Забава
Почина кучето на Меган Маркл, му посвети објава: „Премногу плачев, уништена сум“
Меган Маркл објави дека нејзиното куче Гај починало.
Војвотката од Сасекс на својот миленик му посвети емотивна објава на „Инстаграм“, во која му се заблагодари за долгогодишната безусловна љубов. Таа објави фотографии, на кои се гледа како Меган го гушка Гај, а тој ужива во гушкањето со принцот Хари.
View this post on Instagram
„Во 2015 година посвоив бигл. Тој беше во засолниште во Кентаки и му дадоа неколку дена живот. Се заљубив во него. Го нарекуваа малечок затоа што беше многу мал и слаб, па го нареков Гај. Ако претходно ме следевте на ‘Инстаграм’, сте виделе многу. Гај беше со мене на Suits кога се свршив (а потоа се омажив), кога станав мајка… Беше тука за мене во тишината и во хаосот“, напиша Меган на социјалната мрежа.
„Со оглед на тоа дека сега ќе го гледате Гај во новата серија, се надевам дека ќе разберете зошто сум толку уништена од загубата. Плачев премногу. Ти благодарам за толку многу години безусловна љубов, драг мој Гај. Ми го исполни мојот живот“, заклучи војвотката од Сасекс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Изгледа како професионалец“: француски булдог ужива во санкање
Францускиот булдог Вригли Ловинс покажа неочекувана љубов кон постуденото време и откри нова страст – санкањето. Неговата радост и вештината додека се спушта и се искачува по ридовите се импресивни.
Видеото објавено на „Инстаграм“ покажува мал француски булдог како сам се санка на ридот изгледајќи како професионалец. Сцената собра повеќе од сто илјади прегледи и воодушеви многубројни гледачи.
View this post on Instagram
„Тој не само што мисли дека е професионалец, навистина е“, се дел од коментарите.
Забава
Џесика Алба се разведува по 17 години брак
Џесика Алба и нејзиниот сопруг Кеш Ворен се разведуваат по 17 години брак, објави ТМЗ.
Двојката неодамна одлучи да ја прекине врската и официјално да се разведе по речиси 17 години брак, изјавија извори за магазинот.
Џесика и Кеш се венчаа во мај 2008 година и имаат три деца: ќерките Хонор (16) и Хевен (13), како и синот Хејс (7).
Тие не ја наведоа причината за разводот, а интересно е што актерката неодамна ги сподели нивните семејни фотографии.
Џесика на неколку неодамнешни јавни појавувања беше фотографирана без венчалниот прстен. Актерката и асистентот на режија се запознаа на сетот на филмот „Фантастична четворка“ во 2004 година.
Тие се свршија во декември 2007 година и се венчаа на приватна церемонија во Беверли Хилс, Калифорнија, следната година кога Џесика беше бремена со нивната најстара ќерка.
Забава
Ладни како мраз: три хороскопски знаци што не дозволуваат ништо да им предизвика стрес
Во зафатен свет, каде стресот често владее, луѓето кои успеваат да задржат мирна и ладна глава во предизвикувачки ситуации се вистинска реткост.
Без разлика дали се работи за деловен хаос, семејни несогласувања или неочекувани пречки, тие знаат да останат смирени и рационални.
Еве под кои хороскопски знаци се родени ваквите личности.
Јарец
Јарците се познати по својата издржливост и рационален пристап кон животот. Кога се соочуваат со предизвици, тие се потпираат на нивните аналитички вештини и трпение. Наместо да паничат, ја анализираат ситуацијата од сите агли и бараат најпрактично решение.
Вага
Вагите се вистински мајстори за балансирање и на личните односи и на секојдневните ситуации. Без разлика на предизвиците, тие остануваат смирени бидејќи се стремат кон внатрешна хармонија. Кога ќе се соочи со конфликт или стрес, Вагата ќе вложи дополнителни напори за да најде компромис или да го врати мирот.
Бик
Биковите се познати по својата непоколебливост и стабилност. Дури и кога околу нив владее хаос, Бикот цврсто стои на земја.
Луѓето родени во овој знак имаат неверојатна дарба да го исклучат стресот и да се фокусираат на она што е навистина важно, без разлика дали тоа е работата, семејството или личниот развој.