Забава
Истражување: Секоја цигара им го скратува животот на мажите за 17 минути, а на жените за 22
Луѓето што пушат се предупредуваат да се откажат од својата навика во новата година бидејќи најновото истражување покажало дека мажите губат 17 минути од животот со секоја испушена цигара, а на жените животот им се скратува за 22 минути.
Ова е повеќе од претходните процени, кои сугерираат дека секоја цигара го скратува животот на пушачот за 11 минути. Процените на експертите, кои укажуваат дека секоја цигара во просек води до 20 минути загуба на животот кај двата пола, се засновани на најновите податоци од долгорочните студии што го следат здравјето на населението.
Истражувачите од „Јуниверзити колеџ“ во Лондон рекоа дека штетата предизвикана од пушењето е кумулативна и колку побргу човекот се откаже и колку повеќе цигари избегнува толку подолго живее.
Новата анализа, нарачана од британското Министерство за здравство и благосостојба, сугерира дека ако пушач, кој пуши 10 цигари дневно, се откаже од 1 јануари, тој би можел да спречи губење цел ден од животот до 8 јануари.
До 20 февруари животот би можел да им биде продолжен за цела недела, а доколку се откажат од пушењето до 5 август, веројатно ќе живеат цел месец подолго отколку кога би ја продолжиле лошата навика.
Авторите додадоа: „Истражувањето сугерира дека пушачите обично губат приближно ист број здрави години, како и вкупен број години живот. Така, 60-годишниот пушач обично ќе има здравствен профил на 70-годишен непушач“.
Анализата, која ќе биде објавена во списанието Journal of Addiction заклучува: „Проценуваме дека во просек пушачите во Британија, кои не престануваат да пушат, губат приближно 20 минути животен век за секоја цигара што ја пушат“.
Експертите велат дека откажувањето од пушење на која било возраст е корисно, но колку побргу пушачите се симнат од овој ескалатор на смртта, толку подолг и поздрав живот може да очекуваат“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Мисицата од Брегот на Слоновата Коска упадна во претставувањето на хрватската претставничка на Мис Универзум
Хрватската претставничка Лаура Гњатовиќ се пласираше меѓу првите 30 на 74-от избор за Мис Универзум во Тајланд. Сепак, на самиот почеток, пред да се претстави на сцената, кандидатката пред неа имаше мали проблеми.
Пред Лаура, се претстави девојката од Брегот на Слоновата Коска, Оливија Јејс, која го кажа своето име и презиме, но потоа направи пауза и го повтори, што се поклопи со претставувањето на хрватската претставничка.
Por demorona, la representante de Cote D’ Ivoire que además es de las favoritas, no pudo presentarse por completo. #MissUniverso. #MissUniverse #MissUniverse2025 pic.twitter.com/T5PWPhbEiA
— Ric La Torre (@RicLaTorreZ) November 21, 2025
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Мис Универзум 2025 е претставничката на Мексико
Ноќеска, на Тајланд се одржа финалето на 74-от избор за Мис Универзум. Мис Универзум 2025 е Мексиканката Фатима Бош. Првата придружничка е Мис Тајланд.
View this post on Instagram
Втората придружничка е Мис Венецуела, третата е Мис Филипини, а четвртата придружничка е девојката од Брегот на Слоновата Коска.
View this post on Instagram
Круната на победничката ѝ ја врачи минатогодишната победничка, данската претставничка Викторија Кјар Теилвиг.
View this post on Instagram
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Облече најмало бикини и помисли дека никој нема да ја види: папараците ја фатија на покривот на хотел
Популарната пејачка Дуа Липа моментално е во Рио де Жанеиро за нејзината бразилска турнеја „Радикален оптимизам“, а слободното време помеѓу настапите и пробите го искористи за да се опушти.

Сепак, папараците не ја пропуштија иако беше далеку од јавноста, и ја фатија на базенот на покривот од луксузниот хотел каде што престојува.

Во тесно црно-жолто бикини, Дуа Липа го покажа своето витко, тонирано и исончано тело, особено нејзините извајани стомачни мускули кои е невозможно да не се забележат и да не се коментираат, кои не избегаа од објективите.

Снимена е додека се обидува да се завитка во парео со ист дезен како бикинито, а како моден додаток носеше очила за сонце. Долгата коса лежерно паѓаше преку грбот, а очигледно е дека немаше ни трага шминка додека го впиваше витаминот Д.
Забележлив е и нејзиниот скап веренички прстен, со кој британскиот актер Калум Тарнер ја запроси кон крајот на декември минатата година.
фото: принтскрин

