Свет
Се доведува во прашање теоријата дека авионот во Јужна Кореја се урнал поради птица

Има повеќе недоследности околу авионската несреќа во Јужна Кореја во која загинаа 179 луѓе, велат експертите, доведувајќи ги во прашање првичните сугестии дека летот на „Џеџу Ер“ можеби бил соборен од удар на птица.
Слетувањето без опрема, времето на слетување на двомоторниот Боинг 737-800 на неговиот труп на меѓународниот аеродром Муан и извештаите за можен удар на птица покренаа прашања на кои сè уште нема одговори, пишува Ројтерс.
На снимката што ја емитуваат локалните медиуми се гледа како се лизга по пистата без да се отвори опремата за слетување и пред да удри во ѕид по што доаѓа до експлозија.
„Зошто пожарникарите не ставија пена на пистата? Зошто не беа присутни при слетувањето на авионот? И зошто авионот слета толку далеку по пистата? И зошто имаше ѕид од тули на крајот од пистата? ” прша уредникот на „Ерлајн Њуз“, Џефри Томас.
Јужнокорејските власти соопштија дека ја истражуваат причината за падот на летот, вклучително и можен удар на птица.
Експертите предупредуваат дека авионските несреќи обично се предизвикани од мешавина на фактори и може да бидат потребни месеци, па и години, за да се одреди редоследот на настаните во и надвор од авионот.
Сите 175 патници и четворица членови на екипажот загинаа во авионска несреќа во Јужна Кореја, со што бројот на жртви стигна до 179 лица. Само двајца членови на екипажот успеаја да се спасат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.