Забава
(Видео) Александра Пријовиќ за непријатната ситуација со облеката на концерт: Како да сум гола, имаше многу негативни реакции
Александра Пријовиќ неодамна во емисијата Сцена откри која била најнепријатната ситуација која ја доживеала на турнејата „Од исток до запад“. Тоа е врзано за облеката што таа ја носеше.
Таа изјави дека пред секој концерт подготвува и пробува што ќе облече со нејзината стилистка Тијана. Таа вечер беше облечена во комбинезон. На почетокот ништо не изгледало необично, но се покајала штом се качила на сцената во Задар.
@shone_brat
„Излегувам на сцена во црн комбинезон што го пробав дома, но во светлината на собата, не под рефлекторите. Излегувам на вториот блок, се вртам и низ целиот екран гледам дека комбинезонот потполно е проѕирен, како да сум гола“, рекла таа, пренесува Блиц.рс.
Таа понатаму изјавила дека во тој момент заборавила каде се наоѓа и која песна ја пее и дека и се „слошило“. Меѓу продуцентите во публиката бил и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ. Тој и рекол на Александра преку слушалката да се обиде да се врти што помалку.
„Тоа е многу непријатна ситуација бидејќи одам. Тоа е голема сцена, танцувам, се движам и размислувам што ќе правам. Реков: Ќе пеам како да ми е последно, без разлика на се’. Се разбира, тоа стана вирално, сите го споделуваа, не спиев поради тоа“, рече таа.
Како што изјавила, на социјалните мрежи следеле бројни негативни коментари.
„Ми се згади од неа“, „Многу евтино“, „Навистина претера“, „Останав без зборови. Ужас“, се некои од нив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео/Фото) Безвременска елеганција и смели изданија – модата на Златните глобуси
Вчера вечер се одржа доделувањето на наградите Златен глобус, со што официјално започна сезоната на награди.
Холивудските актерки се појавија на црвениот тепих во свечени изданија и покажаа како гламурот на Холивуд од почетокот на минатиот век се врати пред големите порти, а покрај безвременската елеганција имаше и смели изданија.
Забава
(Видео) Деми Мур го освои Златниот глобус за прв пат во својата 45-годишна кариера, нејзиниот говор допре многумина
Деми Мур го освои Златниот глобус за прв пат во нејзината 45-годишна кариера. Таа ја освои престижната награда за најдобра женска улога во мјузикл или комедија за нејзината главна улога во The Substance, приказна за актерка која избледува во потрага по фонтаната на младоста.
Ова е една од најзначајните награди што ги има добиено и нејзина четврта номинација за Златен глобус. При примањето на наградата, шокираната 62-годишна актерка одржа емотивен говор кој ги расплака фановите.
Demi Moore accepts her #GoldenGlobe: "Today I celebrate this as a marker of my wholeness and of the love that is driving me, and for the gift of doing something I love, and being reminded that I do belong." https://t.co/QUzDz2Lepj pic.twitter.com/CWCzDX2xOi
— Variety (@Variety) January 6, 2025
„Навистина не го очекував ова. Во моментов сум во шок. Ова го правам долго време, повеќе од 45 години, и ова е прв пат да освојам нешто како актерка и сум само толку понизна и толку благодарна“, започна таа, а потоа се осврна на својата кариера и на она што надминало сè низ годините.
„Пред 30 години, еден продуцент ми рече дека сум безначајна актерка, тоа значеше дека можам да снимам успешни филмови кои ќе заработат многу пари, но дека нема да ме препознаат и верував во тоа“, рече таа, совладана од емоции.
„И тоа на крајот ме изглода до тој степен што пред неколку години помислив дека можеби – ова е тоа. Можеби го направив тоа што требаше да го направам. И кога стигнав до дното, на мојата маса наиде ова магично, смело, необично, апсолутно лудо сценарио наречено The Supstance“.
„Универзумот ми кажа дека не сум завршила“, рече таа и се заблагодари на режисерката и сценаристката на филмот Корали Фаргит за укажаната доверба, како и на целиот нејзин тим, од кои многумина се со неа повеќе од 30 години и кој ја поддржуваше и кога не верувала во себе.
Забава
(Видео) „Вулгарно е“: На луѓето не им се допадна фустанот на Хајди Клум на Златните глобуси
Поранешната манекенка Хајди Клум (51) присуствуваше на доделувањето на Златните глобуси во Лос Анџелес, придружувана од нејзиниот 16 години помлад сопруг, германскиот музичар Том Каулиц (35).
Хајди се прошета на црвениот тепих во зелен лелеав фустан, кој го истакна нејзиното деколте, но нејзиниот моден избор не им се допадна на многу корисници на социјалните мрежи.
„Кој и го направи ова, да не го повтори“, „Превулгарно за ваков настан“, „Толку убаво облечени жени, а таа е никаква…“, беа коментарите на социјалните мрежи.
„Таа е прекрасна, но фустанот не е. Овие преголеми шлицови се бескорисни“, беше друг коментар.