Свет
Мало дете за дел од секунда ќе паднело во вулкан на Хаваите, мајката го зграбила во последен миг

Национален парк на Хаваите издаде ново предупредување до туристите откако мало дете за малку ќе паднало во вулкан. Момчето залутало подалеку од своето семејство и во дел од секундата стигнало до работ на карпа висока 120 метри, се вели во соопштението на националниот парк.
„Неговата мајка, врескајќи, успеала да го зграби кога малото момче било на само триесетина сантиметри од работ“, се додава во соопштението.
Чуварот на паркот Џесика Феракан изјави за Би-Би-Си дека се надева оти споделувањето детали за инцидентот ќе помогне да се спречат идни трагедии.
Килауеа, на Големиот остров на Хаваи, е еден од најактивните вулкани во светот. Редовно еруптира, а последната ерупција започна на 23 декември. Паркот соопшти дека инцидентот се случил на Божиќ во затворен простор каде што семејствата се собрале да ја гледаат лавата.
„Беше во област со поглед на големиот кратер на вулканот. Момчето немаше да го преживее падот“, истакна Феракане. Чуварите на парковите велат дека сакаат да ги потсетат посетителите да останат на патеката и да ги држат своите деца блиску.
„Оние кои ги игнорираат предупредувањата, поминуваат покрај знаците за забрана и влегуваат во затворени области, тоа го прават со голем ризик“, нагласија тие.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Илјадници вработени во лондонското метро штрајкуваат со глад поради платите

Илјадници вработени во лондонското метро денеска почнаа серија штрајкови поради платите и условите за работа, а синдикатот за железница, поморство и транспорт соопшти дека членовите, вклучувајќи ги машиновозачите, сигналистите и работниците за одржување, ќе учествуваат во штрајкови во различни периоди до четврток.
Транзитниот оператор „Транспорт за Лондон“ објави дека од имало прекин во системот за испорака на услуги и дека се очекува малку или воопшто да нема возови да сообраќаат од понеделник до четврток .
Компанијата вели дека им понудила на вработените зголемување на платите од 3,4 проценти, но синдикатот се уште инсистира на намалување на работната недела од 35 часа на 32 часа, што компанијата вели дека не може да си го дозволи.
Свет
Папата Лав Четиринаесетти го прогласи 15-годишниот компјутерски гениј за прв светец на Католичката црква

Папата Лав Четиринаесетти го прогласи 15-годишниот компјутерски гениј за прв светец на Католичката црква од т.н. Милениум генерација давајќи ѝ на следната генерација католици пример за некој што користи технологија за ширење на верата.
Папата го канонизираше Карло Акутис, кој почина во 2006 година, за време на миса на плоштадот „Свети Петар“ на која присуствуваа десетици илјади луѓе, многу од нив од таа генерација и парови со мали деца. На првата миса за канонизација на светци од почетокот на неговото папство, Лав канонизираше и друг Италијанец кој почина млад, свештеникот Џорџо Фрасати.
Ватиканот соопшти дека 36 кардинали, 270 епископи и стотици свештеници се пријавиле да присуствуваат на мисата со папата Лав во почит и кон епархијата и кон обичните верници.
Двете церемонии беа закажани за почетокот на оваа година, но беа одложени поради смртта на папата Франциско во април. Франциско се залагаше за канонизација на Акутис, убеден дека на црквата ѝ се потребни такви луѓе за да привлече млади католици, а истовремено да покаже дека обрнува внимание на ветувањата и опасностите од дигиталното доба.
Акутис беше роден на 3 мај 1991 година во Лондон, во богато, но не строго католичко семејство. Семејството се преселило во Милано кратко време по неговото раѓање, а неговото детство било обележано со сè посилна религиозна посветеност.
Момчето покажало особен интерес за компјутерските науки и го добило прекарот „инфлуенсер на Бога“ благодарение на најголемото технолошко наследство што го оставил зад себе – повеќејазична веб-страница што ги документирала таканаречените евхаристиски чуда признати од црквата – проект што го имплементирал во време кога развојот на ваквите страници го правеле професионалци.
Во октомври 2006 година, на 15-годишна возраст, Акутис се разболел и му била дијагностицирана акутна леукемија. Починал во рок од неколку дена.
Постапката за канонизација на Акутис била брза, бидејќи епархијата видела дека тој станува исклучително популарен меѓу младите католици, кои го гледале како современ модел.
Фрасати, другиот светец канонизиран денес, е роден во 1901 година и починал во 1925 година.
Свет
Се урна покрив на супермаркет во Германија, двајца се тешко повредени

Две лица се тешко повредени, а уште двајца се со полесни повреди при делумно уривање на покрив на супермаркет во Лаухринген, Југозападна Германија, во близина на границата со Швајцарија, соопшти полицијата, пренесува ДПА.
Инцидентот се случил вчера околу 17:45 часот по локално време во делот на супермаркетот каде се наоѓала контролната сала, во квартот Валдшут.
Причините за уривањето се уште се истражуваат, а не е познато колку купувачи биле во продавницата во моментот на несреќата.