Македонија
„Влен“: За еден месец се урна кулата изградена две децении со криминал и корупција
Во рок од еден месец, се сруши кулата изградена две децении со криминал и корупција, веалт од коалицијата „Влен“.
Во соопштение до медиумите, оттука потсетуваат на случувањата во изминатиот период.
„Американскиот Стејт департмент го прогласи Артан Груби за нон грата, означувајќи го како непожелна личност.
Министерството за внатрешни работи ги претресе домовите на Груби и Бајрами, кои се обвинети за злоупотреба на милиони евра, пари на граѓаните.
Мирисот на корупцијата им ги сруши нивните лажни шатори, но албанскиот јазик не беше засегнат.
Бегството го гледаа како пат за спас. Откако ги избркаа граѓаните, дојде моментот да ги спакуваат куферите и да избегаат, први Груби и Бајрами, а другите со една нога се внатре, а со друга надвор од државата.
На Рамиз Мерко му беше одземен пасошот.
Гореа возила и локали, но заборавија дека ниту чадот од тој оган не може да ги покрие нивните злосторства. Сега започна горењето на партијата од корен.
Жртвување на албанската младина, вклучувајќи ги во палење знамиња.
Истрага за корупција во Домот на културата, со милионски штети на државниот буџет.
Масовна корупција во Државната лотарија.
Најсериозното, чисто разоткривање дека вршеле валкана служба за криминалецот, Сашо Мијалков.
Сериозен обид за враќање на Никола Груевски, преку конкретен и организиран план“, велат од „Влен“.
Како што додаваат, секоја минута што овие „валкани слуги“ останале на власт предизвикала ненадоместливи штети за Албанците и за нивното национално достоинство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кликнете „Обраќање до судот“ за електронски да поднесете иницијатива, барање или предлог до Уставниот суд, услугата е достапна од 1 јануари
Веќе трет ден граѓаните можат и од дома, електронски, да поднесат барање, иницијатива или предлог до Уставниот суд. Услугата е достапна за сите правни и физички лица од први јануари.
„Електронското поднесување поднесоци е овозможено преку интернет-страницата на Уставниот суд, односно преку актегоријата ’Обраќање до судот’ каде во поткатегоријата ’Електронско поднесување на поднесоци’ се наведени насоки за начинот на електронско поднесување“, извести денес Уставниот суд.
Електронското поднесување иницијативи, барања или предлози до Уставниот суд е регулирано со Правилникот за електронско поднесување на поднесоци кој е објавен на интернет-страницата на судот.
Министерството за дигитална трансформација, пак, соопшти дека од денес електронските документи издадени од јавни органи, печатени на хартија, нема да подлежат на процесот на верификација туку ќе имаат иста правна и доказна сила како и оригиналниот документ со традиционален печат.
Македонија
Тошковски се извини на велешани за затворањето на мостот во Башино село за реконструкција, полицијата ќе обезбеди проток во сообраќајот
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, заедно со премиерот на Владата Христијан Мицковски, министерот за транспорт и врски Александар Николовски, градоначалникот на Велес Марко Колев и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски беа на увид на состојбата на мостот кај Башино село. Целта на посетата беше да се координира брзина на институциите по добиениот извештај од Градежниот факултет до Јавното претпријатие за државни патишта дека мостот кај Башино село е во многу лоша состојба заради што се забранува секаков сообраќај за лесни и тешки товарни возила.
Министерот Тошковски упати извинување на граѓаните на Велес кои ќе мора да бидат трпеливи за надминување на оваа состојба бидејќи за жал претходната централна власт до која е апелирано уште во 2018 година за проект за санација на овој мост оставила штетата толку да се зголеми што сега има неминовност од затворање на мостот на неколку месеци, се до негова конечна санација.
„Министерството за внатрешни работи во моментот преку специјалните единици учествува во подводни снимања на мостот со што ќе овозможи видео материјал на Градежниот факултет за да направи брз проект за санација и пуштање во употреба на мостот за сообраќај што се очекува да заврши за 60 до 90 дена. Во меѓувреме сообраќајот кој нема да се одвива преку овој мост ќе биде пренасочуван преку Велес, а полицијата постојано ќе го регулира сообраќајот со посебни режими со цел да не се наруши текот на сообраќајот и да нема застои во движењето на возила низ градот Велес. Ги повикувам граѓаните на Велес и сите граѓани кои ќе имаат потреба да сообраќајот во овој регион да ги почитуваат насоките на полициските службеници кои ќе учествуваат во регулацијата на сообраќајот. Во меѓувреме паралелно на проектот за санација на овој мост кој треба да заврши за 60 до 90 дена се планира проект на нов мост во близината на истиот, чија изградба треба да почне во втората половина на годината после завршувањето на тендерските постапки и избор на изведувач“, потенцираше министерот Тошковски за време на увидот.
Македонија
Битолското обвинителство отвори предмет за фотографијата на Дранго со мртва мечка
Основното јавно обвинителство од Битола отвори предмет за случајот со застреланата мечка и фотографијата на која позира заменик-директорот на „Македонија пат“, Сашо Дранго.
„По објава во медиумите оформен е предмет и се постапува за да се утврди што точно се случило“, велат од Основното јавно обвинителство во Битола.
Бурни реакции во јавноста предизвикаа фотографиите кои ги објави здружението „Анима мунди“, на кои се гледа заменик-директорот на „Македонијапат“ и претседател на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар, како позира со пушка со оптички нишан и со мртвото животно.
Тој има своја верзија за случувањата за наводна сообраќајна несреќа во која настрадала мечката, но од СВР Битола велат дека кај нив нема таков пријавен случај.
Фотографиите до кои дојде „Анима мунди“ покажуваат дека Дранго, откога ја убил мечката, ладнокрвно позира со неа како да е трофеј, што само го отсликува неговото умоболно хоби за што говорат и неговите фотографии од убиени разни диви животни на социјалните мрежи.
Реакцијата на „Анима Мунди“ доаѓа по вчерашната изјава на Дранго дека мечката, со која е сликан на Фејсбук загинала во сообраќајка.