Свет
(Видео) Северна Кореја тестираше хиперсонична ракета: „Лета 12 пати побрзо од звукот“
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го надгледуваше успешното тестирање на новата суперсонична балистичка ракета со среден дострел, објави државната новинска агенција КЦНА, која сподели и видео од тестот.
Ракетата прелета околу 1.500 километри со брзина 12 пати поголема од брзината на звукот и достигна максимална височина од речиси 100 километри пред да слета токму на својата цел долж источниот брег, се вели во соопштението.
Footage aired by North Korean broadcaster KRT shows what the country says is a successful launch of a new intermediate-range hypersonic ballistic missile (IRBM) test. It comes just days before the US President-elect Donald Trump returns to office.#NorthKorea #US #Trump pic.twitter.com/vVwdOfGdlL
— Al Arabiya English (@AlArabiya_Eng) January 7, 2025
Во моторот на ракетата се користени нови композитни материјали од јаглеродни влакна, а проектилот може „ефикасно да навлезе во секоја густа одбранбена бариера и да му нанесе сериозен воен удар на непријателот“, нагласи КЦНА.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Сите мораме да направиме се за да обезбедиме Украина да ја продолжи својата борба
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави денеска, пред почетокот на состанокот на Контакт групата за помош на Украина, предводена од Соединетите Американски Држави, во Германија, дека земјите од Алијансата мора да направат се што е можно за да и дозволат на Украина да продолжи со своите вооружени акции.
„Мораме да направиме се што е можно за да и обезбедиме на Украина потребна опрема и обука за продолжување на борбата“, рече Руте.
Тој на средбата истакна дека е клучно да се демонстрира учеството на сите земји од НАТО во давање поддршка на Украина.
Свет
Американската амбасада во Данска по хаосот што го создаде Трамп: „Немаме планови да го зголемиме военото присуство на Гренланд“
Соединетите Американски Држави во моментот не планираат да го зголемат своето воено присуство на Гренланд, изјави портпаролот на американската амбасада во Копенхаген.
Тој го изјави ова откога новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп повторно изрази интерес за присоединување на Гренланд кон САД.
„Немаме планови да го зголемиме сегашното американско воено присуство на Гренланд“, изјави портпаролот за „Ројтерс“.
Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен изјави вчера дека Данска е отворена за дијалог со Трамп во врска со безбедносните прашања на Гренланд, но рече дека е малку веројатно Гренланд некогаш да стане дел од САД.
Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами рече дека е уверен оти новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе признае оти Гренланд е дел од Кралството Данска, иако тој призна дека реториката на Трамп понекогаш може да биде дестабилизирачка.
Зборувајќи за Радио Би-би-си, Лами рече дека од првиот мандат на Трамп било јасно дека интензитетот на неговата реторика и непредвидливоста на неговите изјави понекогаш може да предизвикаат нестабилност.
На прашањето за намерите на Трамп да го направи Гренланд дел од САД, Лами рече дека, според него, Трамп е фокусиран на неговите прашања за Русија и Кина на Арктикот, како и за националната економска безбедност.
„Сигурен сум дека Трамп смета оти Гренланд е дел од Кралството Данска“, рече Лами.
Свет
Русија за Гренланд: Арктикот е наш интерес, внимателно ги следиме драматичните изјави на Трамп
Соединетите Американски Држави немаат тековни планови да го зголемат своето воено присуство на Гренланд, соопшти американската амбасада во Копенхаген откога идниот американски претседател Доналд Трамп го обнови интересот за преземање на арктичкиот остров.
Кремљ објави дека многу внимателно ја следи драматичната реторика на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој се закани со анексија на Гренланд, данска територија географски лоцирана на Арктикот, каде што Русија има предност.
„Арктикот е област на нашите национални интереси, ние многу внимателно го следиме прилично драматичниот развој на ситуацијата, која, фала богу, досега остана на ниво на изјави“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека Русија сака да ги одржи мирот и стабилноста таму.
Трамп, кој ќе ја преземе должноста на 20 јануари, оваа недела рече дека американската контрола на стратешки важниот арктички остров е апсолутна неопходност и дека не ја исклучува употребата на воена или економска акција.
„Нема планови за зголемување на сегашното воено присуство на САД на Гренланд“, изјави портпаролот на амбасадата за „Ројтерс“. „Ќе продолжиме тесно да работиме со Копенхаген за да се осигуриме дека сите предлози ги задоволуваат нашите заеднички безбедносни потреби.
Гренланд е од клучно значење за американската војска и нејзиниот систем за рано предупредување за балистички ракети имајќи предвид дека низ островот минува најкраткиот пат од Европа до Северна Америка. Американската војска има постојано присуство во воздухопловната база „Питуфику“ во северозападниот дел на Гренланд.