Црна хроника
Татко си го убил синот со ловџиска пушка, па седел покрај телото во станот додека не ги пронашле

Обвинителството донесе наредба за спроведување истражна постапка против 65-годишен тетовец за кого постои сомневање дека го убил својот син.
Според информациите на Обвинителството, тој го убил својот 39-годишен син со ловџиска пушка. Двајцата живееле заедно, а на убиството претходела расправија.
Куршумот го погодил синот во градниот кош и тој веднаш починал, а таткото седел во станот со безживотното тело на починатиот додека не ги пронашле.
Се бара притвор за 65-годишникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден велосипедист од Радовиш, бил удрен од „мерцедес“

Вчера околу 11:15 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на булеварот „Александар Македонски“ во Радовиш се случила сообраќајна несреќа во која учествувале велосипед управуван од 68-годишниот Д.М. од Радовиш и патничко возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Р.А.(36) од Радовиш.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш.
Црна хроника
Син истепал татко, брат нападнал сестра: два случаи на семејно насилство во Кисела Вода

На 07.10.2025 во 11:21 часот во СВР Скопје, 68-годишен маж пријави дека во домот на подрачјето на Кисела Вода, неговиот 35-годишен син физички го нападнал и оштетил дел од покуќнината.
Вчера во 09:18 часот во СВР Скопје, 50-годишен маж пријави дека околу 08:30 часот во домот на подрачјето на Кисела Вода, неговата малолетна ќерка била физички нападната од неговиот малолетен син.
Полицијата презема мерки за расчистување на случаите
Црна хроника
Кривична против тетовец: заградил парцела во државна сопственост и ја користел како паркинг место за автомобили

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 53-годишниот Н.Х. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.
Пријавениот во село Сараќино, тетовско, заградил катастарска парцела во државна сопственост и ја користел како паркинг место за автомобили.