
5. Павилјон музеј Нингбо Тиани, Кина
6. Корици од кинескиот каталог за 11-то Меѓународно графичко триенале Битола
7. Учесници
8. Градоначалникот на Битола д-р Тони Коњановски му предава специјална награда на амасадорот на Аргентина за развој на графиката на Аргентина во светски контекст
9. Градоначалникот на Битола д-р Тони Коњановски му предава Голема награда на Леонардо Готлиб на 11-то Меѓународно граичко триенале во Битола
10. Дел од атмосферата на изложбата во Битола
11. Плакат и насловна на каталогот за изложбата 11 то Меѓународно графичко триенале Битола 2024 во Кина
12. Рабеаривело Дина, Мадагаскар
13. Ренато Галбусера, Италија
14. Оскар Варона, Италија
15. Луо Чи, Кина
16. Марија де ла Вега,Аргентина
17. Антонио Миано, Франција-Италија
18. Александра Хесекер, Канада
19. Алехандро Кантор, Аргентина
20. Виктор М. Хернандез Кастиљо, Мексико
21. Владо Горески, Словенија, Македонија
22. Виктор Гомез, Куба
23. Јуичи Савада Јапонија
24. Жанета Вангели, Македонија
25. Вероника Шиупка, Полска
26. Каталог
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Светскиот мјузикл од Бродвеј „Mamma Mia“ на 18 октомври во Скопје

На 18 октомври 2025 година, арената „Борис Трајковски“ ќе блесне во полн сјај, претворајќи се во сцена на еден од најуспешните мјузикли во историјата – „Mamma Mia!“
Со повеќе од две децении триумф на Бродвеј, Вест Енд и на најпрестижните сцени ширум светот, „Mamma Mia“ претставува врвна комбинација на заразни мелодии, моќна енергија и топла, човечка приказна. Преку песните „Dancing Queen“, „Super Trouper“, „The Winner Takes It All“, „Gimme! Gimme! Gimme!“, „Mamma Mia“ оживува една забавна, емотивна и незаборавна авантура што ги освојува сите генерации.
Неговата тајна? Моќна, искрена и трогателна приказна за љубов, пријателство и откривање на сопствениот идентитет, која допира до срцето на секој гледач. Приказната го следи патувањето на една млада жена во потрага по својот идентитет и љубов, обвиена со хумор, романса и неочекувани пресврти. Ова е театар во кој музиката, кореографијата, сценографијата и емоцијата се спојуваат во единствено, моќно искуство.
150 уметници на сцена – хор, балет и жив оркестар. Спектакл со импресивна сценографија, магични светлосни ефекти, динамични проекции и раскошни костими што ја оживуваат приказната пред вашите очи.
Магијата на „Mamma Mia“ е во совршениот спој на длабоко човечка приказна и безвременските хитови на ABBA, песни кои повеќе од половина век ја движат публиката на сите континенти. Тоа се химни на генерациите кои ќе ги чуете во ново, театарско руво, изведени со раскошна енергија и емоција што само живата сцена може да ја понуди.
На 18 октомври, Скопје ќе биде дел од светската мапа на градови што ја живееле оваа приказна.
Култура
„Кому му е гајле за реалноста?“ – Фестивалот за документарен филм „Македокс“ почнува следната недела

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ја одржа главната прес-конференција, на која беше објавена комплетната програма и сите фестивалски активности за 16. издание.
На прес-конференцијата се обратија Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот, Петрула Вељановска, програмски координатор на „МакеДокс“, и Сара Ферро, раководител на индустри програмата на „МакеДокс“.
Фестивалот „МакеДокс“ ќе се одржи од 21 до 28 август со програма распоредена во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и „Лабораториум“ во Скопје. Мото на 16. „МакеДокс“ е „Кому му е гајле за реалноста?“. На фестивалот ќе бидат прикажани 75 документарни филмски остварувања, а се очекува присуство на околу 100 гости од странство.
– Бидејќи живееме во свет каде вистината се менува побрзо од нашата способност да ја сфатиме, и каде е тенка границата меѓу фактите и фикцијата, потребата да гледаме внимателно, креативно, критички и со грижа, никогаш не била поголема – посочи Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот.
Документарните филмови што ќе бидат прикажани на фестивалот отвораат прашања, нè соочуваат со низа социјални, културни, еколошки предизвици и ни покажуваат како други луѓе – од крв и месо како самите нас – се справуваат со овој свет во кој се чини дека ништо не мирува.
– Документарните филмови отвораат многу прашања кои нè мачат сите нас, од автор до публика, соочувајќи нè со низа на социјални, културни, безбедносни, како и проблеми поврзани со животната средина. Затоа, тие стануваат сè поважни во светот на филмот денес, претставувајќи своевиден документ за реалноста, каде што преку снимен и архивски материјал, доаѓајќи во допир со многу лични приказни и искуства освестуваме многу наши лични процеси и добиваме можност да ја споредуваме нашата реалност со реалноста на минатите генерации, дури и да ја претпоставиме реалноста на идните генерации. Тие се слика и прилика преку кои можеме да видиме како авторот, па и обичниот човек, без разлика на возраста, бојата на кожа, полот или дали доаѓа од село или град, се справува со овој свет во кој „сè тече и сè се менува“ – истакна Петрула Вељановска, програмски координатор на „МакеДокс“.
Програмата на фестивалот ќе се одвива во шест категории: Главна програма, Нови автори, Земја во фокус: Австрија, Кратки документарци, Студентска програма и Програма за деца и млади.
На отворањето на фестивалот на 21 август ќе бидат прикажани краткиот филм „Бардо“ на чешката авторка Вјера Чакањова и долгометражниот филм „Само на земјата“ на Робин Петре. Во музичкиот сегмент „Ноќни приказни“ концерт ќе одржи гитаристот Мухамед Ибрахими.
Годинашниот фестивалски фокус ќе биде посветен на Австрија, земја што заслужува, покрај зелените Алпи и убавиот син Дунав, да се запознае и по документарната сцена што веќе подолго време заслужено си го наоѓа местото на речиси сите светски познати документарни фестивали.
На фестивалот ќе се одржат македонски премиери на повеќе филмови, меѓу кои се „Планината не оди никаде“ на режисерката Петра Селишкар, „Земја и крилја“ на Стефан Малешевиќ, како и кратките филмови „Антигона“ на режисерите Ибер Деари и Мирсад Абази, „Печурки од минатото“ на Ханис Багашов, „Пејзажот на човековата суштина“ на чешката авторка Јана Хунтерова направен во соработка со „Арт-поинт Гумно“, „Кодот на Преспа“ на Никола Поповски, ќе се одржат премиери и на новите филмови произлезени од школата „Докуникулци“, а специјална проекција ќе има филмот „Вода и оган“ на мултимедијалниот уметник Киро Урдин.
Во програмата на фестивалот се предвидени Мастерклас на „Solar Cinema“ и Патувачкото кино на „MaкеДокс“ на 23 август, од 11 до 13 часот, во „Лабораториум“ со тематски наслов „Носиме невидени филмови на необични места“, како и Мастерклас од Хуберт Зауфер со тематски наслов „Радикален минимализам во ’светската кинематографија‘“ на 24 август, од 11 до 13 часот, исто во „Лабораториум“.
Традиционално на фестивалот ќе се доделат пет награди, „Кромид“, „Млад кромид“, „Сечкан кромид“, „Кокарче“ и Награда за најдобри етички идеи, а во комисиите за наградите членуваат 15 интернационални професионалци од документарниот филмски свет. Членови на комисиите се Марк Едвардс, Џејмс Берклаз-Луис и Маргарита Арсова за наградата „Кромид“, Вардан Тозија, Трулс Лие и Мара Прохаска Марковиќ за наградата „Млад кромид“, Памела Кон, Игор Прасел и Габриела Даниелс за наградата „Сечкан кромид“, Дина Покрајац, Танос Ставропулос и Неда Миланова за наградата „Кокарче“, Морин Принс, Мира Гаќина и Капка Касабова за Наградата за најдобри етички идеи.
Во индустрискиот сегмент на фестивалот од 25 до 27 август во МКЦ ќе се одржи МакеКоПроДокс форумот. МакеКоПроДокс е единствена платформа посветена на зајакнување на копродукцијата во областа на креативниот документарец низ целиот Балкан. Од своето основање во 2019 година, во рамките на 10-тото издание на „МакеДокс“, Форумот прерасна во витално место за средби на филмски режисери, продуценти, професионалци од индустријата и претставници од филмските центри во регионот.
– Седмото издание на МакеКоПроДокс форумот ќе се одржи од 25-ти до 27-ти август 2025 година во МКЦ, обединувајќи филмски автори, продуценти и експерти од Балканот и Европа, со цел зајакнување на соработката во областа на креативната документаристика. Годинашното издание го поставува прашањето „Кому му е гајле за реалноста?“, истражувајќи ги креативните и етичките предизвици на раскажувањето во денешниот медиумски заситен свет – истакна Сара Ферро, раководител на индустри програмата на „МакеДокс“.
На отворањето на фестивалот на 21 август во Куршумли-ан ќе биде поставена изложба на фотографии од Томислав Георгиев кои произлегоа од Патувачкото кино на „МакеДокс“ во Кочани. На 26 август во Сули-ан ќе биде поставена изложба на фотографии од уметникот со светско реноме Киро Урдин создадени во Долината Омо во Африка, која ќе биде проследена со специјална проекција на неговиот документарен филм „Вода и оган“.
Во сегментот „МакеДокс+“ ќе се одржат Развојна работилница на креативни документарни филмови во рамки на МакеКоПроДокс форум, „Разговори под смоквата“, концерти во „Ноќни приказни“.
Целосната програма може да се пронајде на официјалната веб-страница на „МакеДокс“ (www.makedox.mk), а ќе може да се симне и фестивалската апликација.
Партнери на „МакеДокс“ се ППФП, МКЦ – Младински културен центар, Кинотека на Република Северна Македонија и фестивалската мрежа „Doc Around Europe“.
Шеснаесеттото издание на „МакеДокс“ е поддржано од Агенција за филм на Република Северна Македонија, Програмата МЕДИА на „Креативна Европа“, Институтот „Јунус Емре“ – Скопје, Амбасада на Франција, Француски институт, Амбасада на Кралството Холандија, Австриска Амбасада, Казино Австрија, Грчки филмски центар, Гете институт, Скопско смут, Амбасада на Република Чешка, Чешкиот културен центар во Софија, Младинскиот културен центар, Музеј на Македонија, Археолошки музеј, Факултетот за ликовни уметности, такси „Глобал“.
Медиумски покровители на 16. „МакеДокс“ се МТВ – Прв програмски сервис, Слободен печат, Нова Македонија, Еспресо.мк, МКД.мк, УМНО.мк, СДК.мк (Сакам да кажам.мк), Плус Инфо, Окно, Офф.нет, Е-магазин, Лице в лице, Радио МОФ, Радио Џез ФМ, Радио Канал 103, Радио Антена 5, Радио Бубамара, Лајф Радио, Поп-ап, Види Вака, Гледај.мк, Кајгана Медиа, Култура Бета, Трн, Блен.мк и Медуза.
Култура
Почина оперската дива Милка Ефтимова

Почина оперската примадона Милка Ефтимова, доајен на Македонската опера и амбасадор на македонската уметност и култура во светот.
Во својата долготрајна, богата и плодна кариера таа отпеа четириесет оперски улоги, како и многубројни партии во ораторијални дела и соло изведби застанувајќи повеќе од 1.200 пати на оперската и на концертната сцена во дваесетина земји во светот, соопшти Националната опера и Балет.
Со извонредна музикалност и изразито чувство за артизам таа ги креира Орфеј во „Орфеј и Евридика“, Ацучена во „Трубадур“, Еболи во „Дон Карлос“, Сузуки во „Мадам Батерфлај“, Марфа во „Хованшчина“, Улрика во „Бал под маски“ и многу други, а најголем печат остави во насловната улога на „Кармен“. Од оперската сцена јубилејно се прости токму со „Кармен“ на 6 ноември 1991 година.
Милка Ефтимова беше редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје, наставник на Музичко-балетскиот училиштен центар во Скопје и во Средното музичко училиште во Штип. Во нејзината богата оперска кариера одликувана е со наградите: „11 Октомври“ (1985), „Св. Климент Охридски“ (2001), „Мајка Тереза“ (2009), како и Орден за заслуги на Република Северна Македонија (2022).
Нејзинито тело ќе биде изложено в сабота, 16 август, во 10 часот во капелата во Радовиш, а погребот ќе се изврши во 11 часот на гробиштата во Радовиш.