Македонија
(Видео) Петрушевски: СДС премолчувале за криминалните активности на Груби
СДС додека беа на власт се правеа слепи при очи и глуви при уши. Едноставно најмногу им одговарало да глумат во филмот – не сме од тука кога станувало збор за нивниот коалициски партнер ДУИ, поточно кога станувало збор за Артан Груби, кажа денеска на прес-конференција, Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Mногу е јасно дека во СДС биле свесни за сите криминални активности како за скандалот Лотарија, луксузните објекти, потоа приказните на Груби како автомобилот му го дале на заем да го вози и што уште не.
Сите се свесни дека станува збор за криминални активности. И ако тоа е толку очигледно, а и резултираше неодамна со ставање на Груби на црната листа на САД, знаеле и СДС додека беа со нив во коалиција. Цела јавност знаеше за постапките на Груби, медиумите јавуваа секојдневно, а алармиравме и ние како партија и тоа долг период.
Оттука од СДС премолчувале за криминалните активности на Груби, или едноставно кажано го дозволиле неговото криминално делување.
Очигледно, за молчењето од страна на СДС имало причина, има нешто со што Груби ги држел во раце.
Сега за почеток СДС треба да се извини на целата јавност, на сите граѓани за премолчување на овој криминал, за кражбата на народните пари.
СДС треба и да се охрабри, да ја признае својата сервилност кон ДУИ. СДС ова треба да го направи и за себе, за да прекине да биде партија на уценети политичари на кои единствено им се важни само личните и партиските интереси.
Едноставно е, јавноста треба да знае, а СДС треба да го направи првиот чекор да признае и да се извини на граѓаните“, истакна Петрушевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

