Контакт

Економија

Од полноќ поскапи бензин и дизел

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,00 % во однос на одлуката од 8.01.2025 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,268%, кај дизелот за 1,330%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 1,389% и кај мазутот намалувањето е за 2,436%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,9486%.

Од 14.1.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 45,285 (денари/килограм)

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,426 ден/кг и сега ќе изнесува 45,285 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 14.1.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Економија

Министерката Димитриеска-Кочоска на форумот „Инвисио“ во Виена

Објавено пред

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска и утре учествува на Форумот на Централна и Источна Европа „Инвисио“, кој на едно место обединува клучни чинители од областа на финансиите.

dobivaj vesti na viber

На Форумот, министерката за финансии ќе ги претстави политиките што ги спроведува Владата, кои се темелат на новиот концепт на економски раст заснован на инвестиции, а коишто имаат и позитивно влијание врз одлуките што ги носат инвеститорите. Акцентот ќе биде ставен на реформите и политиките за управување со јавните финансии. Министерката е воведен говорник на Форумот заедно со првиот потпретседател на ЕБОР Јирген Ригтеринк, гувернерот на централната банка на Австрија и член на УО на Европската централна банка, Роберт Холцман , заменик-министерот за финансии на Грузија Екатерина Гунтсатце и регионалниот заменик-претседател за регионот во Меѓународната финансиска корпорација при Светската банка, Алфонсо Гарсија Мора.

Учеството на Форумот „Инвисио“, претходно познат како „Еуромани“, е можност министерката Димитриеска-Кочоска да оствари и повеќе средби со инвеститори, на кои ќе стане збор за проекти што се реализираат и кои допрва треба да се реализираат, а во кои инвеститорите може да најдат интерес. Особено се значајни големите инфраструктурни проекти и проектите во енергетиката.

Форумот е годишен настан кој на едно место спојува професионалци од различни сегменти на финансискиот и банкарскиот сектор и дава можност за информирање за најновите случувања во финснсискиот свет и отворање дискусии за трендовите и иднината на финансиските пазари. На него учествуваат министри за финансии, гувернери на централни банки, претставници на меѓународни финансиски институции, банкарски групации, инвестициски фондови, регионални групации и сл.

Прикажи повеќе...

Економија

Министерството за финансии: Буџетот за 2024 година реализиран во согласност со планираното, 2025 почнува ликвидно и стабилно

Објавено пред

Приходите и расходите во буџетот за 2024 година се реализирани на ниво над 96 %, што е во согласност со планираното во буџетот. Притоа растот на приходите и расходите во однос на претходната година е речиси 10 %, а буџетскиот дефицит е понизок од планираното за 2,5 милијарди денари и е на ниво од 4,4 % од БДП, соопшти Министерството за финансии.

dobivaj vesti na viber

„Вкупните приходи во буџетот за 2024 година се реализирани во износ од 306,3 милијарди денари или 96,3% од планираното. При тоа приходите од даноци и придонеси се реализирани во целост односно 99,7%, додека само од даноци остварувањето е 99,2%. Кај данокот на личен доход има остварување од 101%, данокот на додадена вредност 103,8%, кај данокот на добивка има оставрување од 95,6% и увозните давачки се со остварување од 95,3%.

Реализацијата на приходите во Буџетот е согласно планираното со Ребалансот. Податоците упатуваат на ефикасна наплата на приходите од страна на Управата за јавни приходи и Царинската управа. Така даночните приходи и придонеси се остварени во износ од 283,6 милијарди денари и учествуваат со 92,6% во структурата на вкупните буџетски приходи. Приходите од даноци во 2024 година се остварени во износ од 177,9 милијарди денари и се за 12,8% повисоки споредено со минатата година. Придонесите за социјално осигурување се остварени во износ од 105,7 милијарди денари и истите се за 14,1% повисоки од остварените во 2023 година.

Вкупните расходи во 2024 година се реализирани во износ од 348,5 милијарди денари или 96,1% од годишниот план и се за 9,4% повисоки од буџетските расходи реализирани во 2023 година. Капиталните расходи во 2024 се реализирани во износ од 28,7 милијарди денари или 76,8 % од планираното. За реализација на проектот за изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10-д беа реализирани 4,1 милијарда денари, односно буџетот за 2024 година наменет за тој проект во целост беше остварен. Дополнителни 21,2 милиони денари се реализирани за општинските проекти, како и 165 милиони денари за проекти за подобрување на општинските услуги преку МСИП со заем од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка)и. Расходите за стоки и услуги се реализирани во износ од 22,9 милијарди денари или 88% од планираното. Трансферите кон општините преку блок дотации и дотации по основ на ДДВ се реализирани во износ од 30,9 милијарди денари и се повисоки за околу 3,4 милијарди денари во однос на претходната година, земјоделските субвенции се реализирани во износ од 9,2 милијарди денари и се во целост исплатени.

Особено е важен фактот дека буџетскиот дефицит е реализиран во понизок износ и дека тоа е дел од планот за фискална консолидација.

Буџетскиот дефицит со ребалансот на Буџетот беше проектиран на ниво од 4,9%, а во 2024 година е реализиран буџетски дефицит на ниво од 4,4% од БДП или во апсолутен износ понизок за 2,5 милијарди денари. Исто така и јавниот долг ќе биде понизок од проектираното и најверојатно ќе биде на ниво од 62,2%. Оваа година започнува со ликвидни и стабилни јавни финансии“, се наведува во соопштението на Министерството за финансии.

Прикажи повеќе...

Економија

Белгијците се меѓу најбогатите жители во Европа

Објавено пред

Белгиските жители се меѓу најбогатите во Европа и се значително побогати од просекот во еврозоната, соопшти Националната банка на Белгија (НББ).

dobivaj vesti na viber

Експертите на НББ наведуваат дека вкупното нето-богатство на домаќинствата во Белгија се проценува на 2,8 трилиони евра на крајот на 2022 година, објави „Брисел тајмс“.

Се забележува дека просечното богатство по домаќинство во Белгија е 555.000 евра, што е речиси девет пати повеќе од годишниот приход по домаќинство.

НББ истакнува дека колку повеќе финансиски средства имаат луѓето, толку повеќе имаат избор во однос на потрошувачката и инвестициите.

Во Луксембург, на пример, нето богатството на домаќинството е еквивалентно на 13 годишни приходи на домаќинството.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

Покачување од 30 отсто на платите што почнуваат од 25.010 денари бараат вработените во неколку министерства, ќе штрајкуваат цела недела

Место на пауза, утрово, вработените од неколку министерства во 11 часот излегоа на получасовен штрајк пред Министерството за животна средина...

Македонија1 час

Автомобил специјално конструиран за криење стока: Царината заплени фалсификувани производи, парфеми, облека и обувки

Во соработка со МВР службата за мобилни скенери откри случај во кој автомобил со германски регистарски таблички бил специјално конструиран,...

Македонија2 часа

Судијка од Велес обвинета за фалсификување службена исправа, обвинение и против сопружници – сопственици на синџир аптеки

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против судијка од Основниот суд во Велес, двајца сопружници – сопственици на синџир аптеки,...

Македонија2 часа

СДСМ: На страна сме на работниците, власта да ги зголеми платите и да се потпишат колективните договори

СДСМ го разбира револтот на работниците во јавниот сектор и ги поддржува нивните барања за покачување на платите кои се...

Македонија4 часа

СДС треба да се извини што го толерирале Груби, што не го спречиле кога имале шанса, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Филипче додека беа власт се им дозволија на коалициските партнери ДУИ. СДС и Филипче дозволија криминалот да царува...

Европа5 часа

Ердоган е лидер со најдолг стаж во модерна Турција: тој е во последниот мандат, освен ако има уставни амандмани или предвремени избори

Кандидатурата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за четврти мандат е „на дневен ред“ на владејачката Партија на правдата и...

Свет5 часа

(Видео) Монструозните пожари израмнија цели населби во Лос Анџелес, сега се очекува засилен ветер

Пожарникарите во Лос Анџелес се подготвуваат за силни ветришта во текот на ноќта, налети кои би можеле да разгорат два...

Македонија5 часа

Најстудено утрово на Попова Шапка

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -10 степени, -7 било во Маврови Анови и Крушево, -4...

Свет6 часа

(Видео) Пожарите во Лос Анџелес изгореа област со големина на Вашингтон, пристигнуваат и мексикански пожарникари

Контингент од 72 мексикански пожарникари денеска им се придружија на американските колеги во борбата со шумските пожари кои беснеат во...

Македонија6 часа

Активни забрани за тешки товарни возила на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по...

Свет6 часа

Трамп: Има само една стратегија за ставање крај на војната, набргу се среќавам со Путин

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп утринава изјави дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин „многу брзо“ откако ќе...

Македонија16 часа

Јанкулоска: Борбата за правда продолжува, се надевам дека ќе се утврди кој го вршел прислушкувањето

Задоволна сум од денешната одлука, но борбата за правда ќе продолжи, вели Гордана Јанкулоска поранешната министерка за внатрешни работи, во...

Македонија1 ден

Грујевски и Бошковски добија највисоки казни за „Тврдина“, Гордана Јанкулоска ослободена

Ексразузнавачот Горан Грујевски доби 14 и пол години затвор, а Никола Бошковски – 9 години и 10 месеци во случајот...

Македонија1 ден

Постаро лице заглавено во својот дом во Кочани поради снегот, спасувачките екипи се координираат

Спасувачките екипи се координираат за извлекување постаро лице, кое е заглавено во својот дом од снежните наноси во селото Полаки,...

Свет1 ден

Белешките на мртвите севернокорејски војници откриваат ужасна тактика: „Човечката мамка треба да биде на 7 метри од дронот“

Рачно напишаните белешки пронајдени покрај телата на загинатите севернокорејски војници убиени на бојното поле во областа Курск во Русија откриваат...

Топ1 ден

Велешанец со „опел“ удрил во столб од наплатна станица, двајца повредени

Денеска во СВР Велес било пријавено дека околу 00.06 часот на автопатот Скопје – Велес, на наплатна станица Сопот, патничко...

Македонија1 ден

Се излизга машина за чистење снег, во целосен прекин сообраќајот на патот Гевгелија – Богданци

Машина за чистење снег се излизга на патот Гевлегија-Богданци. Од АМСМ објавија дека сообраќајот е во прекин во двата правци....

Македонија1 ден

„Големата измама на ‘Влен’ за’ Отворен Балкан’: од антинационален проект до стратешко партнерство на Скопје со Белград“, велат од ДУИ

„Додека беа во опозиција, партиите од коалицијата Влен дадоа големо ветување: Првиот ден на власт, ќе ја повлечат Северна Македонија...

Европа1 ден

Зеленски: Добро е што Фицо, конечно, се врати од одморот во луксузен хотел во Виетнам

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека Украина му понудила помош на словачкиот народ за време на периодот на прилагодување на...

Македонија1 ден

Филипче со честитка до Милановиќ: неговата победа е потврда дека граѓаните на Хрватска ги препознаваат и поддржуват социјалдемократските вредности

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче упати честитка до Зоран Милановиќ за неговата убедлива победа во вториот круг од претседателските избори...