Забава
Кои хороскопски знаци се најснаодливи, а на кои не им оди од рака
Сите се справуваме со животните предизвици на свој начин, некои се чини дека секогаш имаат подготвен план Б, Ц и Д, додека други заглавуваат само обидувајќи се да го разберат планот А.
Кога станува збор за хороскопските знаци, снаодливоста не е подеднакво распределена. Еден знак се истакнува во секоја ситуација, додека друг може да се заглави и во наједноставните околности. Во продолжение ви откриваме кои се овие знаци.
Најмалку снаодлив хороскопски знак: Риби
Рибите се прекрасно креативни и емотивни, но кога станува збор за практични работи, работите комплицираат. Во стресни ситуации, овие личности често запаѓаат во вител од емоции и почнуваат да сонуваат за подобри времиња наместо да најдат решение. Изгубени во мислите, Рибите може дури и да го игнорираат проблемот со надеж дека ќе исчезне, комбинирајќи ја невиноста со непоколебливата вера во судбината.
Зошто Рибите не се снаодливи? Нивниот фокус често не е на реалноста, туку внатрешниот свет на имагинацијата. Кога животот ќе ги исфрли од рамнотежа, Рибите повеќе ќе бараат рамо за плачење отколку план за бегство. Но, барем секогаш ќе имаат поетско објаснување зошто сè тргнало наопаку.
Најснаодливиот хороскопски знак: Близнаци
Близнаците се родени комуникатори на Зодијакот. Без разлика на ситуацијата, тие секогаш наоѓаат начин да се извлечат или да се прилагодат. Дали доцнат на работа? Тие веќе смислија брилијантен изговор. Заборавиле да подготват презентација? Нивната импровизација ќе изгледа подобро од туѓиот планиран говор. Близнаците се секогаш чекор понапред, а нивната брзина на размислување е неверојатна дури и за нив самите.
Зошто Близнаците се толку снаодливи? Нивните умови работат со брзина на светлината, а нивната флексибилност им овозможува да се прилагодат дури и на непредвидливи ситуации. Тие секогаш имаат приказна, шарм и способност да ги придобијат луѓето на своја страна. Кога некој Близнак ќе влезе во неволја, нема ни да забележите, тие ќе бидат надвор од тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Сенидах доаѓа во Скопје: првиот солистички концерт во Македонија закажан на 14 февруари
Регионалната музичка икона Сенидах го најави својот прв солистички концерт во Скопје, на 14 февруари 2026 година, во СЦ „Јане Сандански“.
По спектакуларниот настап на белградскиот Ташмајдан, Сенидах ја носи својата естетика, енергија и препознатлив сценски израз во македонската престолнина, подготвена да создаде уште еден момент што ги поместува стандардите на регионалните live настапи.
Својата кариера ја гради храбро, гласно и без компромиси. Денес е препознатлива по специфичниот вокал, неповторливиот музички израз и сценски настап што ги брише границите меѓу жанровите, сензибилитетите и стиловите. Сенидах умешно ги спојува R&B, трап и елементите на балканската народна музика, создавајќи звук кој е единствен во регионот и препознатлив глобално.
Од соработки со уметници како Дино Мерлин, Цоби, Џала Брат и Буба Корели, Раф Камора, до самостојни изданија што бројат милионски стримови – Сенидах го изгради статусот на едно од најавтентичните современи имиња на новата балканска сцена. Нејзиниот трет студиски албум „Сен и дах“ објавен на почетокот од годината, бележи исклучителни резултати, додека сингловите „Делија“ и „Иди гаде“ и понатаму доминираат на топ-листите.
Забава
(Видео) Мисицата од Брегот на Слоновата Коска упадна во претставувањето на хрватската претставничка на Мис Универзум
Хрватската претставничка Лаура Гњатовиќ се пласираше меѓу првите 30 на 74-от избор за Мис Универзум во Тајланд. Сепак, на самиот почеток, пред да се претстави на сцената, кандидатката пред неа имаше мали проблеми.
Пред Лаура, се претстави девојката од Брегот на Слоновата Коска, Оливија Јејс, која го кажа своето име и презиме, но потоа направи пауза и го повтори, што се поклопи со претставувањето на хрватската претставничка.
Por demorona, la representante de Cote D’ Ivoire que además es de las favoritas, no pudo presentarse por completo. #MissUniverso. #MissUniverse #MissUniverse2025 pic.twitter.com/T5PWPhbEiA
— Ric La Torre (@RicLaTorreZ) November 21, 2025
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Мис Универзум 2025 е претставничката на Мексико
Ноќеска, на Тајланд се одржа финалето на 74-от избор за Мис Универзум. Мис Универзум 2025 е Мексиканката Фатима Бош. Првата придружничка е Мис Тајланд.
View this post on Instagram
Втората придружничка е Мис Венецуела, третата е Мис Филипини, а четвртата придружничка е девојката од Брегот на Слоновата Коска.
View this post on Instagram
Круната на победничката ѝ ја врачи минатогодишната победничка, данската претставничка Викторија Кјар Теилвиг.
View this post on Instagram
фото: принтскрин

