Забава
Ладни како мраз: три хороскопски знаци што не дозволуваат ништо да им предизвика стрес
Во зафатен свет, каде стресот често владее, луѓето кои успеваат да задржат мирна и ладна глава во предизвикувачки ситуации се вистинска реткост.
Без разлика дали се работи за деловен хаос, семејни несогласувања или неочекувани пречки, тие знаат да останат смирени и рационални.
Еве под кои хороскопски знаци се родени ваквите личности.
Јарец
Јарците се познати по својата издржливост и рационален пристап кон животот. Кога се соочуваат со предизвици, тие се потпираат на нивните аналитички вештини и трпение. Наместо да паничат, ја анализираат ситуацијата од сите агли и бараат најпрактично решение.
Вага
Вагите се вистински мајстори за балансирање и на личните односи и на секојдневните ситуации. Без разлика на предизвиците, тие остануваат смирени бидејќи се стремат кон внатрешна хармонија. Кога ќе се соочи со конфликт или стрес, Вагата ќе вложи дополнителни напори за да најде компромис или да го врати мирот.
Бик
Биковите се познати по својата непоколебливост и стабилност. Дури и кога околу нив владее хаос, Бикот цврсто стои на земја.
Луѓето родени во овој знак имаат неверојатна дарба да го исклучат стресот и да се фокусираат на она што е навистина важно, без разлика дали тоа е работата, семејството или личниот развој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Смејте се: се активираат дури 80 мускули во телото и делува како 15-минутен тренинг
Дали се насмеавте денес? Ако не сте, имате изговор да почнете да се смеете без некој да ве гледа чудно.
Имено, на 10-ти јануари го славиме Светскиот ден на смеата – ден посветен на радоста, спонтаноста и поврзаноста меѓу луѓето. Смеата е универзална, но и лична – од заразно кикотење до тивка насмевка – затоа што, исто како и отпечатокот од прст, смеата е единствена и открива многу за нас. Овој ден се слави од 1998 година на иницијатива на индискиот лекар Мадан Катарија.
Но, смеата не е само забава – таа е и многу корисна за нашето здравје.
Научно е докажано дека децата се смеат до триста пати на ден, додека возрасните се смеат само околу дваесет пати. Излегува дека колку старееме, толку повеќе забораваме на кратките моменти на радост. И токму овие моменти можат да ја направат разликата.
По само неколку минути смеење, се намалува нивото на кортизол, хормонот на стресот, кој ја ублажува анксиозноста и помага при опуштање, а го зголемува производството на ендорфин, хормонот на среќата. Исто така го стимулира мозокот и ја подобрува концентрацијата, што може да доведе до подобра меморија.
Смеата согорува калории
Освен што ви го подига расположението, смеењето поттикнува физичка активност – десет минути смеење може да согорите и до четириесет калории. Активира дури 80 мускули во телото, вклучително и 17 на лицето. Неколку минути смеење може да имаат сличен ефект како 15 минути вежбање на собен велосипед.
Смеењето со другите дополнително создава чувство на поврзаност, гради меѓусебна доверба и позитивна слика за себе, што придонесува за поголема самодоверба на долг рок.
Забава
Српската актерка Марија Каран евакуирана поради пожарот кој беснее во Лос Анџелес
Српската актерка Марија Каран се огласи на социјалните мрежи откако беше евакуирана поради пожар што се прошири низ Лос Анџелес.
„Добро сме и безбедно евакуирани. Молитви за сите засегнати“, напиша таа на Инстаграм.
Марија се преселила во Лос Анџелес пред околу 15 години за да продолжи кариера во филмската индустрија. Таа глумеше во филмови како што се Assassination Games, Booger Red и The Rite.
Забава
Кејт Мидлтон го слави својот 43 роденден, Вилијам и посвети емотивна објава
Кејт Мидлтон го слави својот 43 роденден.
Во оваа прилика нејзиниот сопруг, принцот Вилијам и посвети емотивна објава.
„На една неверојатна сопруга и жена. Силата што ја покажа изминатава година е извонредна. Џорџ, Шарлот, Луис и јас сме толку горди на тебе. Среќен роденден, Кетрин. Те сакаме. В“, се вели во објавата на Инстаграм.